јас го сваќам девојчево и знам дека е тешко да оставиш некој..па дури и да те гуши,....ама за све се има решение...само понекогаш решението е потешко и од самата ситуација.. па затоа повеќето од женскиов дел се одлучуваат на чекорот "ке поминам низ тоа, ама не раскинувам"..
Знам сум го поминала тоа, ама некогаш повредни сме си за сами себе одколку за другите, има граници од каде до каде може, не знам негде каде прочитав ама Трендафилка убаво има кажано не се љуби само еднаш, доаѓаат и одат многу љубови, не знам дали нејзиното е толку вредно за да го прифати се тоа.
е баш тоа ме плаши мене "не се љуби само еднаш"..јас си имам зацртано дека се љуби само еднаш и дека никогаш не е како првиот пат (бидејќи нормално кога нешто еднаш си доживеал не е исто) а и не сакам да сакам пак...сакам само тој да ми е единствен..не можам да почнувам се од почеток со друга личност...немам сила веке за такви работи
Душо верувај тоа уште не е ништо,ќе наидат уште поголеми проблеми после,знам точно како ти е.Н е сакаш да го прифатиш дека е таков,а нема да можеш да го смениш ќе станува полошо кај мене барем така беше...Јас се предомислував 100 пати де се каравме де се миревме ама џабе нерви ќе истрошиш Верувај!мојата врска беше сериозна па ја прекинав,а ако не планираш нешто сериозно зошто ги трењираш нервите уште млада си...ќе ти требаат за понатака многу. Уште имам последици од неговата љубомора,тој психички терор вршеше врз мене,некогаш се чудам на мојот памет и смешно ми е зашто сум дозволила такво нешто...уште имам некои чувства но мн.слаби изгледа кај секој останува белег после вистинска љубов,ние се сакавме ДА но таа љубов ако ја продолжевме ќе не уништеше...и на крај само ќе се мразевме еден со друг.ТАКВА ПОСЕСИВНА ЉУБОВ Е МН.ОПАСНА,посебно ако има и многу страст.
Уф Дајмонд, од еднаш и немаш веќе сила? Имаш 19 год. според профилот, треба да си отворена за нови работи, нови упознавања, нови додворувања, флертувања, заљубувања, плачења, оставања, молење... Смени си го мислењето затоа што подоцна во животот ова ќе ти фали. Не ги сфаќај толку трагично работите, и не се љуби само еднаш! Од кадеќе знаеш ако не пробаш. На крај па, ако треба да си со таа личност ќе бидеш. Можеби на 40 год. ќе се разбудиш и ќе ти фали нешто во животот, па тогаш ќе доживуваш втор пубертет. Жалосно е што уште на 16-25 год. се упропастуваат вака млади девојчиња, само еднаш се љубело my ass. Се се заборава верувај. Не ми е поентата да ти солам памет, само драго ќе ми биде ако нешто од ова ти влезе во глава и почнеш да живееш како што сакаш, да дозволиш да те носат емоциите како ветерот. Да правиш што сакаш немислејќи на последици, ако не сега кога... кога ќе бидеш мажена и со деца сигурно не. Апел... да уживаме додека сме млади, без ограничувања, правдања, забрани од дечковци и трпење на нечија друга волја само за да не останеме сами...
И мислам дека тоа не е права љубов т.е. нормална!Себична,посесивна и страсна љубов е тоа,но не дај Боже има случаи и фатално кои завршуваат.Мојот екс ми викаше дека нема да може да поднесе да бидам со друг во животот,дека би ме убил...Јас тоа не го свакав сериозно но од кога ми направи 300 проблеми и скандали за безвезе со другарки и другари и со домашните,,,АБЕ МНОГУ СУМ ПОМИНАЛА и веќе за мене тоа е се познато и неприфатливо.Што не се научив ама тоа Искуство ќе ми биде поука за цел живот.
абе прекрасни сте и вака кога читам коментари си викам "абе јака сум јас...во право се девојкиве" ама кога ке дојде редот face to face ништо ич...знам дека пола од девојките тука оставиле долга врска и искрена љубов зад себе...ама коа ке видам некој шо се во сакаат многу за ПРВ пат и на крај стапуваат во брак и си го чуваат тој брак среќно, си викам па кога можат тие зошто не можам и јас...ке си бидам со тој што сум го засакала за прв пат и ке си останам со него...незнам дали си го мамам умот или стварно ке успеам да сум со него како што замислувам...ама едноставно премногу се надевав на врскава и многу се плашам да не се разочарам..пошо има и повозрасни од мене тука и знаат дека во време на испити, факултети, учење....најтешко е да се разочараш на љубовен план...ти паѓа факултетот во вода и после шо?....ништо ич...
Diamond, будалче токму факултетот треба да ти биде преокупација во моментот. Од една страна ќе си ги земеш сите испити затоа што нема причина зашто да заостануваш, а од друга страна ако се посветиш на нешто друго, како учење се заборава. Колку повеќе слободно време имаш, толку полошо, толку повеќе мислиш си ја преоптоваруваш главата со непотребни работи. Остави ги оние девојки кои еднаш во животот се заљубиле и останале со својата љубов. Тие имале таква среќа таков живот, за тебе поинаков ќе биде. И нема причина зашто на 19 години до толку да се разочаруваш и да мислиш дека нема да има ништо друго, ништо подобро дека тоа е тоа за тебе. Штом не си со некоја личност, значи таа личност не била за тебе едноставно. Кога ќе сретнеш некој друг ќе сфатиш дека сепак може да се сака и некој друг. Тоа е сеедно јас сега да кажам дека е крај со мене бидејќи прекинала мојата повеќе од 8 години врска, која започна кога бев на твојата возраст и беше моја прва врска-врска. Ова е период само, во кој ќе се чувствуваш така како што се чувствуваш. Колку ќе трае зависи од самата тебе. Колку ти ќе дозволиш. А, според мене нема потреба да се затвориш, изолираш во себе си и да мислиш дека тој е целиот твој свет. Посакај му среќа и гради си го својот живот. Не мисли на него. Окупирај си се со факултетот гледај да си ги земеш испитите, да си го постигнеш сето она што ти е зацртано. А, да. Постојат луѓе кои можеби ќе ги сакаш и повеќе одошто си го сакала овој дечко. Ќе доживееш уште милиони други работи, дури и ќе се прашуваш зашто си останала во она претходно, кога не си го имала тоа што го имаш во моментот.
е дефинитивно ке те послушам....стварно може учењето е досадно ама минува време некако...а тоа мене ме јаде...шо поголем дел од времето го поминувам сама..и се затворам и мислам дека ке останам сама....добро е што сеуште не сум паднала во голема депресија...срцка си фала
Дајмонд не побара никаков совет но... ние си почнавме Девојко едноставно биди со некој се додека те прави среќна, потоа продолжи да си ја бараш среќата на друго место и во други нешта
хехе и тоа шо викаш...обично сум затворена и не барам совети само онака ако се почне нешто ке се надоврзам и ке ми се поврзе и мојата приказна и добивам некој корисен совет шо не знам да го искористам...ама стварно не знам шо ми се дешава во последно време...се некој филмови ми се вртат...станав нетрпелива...ми се чини не можам во кожа да си издржам ни една минута...ме мавна некој флеш и мака ми е...незнам зошто..едноставно незнам шо ми се дешава
Како порачани ми дојдоа мислењава.. јас синоќа излегов во кафана - најдобра моја другарка славеше матура за другари и другарки.. Е таму беа и мојот бивши дечко и еден од моите "мувачи". Финтата е во тоа што јас не можам ништо против тоа - тие се во друштвото нејзино..јас поради нив сигурно нема да ја пропуштам вечерта на другарка ми. Плус тоа, рака на срце јас воопшто немав контакт со некој од нив(како што и одамна немам). Но господинот "болна љубомора" си сврза 1000 филма како јас којзнае што да сум направила.. До сабајле по телефон се расправавме, тој плачеше и рикаше како мало дете. Навистина ми падна жал и за момент дури се почувствував виновна дека сум излегла Ова не го прави ни прв а знам ни последен пат нема да му биде.. раскинавме(не знам за до кога), но сум сигурна дека и да продолжиме пак, тој вакви работи ќе памети дури е жив и секогаш ќе ми префрла дека сум излегла.. Па луѓе 18 накај 19 години имам.. баба ми повеќе излегува од мене.. премногу го сакам, 1000% сум сигурна дека и тој мене ме сака и не сакам да го изгубам, но сите разговори ми се потрошија, на секој можен начин пробав да му објаснам. Знам дека се грижи за мене, но ова е веќе психички проблем.. А јас сум единствена од неговите девојки на која вака и правел.. другите не ги сакал и к**от го болел која што прави. Ако нешто не му било по ќеф - ја оставал без објаснување. Со мене е поинаку, но целиме кон различно. Тој по негово мисли дека многу пати ми простувал иако сум грешавала..... за мн работи ми е криво..јас оставив цело друштво, многу ретко излегувам, повеќе сум тажна отколку среќна.. И баш нешто што пишуваше во претходен коментар - пробувам да ја заташкам работата така што сум цело време со него.. но и тоа не е возможно бидејќи учиме во различни градови.. ми нема спас, но сакав да се исповедам. Мајка ми ми вели дека ако има трошка памет ќе сфати дека ја претерува и дека во никој случај не смеам да се заворам дома поради него.. а ако не му дојде паметот - не ме заслужувал..
Ајде совет за Специ Значи со дечко ми сме некаде месец и пол заедно, но во последно време ептен се здружи со две девојчиња и скоро цело време е со нив, додека одевме во школо цели одмори со нив, после школо пак со нив и дури и малку сменет е......Пред три дена го прашувам значи се цитирам самата себе:Да не бркаш некоја од тие двете? Само се насмеа....Инсистирав да ми каже и да не се смее, ми вели можеби тие ма бркаат мене, па после ми вика само другарки ми се Вчера правев муабет со една другарка и истото ми го кажа дека многу време поминува со нив. Исто пред три дена видов дека сум ги имала на фејсбук девојчињава за пријателки и ги гледам приклучени на чет и дечко ми е приклучен ама не ми пишува, намерно чекав да видам дали ќе пише и после можеби повеќе од 1 саат ми пиши и гледам девојчињава повеќе ги нема на чет и така и вчера.....(малку ретардирано е ова што го направив можеби и самата преувеличувам што знам ) Некакош си викам да не преувеличувам премногу, љубомората ме заслепува и си правам некои си филмови Спојлер И од сето ова да не испадне дека Специ и болно љубоморна а?
абе сеа...нека си се дружи тој да не испадне сеа ти да му кажуваш со кого да се дружи ама...нормално е да си љубоморна...и јас би била...ама па и тој не морал да ти се смее можел да ти каже дали има неш или не....али ти терајси твој филм...пробај да не му викаш ниш за нив да се прајш као да не ти е гајле
Ех луди млади години.... Ко себеси да се читам од пред 10 години Имав дечко во средно што многу го сакав , прва љубов ми беше. Одевме 4 месеци, тој беше се во друштво на девојчиња, поготово како во твојот случај две другарки. Јас љубоморна до небо, точно знам како ти е. Ако јас имав 6 часа , тие две пет ( беа во друга паралелка), тој со нив седеше во парк , се зезаа и ме чекаше мене. Јас кога ќе ги видев коса ми се креваше. А тие две ко за инат ја гледаа мојата љубомора, колку и да се обидував да ја сокријам и на нерви ми одеа. Тој на моите прашања во врска со нив одговараше исто како твојот дека му се само и само другарки. Јас не можев да издржам, му раскинав, ама после видов дека се изглупирав многу, бидејќи тој си остана да се дружи со двете и никогаш немаа повеќе од другарство. Едната брзо потоа си фати дечко, дури и разбрав дека дечко ми се познавал со него па и го местел. Затоа мало советче, не избрзувај, контролирај се колку можеш и пробај да ја процениш ситуацијата квалитетно, немој ко мене
Simona7 и јас сум до некаде како твојата ситуација..и мене сите ми зборуваа да не се затварам ради него, да си имам друштво...а и јас како тебе оставив друштво и не излегував...и мене мајка ми истото ми го збори како и девојкиве од Femina дека треба да се насочам на животот и дека ако треба да сум со него ќе бидам...и мене ми е тешко и не сакам да го изгубам..но..пак се зависи од нас...може треба да почнеме малце по малце да обрнуваме внимание на самите себе...да излегуваме (не мислам да бркаме нови дечковци, мислам на дружба со другарки и такви работи). Осаменоста прави многу лоши работи...на крај пак нас беља ке не најде...машко сепак е машко-дружба, женски...и никој ништо нема да им рече..вака или онака ке истуркаат..со нас е поинаку..ние не смееме да се опуштаме и ќе седиме дома ќе цмиздриме ден и ноќ....редно време е да почниме да мислиме на себе..колку што гледам 30% ако не и повеќе од девојкиве на форумов имаат некој сличен проблем.... .
може ли еден совет за мене..со дечко ми одиме околу месец дена во последно време некако ми е чуден..пред да се фатиме беше идеален,прекрасен што не ни помислував дека постои такво дете..телефонот секој ден ми звонеше за да ми го слушне гласот и да ме праша како сум..секој ден ми праќаше љубовни песни во кои сакаше да си искаже неговите чувства..секогаш ме нарекуваше среќо или љубави,и ми кажуваше како едвај издржува еден ден без да ме види...откако се фативме на почетокот беше добро се но потоа некако исчезнаа и љубовните песни и секојдневното те сакам и се..некогаш немаше ни време да ми врати на фејсбук или да ми титне, го чувствувам некако оддалечено од мене...ми кажува дека многу ме сака но некако чудно се однесува....ве молам дајте ми совети
не ме сваќај погрешно но човек што толку те сака нема секој ден да ти КАЖУВА туку ќе ти ДОКАЖУВА..јас одамна не им верувам на машки што секој ден ти викаат на секое слушање ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ ТЕ САКАМ и такви работи...или па шо досаѓа по цел ден на телефони...таквите машки после некое време никаде ги нема (како во твојов случај)...сум гледала многу врски и иако имам 19 години можам да ти кажам дека машко што сака никогаш не кажува дека сака(добро освен во некои ретки моменти-романтични или кога се исповедува на другари) оние вистинските ДОКАЖУВААТ..верувај..а ако не те бара или толку бргу му поминала "бубачката" ич не се ни замарај оти не ни вредел за зборовите шо ги кажувач...а фала богу не сте ни во долга врска така да имаш спас сеуште
Симона детето навистина те сака и се грижи за тебе..тој можеби со тоа што ти вели да не излегуваш многу сака да ти каже дека му е страв дека можеби ќе те изгуби ако запознаеш некој друг на кој ќе му се допаднеш..тој тоа го прави затоа што му значиш и не сака да те изгуби..поарно е да се грижи за тебе отколку да ти рече ми е гајле што сакаш прај со кого сакаш,кога сакаш и до колку сакаш излегувај..доколку би ти рекол така ќе те стаел до знаење дека на него баш му е гајле за тебе..Сигурна сум дека тоа го прави затоа што се грижи и затоа што му значиш
Ве молам да ми помогните со вашите мислења... имам дечко долго време сме во врска веќе 6 години.. но тој студира во др град и поретко се гледаме... пред некое време случајно забелезав како си писува со други и како си вика сонце и си прајќаат бакнези и прегратки... разговарав и ми кажува како ме сака многу како нема ништо направено со никоја ме нема изневерено.. но сепак ме лажиии нели е тоа доволно.... тоа било само текст според него и глупости.... многу ми е тешко нз што да правам нз што да мислам ..што ако продолжи да го прави тоа јас нема да знам нз дали да верувам нз што да правам премногу се чуствивавв тажна и осаменаа.. ве молам советувајте меее ...