Искрено многу детски е ова од негова страна. Како може да се заљуби, а да не сте се виделе? А тоа што не сакал да ти каже за неговите сосема нормално е, зашто не се знаете во живо.
И јас бев на твои години кога се фативме со дечко ми и буквално како мене да ме опиша. Разликите се во тоа што ние сме генерација и што почесто се гледавме, бидејќи учевме заедно во средно. Сакав да и кажам на мајка ми, но се плашев дека ќе ме осудува и се тоа. Собрав храброст некако и една недела се трудев да кажам и на крај останавме дома јас и таа сами и правевме муабет, јас и лежев во скутот и така, ни во очи не ја гледав, само реков "Имам дечко". Многу се плашев од реакцијата, а таа пак почна да се гази од смеење... Праша кој и кога и кажав уште толку почна да се смее. Тоа што ме разочара малку беше тоа што постојано првата година ми викаше дека сум мала и дека е во ред да имам детска љубов. Не можам да речам дека сега сме пораснале или нешто, но еве повеќе од три години сме заедно и постепено и дома почнаа да сфаќаат дека го сакам и дека ете не сум толку мала. Значи јас те советувам да собереш храброст и да им кажеш на твоите. Јас пред да зборувам читав многу по интернет како да и кажам на мајка ми, но на крај врска немаше се тоа што го прочитав. Кога ми излезе од уста и кога почна да се смее ми олесна искрено. Чим една година терате скришум, вреди да пробаш. Не мора да кажуваш дека една година било, кажи дека е од сега брзо. Извини на рефератчево. Ајдее можеш ти!!
А да се видите фејс то фејс? И да не одиш со предрасуди дека е аукврд или дека крие нешто? Сигурно те поканил да се видите, не верувам дека 'ти изјавил љубов' а не те викнал да се видите (тој момент од конверзациите недостига во твојот пост). Мислам дека си овертинкинг во оваа ситуација, рилекс малку. Сите на страт не кажуваме се, но тоа не значи дека криеме, како што ние мажите треба да допреме до вашата интима (нормално ако сакаме) така и вие, не е се грантед од старт. Инаку, да возможно е неговиот наплив на емоции кои си му го предизвикала да го протолкувал како 'се заљубив', може не знаел да се изјасни порезервирано/објективно, во смисла, ме тригна, втф пеперутки ми поминаа... сакам да кажам, не е по дифолт фрик, ама тоа не исклучува можност и да е, хехе. Седнете некаде, направете во живо муабет, доста се криете позади тоа телефоните, погледни го длабоко во очи и види со кого си имаш работа. Ако не те бендисува, тоа е тоа, намали контакт, откачи го. Никој тука нема да може да го процени него во твое име, сите имаме своја перцепција на нештата, што комон, што индивидуално, но во оваа ситуација, твојата перцепција е најважна, или ти ќе живееш некако со него или ти ќе живееш некако без него.
Ќе си го прашаш директно и отворено на што сте. Ако ви оди комуникацијата и ви е убаво и притоа сакате нешто повеќе, зошто не излезете да се видите? Само од пишување ништо не е сигурно.
Можеш да излезеш да се видиш со него и така многу повеќе ќе ти се разјаснат работите. Е сега да ти споделам искуство со еден ваков, дури кога читам помислувам дека е истиот, ама не е затоа што му беа живи родителите. Се запознавме ние во живо во исто друштво со дечкото, и после тоа си одам дома и почна да ми пишува и океј ајде јас од култура му враќав, за после ден-два да ми каже дека се заљубил во мене, мојата реакција беше wtf и се изнасмеав само, после излеговме два пати во живо на кафе и доволно ми беше да сфатам дека е забеган, поточно не знам како да се изразам од оној тип на мажи што мислат дека на женско треба да му кажеш те сакам и она треба во несвес да падне на тоа, или како многу порано со едно те сакам што се земале во брак. После некое време не знам дали имаше и месец си фати девојка и на фејсбук исто со те сакам и слични глупости, па од тоа уште повеќе увидов дека он многу лесно се "заљубува" поточно му е само колку да има некоја до себе и одма се сакаме демек. Со девојката се познавав јас и од кога раскинаа ја прашав онака одоколу зошто и ми кажа дека бил многу љубоморен. Така да оваквите личности не се добри за врска, ама сепак дај му шанса ако сакаш и запознај го во живо, вака само од разговор на чат не можеш да процениш убаво.
Што се прави од кога ќе помине време од "првиот секс" а покасно разбираш дека тоа си го направила со погрешен човек, не си била спремна скроз и се каеш најмногу на свет?
Не си крива. Ти ништо лошо не си кажала, чим ти го кажал тоа сакал да добие реакција од тебе. Ја добил реалцијата што ја сакал. Пази се зошто може да искочи манипулатор, да те накриви за глупости.
Нишо, сигурно неможеш хименот да си го сошиеш назад хаахххаххаха. Идеш даље у живот и ќе пазиш со кој ќе делиш интимни работи Ич да не се каеш пошо без разлика на се, си стекнала добро/лошо искуство кое ќе ти помогне за понатаму
Ништо, било поминало. Нема повеќе враќање. Ќе си се помириш и наредно ќе бидиш по претпазлив. Не е ништо страшно секој греши.
А кој ти има кажано дека е грешка? Ништо во животот не е грешка. Само учиш и се надоградуваш самата себе.
Разбирам. Не е работата само до тоа. Се гадам од самата себе што некад сум имала нешто со тој човек. Ми иде да се мијам со сапуни, со доместоси, со свашта. Ми иде да ослабнам да не личам на човек. Да не бидам иста како тогаш. Се гадам од самата себе. Се чудам како можело некад да ми се свиѓа и да го сакам.
Имаше една поговорка македонска за ова, ама ќе ме банираат хехехе. Шега настрана, ништо. Мораш да продолжиш со животот колку и да се чувствуваш мизерно и како ѓубре во моментот(ѓубре е тој збор, и јас сум се чувствувала така), најди некоја занимација која во поголем дел од денот ќе ти ги окупира мислите и нема да мислиш на тоа, друг пат нема да веруваш толку лесно на луѓето, тоа е доброто во цела ситуација и ќе размислиш добро пред да направиш било каква одлука друг пат. Life must go on, chill.
Епа сеа за инает подобри се како личност, учи нови работи и стекни огромна самодоверба. Тогаш они ќе те сакаат тебе. Нека те теши дека тој период завршил и сега ти следува нова ера.
Си имала секс си видела дека не ти одговара типот и тоа е тоа, ако не пробаше никогаш немаше да знајш, нели? (само да не стани навика хаха)
Ич да не ти е. Сигурно секој муж шо ќе го запознаеш нема да е мед и млеко? Плус, повеќето врски завршуваат со бурен и гаден крај. Така да само уживајте у моментот, шо ќе се деси после тоа нека се деси, важно вам ви било убаво
Што мислите за врска помеѓу девојка во многу добра финансиска состојба и од град и дечко што не толку?