Проблемот е и во тоа шо ја и да сакам, не можам тоа да го направам а да би го направила тоа, како што го знам, тој би се лутел.. како мене.
Ако единствена причина поради која мислиш дека не те сака е тоа што излегува со мешано друштво, тогаш треба малку да поработиш на љубомората. Дали те избегнува, не ти пишува, не се јавува, те игнорира, не разговарате... Има нешто такво? Врските не може и никогаш нема да бидат како на почетокот, три години сте заедно, не од вчера. Ако реално не прави ништо со друга девојка, освен што излегуваат како мешано друштво, нема зошто да ти смета тоа. Ти седиш дома постојано и само со него се гледаш и излегуваш? Другарки, другари нешто слабо? Не си го посветувај животот на него, не треба тој да ти биде центар на светот. Имај си свој живот, свои занимации и друштво, не чекај се' од него.
Не гледам проблем во тоа што излегува со друштво, исто како што и ти можеш со твое. Кога се гледате, излезете сите заедно, ако нема ништо не гледам причина зошто не би те запознал со друштвото. Долго сте заедно. Ќе видиш како ќе реагира и како се однесува со нив.
@teddybearho Имав дечко 1г помал, исто беше од друг град но студираше во мојот град. И кога ќе си одеше беше стално излезен со машки со женски со секакви друштва. Ама сите ги знаев кои се и што. 2г бевме во врска. Пред да раскинеме почна кога ќе си оди во неговиот град да е сталнк зафатен да нема време да се слушнеме, да излегува со другар кој пред некое време беше раскинал со девојката и со негови колешки кои се појавуваа од нигде никаде и седеа да не речам како парови кај другар му у стан па излегуваа, за сето тоа време мене ме правеше будала(јас дум љубоморна, нема потреба и сл бла бла) И на крај по некое време да ми каже дека многу ме сакал ама моментално не сакал да биде во врска и да не сме се мачеле и двајцата најдобро било да се разделиме. Го чувствував тоа уште пред да се разделиме дека нешто не е во ред и нешто се случув ама ете не сакав да верувам .Така да ако мислиш дека нешто не е во ред најдобро е да си разговараш.
Кога врската е долга, се менуваат работите, не е како што било на почетокот. Избувнува кога го прашуваш за тие девојки затоа што покажуваш недоверба, непотребна љубомора (мое мислење). А зошто мислиш дека веќе не те сака? Што е сменето?
Еве јас пак ќе глумам вештерка и ќе кажам дека ако стварно нема ништо меѓу него и девојките-не би избувнувал. Ако стварно те сакал ќе покажел на физички начин преку некој љубовен или сладок гест. Ако мислиш дека нема љубов, ваљда си у право.
Види сега,не значи дека ако се дружи со женски дека те изневерува. Јас кога бев со бишвиот не го изневерив ниту еднаш а бев константно во машко-женско друштво. Но, доколку имаш некое чувство дека те изневерува тогаш седни и разговарај со него. Прашај го, зошто сте се оддалечиле, што се случило и како се случило. Но, од една страна вака ќе му покажеш дека не му веруваш па затоа е потребно да му кажеш зошто има намалување во твојата доверба. Исто како што кажа една членка погоре, работите во една врска ( особено подолга ) се менуваат. Еден период ќе сте секој ден заедно, друг ич нема да сте. Ама пак, разговарај со него ( без караници те молам, на смирен начин и цивилизирачки ) и имај на ум дека можеш да му укажеш дека немаш доволно доберба, а со тоа како ќе реагира не знам.
Јас мислам дека чувства не лажат. Ако подолго време ти се чувствуваш како да не те сака исто, тогаш јас мислам дека така и е.Тоа со избувнувањето е еден дел, ама ако и со други постапки така прави да мислиш тогаш така и е.Ти ја разбирам љубомората, секој би осетил некаков сомнеж ако во цела врска немало дружење со женски и сега наеднаш е тоа интезивно а притоа на твое прашање во врска со тоа се избувнува... Јас не би била во врска на далечина.Второ не би била во врска со некој што ми дава причина за било каков сомнеж. Трето кај дава причина уште се лути кога прашуваш...Секоја чест на тие што успеваат во ваква врска, јас не би можела. Разговарај со него, ако те разбере добро ако не , можеби и треба да ја прекинеш врската.
Здраво девојки, некој да ми даде совет како да разговарам со дечко со кој што се гледаме дали сме во врска или само онака а да не бидам грешно сфатена..
Ако односот ви е како во врска, ќе знаеш.. Се гледате во јавност, излегувате често заедно, те запознал со друштво, како го минувате времето заедно...? Инаку најдобро е да си прашаш отворено, нема ништо лошо во тоа. Прашај го да го дефинирате вашиот однос.
Па ќе те сфати така како што ќе го прашаш. Подобро прашај и добиј било каков одговор отколку да се измачуваш сама анализирајќи.
Добро вечер, случајно на нет најдов еден дечко, уште од првиот ден се погодивме со муабет, се чуствував и некако депресивно па ми дојде супер, збориме, исти желби итн, насмеан и да ви кажам, јас по природа сум негативна, не како личност да не знам да се насмеам ама он стално се смееше, весел човек, еднаш му викам аман, што се смееш на све што треба и што не треба?(не беше баш на све ама ете) уште му викам ако тебе ти е розев животот, не ни е на сите, ми вика, мене животот ми е розев што ги изгубив мајка ми и татко ми и што живеам сам и што сите празници сум сам? Леле луѓе не знаев! Јас уште му викам чекај, мајка ми ми ѕвони, пред тоа колку пати ама не знаев не ми кажа, како лошо се почуствував во тој момент почнав да плачам, и вика не, мене не ми треба некоја да ме жали, јас сакам да имам фамилија, како они што беа со мене можеби глупаво од моја страна ама мислам дека на него му треба само некоја девојка за да биде со него, (а не дека се заинтересирал за мене) во тешки моменти и дека сака со некоја ете да има нешто сериозно само за да не е сам, некако од првиот ден многу ми дојде како да се знаеме цел живот, дечково збори се смее, не знам некако се плашам пребрзо се случи ова се, сакам да откријам нешто повеќе, мислам избрзав, кажав на братучедка ме заебава со гатачки неа се и погодувале не ми паѓа на памет. Планирам да зборам со него некое време ама не знам каде води се ова, а таман најдов некој што ми привлече внимание
Пред се, дечкото глупо постапил. Ако не ти ја кажал неговата ситуација до сега, глупо е да те става во незгодна ситуација на карта на сожалување. А дали бара врска само колку да не е сам или не, тоа најдобро ќе ти покаже времето. Не дозволувај да те брза за никакви одлуки или на нешто што ти не си подготвена.
Не знам, не сакам да грешам душа ама сомнителен ми беше многу како да криеше нешто, само го прашав како се случило тоа ми рече не сака да збори и ок јасно ми е, престанав да го прашувам, ама има нешто чудно, ок е да ми одговара некој по однесување и се ама ми вика јас се заљубив во тебе уште одма, сериозно од пораки се заљубил во мене? Цело време ми пишува не се лути, што згрешив и све некои такви пораки, вака фин делува и се тоа ама чуден скроз, некако имам чуство дека нема да се откачам...
Хм. Имаш веќе едно 5-6 црвени знаменца со човеков до сега, а како што те разбрав, не сте се виделе до сега. Размисли си добро, на пораки и пишување не можеш да запознаеш некого како што треба.
Ако сам не ти се отвори за некој личен и чувствителен проблем, ова е стварно awkward ситуација и многу лоша. Многу глупаво шо дошло така до таа ситуација.