Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Па искрено не би сакала.
    Неќам да плаќам и за него.
    Пола-пола е најдобро, а он ако неможе да си го дозволи тоа, негов проблем.
    Мислам дека треба да се дејтаат луѓе кои имаат слична финансиска состојба затоа што кога тогаш ќе дојде до некој аргумент, а карање за пари е најгрдо нешто.
     
    На Limpan, sunshinebabe, mssuniquee и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.688
    Допаѓања:
    25.280
    Пол:
    Женски
    Плус да не е од град. И мене некако не ми штима ова..
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Ако добро разбрав, девојката е богата и од град, а дечкото е посиромашен. Според мене особено важно во ситуацијава е дали дечкото се труди да работи и да направи нешто од животот, или пак живее од парите на девојката. Ако работи и има некакви приходи, не треба девојката да се гледа како супериорна во однос на него. Друг важен момент е колку има љубов меѓу нив и дали се спремни (особено девојката) на потенцијален живот еден со друг. Ако навистина би живееле заедно, мислам дека е банално да не бидат заедно заради материјална состојба, заедно во добро и во зло, нели?
     
    На sunshinebabe, Luna91, Waverly Raven и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Не дека е проблем од село, туку поголем проблем ќе е дистанцата меѓу вас. Тоа пречи многу, од искуство ти викам, ќе ти спизди.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.200
    Пол:
    Женски
    Сеа ќе те каменуваат за мислењево и ќе почнат проповеди дека парите не се важни. Важни се и тоа многу особено ако дечкото не се ни труди да ја подобри својата финансиска состојба. Не може јас да се убивам од работа за да си обезбедам одредено ниво на живот, а тој да ми дреме по кладилници и државава да не му чини шо нема работа. И уште да зема 100че од дома за ливче…
    @Kimberly11 јас лично не би се нафатила да бидам со некој со пониски примања од моите зашто имам пробано и знам како е. Точно го знам и типот на дечко шо дреме в кладилница и таков шо не дреме баш в кладилница ама не го мрда газот да најде подобро платена работа, а истовремено јас ги покривам трошоците за излегување и сл. додека тој ми води есап колку трошам на лични работи. Тиквата пука кога тогаш макар љубовта и до небо да е.
    Најдобро се функционира кога си на исто ниво.
    Истово мислење важи и во обратниот случај: богат дечко-сиромашна девојка.
    За живеењето на едниот партнер во село би се воздржала од коментар, не сакам никого да навредам.
     
    На Limpan, sunshinebabe, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Очекувано е:lol:
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.688
    Допаѓања:
    25.280
    Пол:
    Женски
    Женски фала ви на сите :)
     
  8. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Ќе се сложам скоро 100%. Не се нафаќам на врска со некој што дреме по кладилници, па и последен да е. Ама ако вложува напори, работи и се бори, тогаш можеби би можела да му даде шанса. Ризик е ама сепак.
    Што се однесува на живеењето во село, разбирам дека е проблем, ама тој не можел да одбере каде ќе се роди. Доколку би имале шанса за тоа, би одбрал и да е богат. Тука мора да се бара компромис.
     
    На raww и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  9. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Скрос оф топик, ама ќе пишам.
    Ич не ми е битно дали партнерот има многу или малку финансии.
    Битно е да ги има колку - толку, да биде вреден и да ме сака!
    Кога ќе ме залапа без јазик ко што има некои...пропелери во грклан, сакам да почувствувам пеперутки, да зрачам! Порано не размислував така, ама вајда со староста умот излапува и приоритетите се менуваат.
     
    На Luna91, buba4e89, Wh@tev3r и 5 други им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.139
    Пол:
    Женски
    Е што компромис ќе правиш, кога сама си кажа, на сиромавиот шанса ќе му дадеш, ама на богатиот шансата веќе му е дадена со тоа што е богат, не мора ти да му ја даваш.. Колку мизерно размислување е ова, на сиромавиот шанса ќе му дадела, за што, за после тоа да му префрлаш дека е виновен што живеете во беда и кај ти биле очите кога си му давала шанса.. Нека, чувај си ја шансата за тебе, ќе му ја дадеш на богат некој, на овој сиромавиот најмалку му треба некоја како тебе да му го загорчува животот..
     
    На arabella_, Snowflake97 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  11. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Парите денес ги има, утре може да дојде на 0. Баш заради ова не треба да го делиш некого на богат или сиромашен. Ако е човек, ако ја сака и ако е она вистинското, зошто да го отфрли затоа што е сиромашен?
     
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.435
    Пол:
    Женски
    Па нема врска, парите се променлива состојба. На почеток јас имав повеќе од дм, а сега откако работи последни месеци има повеќе од мене.
    И не е дека се ти ќе му плаќаш. Најчесто си делиме сметка, најубаво е така. Некогаш знам да платам се јас, некогаш и он, но ниту чекам за он да ми плати кафе, ручек ниту обратно. Лично и во друштво и секаде сум научена да си плати секој свој дел и тоа е тоа.
    Битно е дали има амбиција и се труди да направи нешто сам во животот, нема секој среќа да се роди во поимотни семејства, во нашава држава луѓе почесто за минималец работат и едвај крај со крај врзуваат за жал...
    А и реално гледано уствари фактички што имаме ние на наши години е на нашите, наше лично ништо немаме така да не сум гледала колку пари има некој (уствари неговите зашо збориме за 20 годишни дечки), најбитно двајцата да имаме амбиција за работа и се трудиме, се ќе си дојде на место.
    Друга е ситуацијата ако е некој 30 години и ете дреме по кладилници и казино ко шо викаат, не се труди да мрдне со прст и уште чека по 100че од дома за кафе.
    Ако збориме за 20 годишен студент е друго. Пошо претпоставувам дека се работи за некој наш врсник затоа и ти пишав.
     
    Последна измена: 9 јануари 2022
    На Annath, Luminary, sunshinebabe и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    43.516
    Пол:
    Женски
    Го напрајвте чоекот ко да утре ќе молат за леб или дека не е излезен од кладилница, а ништо не знајме за него.
    Прво ако земам плата од 100.000 пример, не можам да очекувам и тој да зема толку. Поважно е дали сака да работи и на кој начин троши пари.
    Друго, излегување за секој е различен поим. Јас и да имам пари не би одела секој ден по кафани со по три порции јадење. Еднаш неделно, на кафе ми е доволно.
    И трето, зависи на кој начин се стекнати парите, ако сум богата со парите на тате, а неговите се заработени, тогаш е побогат од мене.
    Инаку најчесто пара на пара се лепи, интересите и желбите се правопропорционални на парите, па мислам ретко има иднина кај луѓе со различни финансиски состојби.
     
    На Stressed Out, Annath, flawless. и 21 други им се допаѓа ова.
  14. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    31.554
    Јас кога го запознав дм, не знаев колку има финансиски, ни тој колку плата зема, ни пак дома, ни пак прашувам јас такви работи.
    Почит, љубов, разбирање ако нема, сите пари на свет да ги има џабе.
    Ама секој има различни приоритети и различно гледање.
    Не значи дека ако ти имаш повеќе финансии од него дека ти ќе му плаќаш се и обратно, ако тој има од тебе повеќе финансии. Јас не сакам мене некој да ми плаќа.
    Имаше период кога јас земав повеќе пари од дм, јас останав период без работа, тој период без работа, сега тој зема повеќе плата од мене. Ама во никој период не се смени нашето однесување еден кон друг.
    Така да зависи шо бараш од еден човек, од една врска.
    Ама ако парите, колата се од тато, дедо тогаш не се тие негови пари.
     
    На Annath, flawless., Acronia и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.688
    Допаѓања:
    25.280
    Пол:
    Женски
    Не прашувам за мене. Прашувам за братучетка ми. Она заврши факултет и најде работа и многу добро заработува. Он го имал ставено факултетот во "мирување" и моментално не работи.
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.139
    Пол:
    Женски
    Легач е?
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.186
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Ништо лошо се' додека е вреден, работи, заработува, има доволно за да не се трпи и стиска за ништо и додека не се потпира само на парите на девојката.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Многу малку може да заклучиме за дечкото од ова што го знаеме и секако е неблагодарно да судиме, ама по ова што го напиша изгледа како да не прави ништо со животот. Ова е веќе проблем и треба добро да го процени дечкото.
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.688
    Допаѓања:
    25.280
    Пол:
    Женски
    Иде нешто демек помага на татко му. Ама сам не заработува ништо.
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.435
    Пол:
    Женски
    Ова е сосем друга ситуација веќе. Затоа зависи од многу аспекти, возраст на ликот...
    Можеби немал пари да го плаќа факсот, па затоа го ставил во мирување некој период, можеби е таков карактер итн...
    Најдобро е она да си направи проценка, што и како и одговара.
     
    На buba4e89, Kimberly11 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.