Па најубави кажи му и завршете ја секоја приказна со маж ти. Како би се чувствувала ти ако маж ти се лапа со твојта другарка? Грозно нели? Епа затоа кажи му пред да дознае од друг. Е сеа, дали ќе ти опрости или не тоа е друга тема на маабет.
Да не пукнеш, ме изнасмеа. Таман шпанска серија оваа Ја чувал еј, од што? Да не ја најари некој (така викаа во мое село) Ќе има овде и втора сезона, осеќам
Да ве прашам девојки.. Вашиот бивши дечко без разлика колку месеци или колку год сте биле заедно во врска па повеќе не сте заедно и знаете дека е крај ама не сте лути или да се блок како мали деца... Кога не сте блок а му се ближува роденден , дали ќе му честитате во порака ..?
Не. Уствари зависи во каков однос сте, ако сте пријатели и ако сте во контакт, тогаш да. Имам само еден бивш со кој сме чисто пријатели, нему му честитам и тој мене. Другите не.
Секако дека да, тој е дел од моето минато, некогаш бил дел од мојот живот.. Празници, роденден нормално е да му се честита, тоа што не сте успеале заедно не значи дека треба да се мразите, некој луѓе едноставно не се еден за друг и тоа е во ред.. Наместо да се чувствуваш лошо поради тоа што не сте успеале , биди среќна поради тоа што тоа неуспевање ти отворило прилика да запознаеш некој нов човек..
Да, со еден од бившите останавме така во добри пријателски односи, и еве веќе сум мажена и дете имам ама редовно си честитаме родендени, и на детето му честиташе кога му беше. Нема ништо погрешно во тоа.
Блокот/Бришењето е пола здравје во некои ситуации. Во твојата ако мислиш дека нема погрешно да бидеш разберена, пиши слободно.
Здраво, ќе Ве замолам за совет. Почнав да се гледам пред два месеца со еден дечко што се знаеме уште од средношколските години. Со мене сега за сега, се понаша стварно добро. Првите неколку пати кога отидовме на пијачка, си правевме само муабет и ништо повеќе и ми кажа дека сака да поминеме така одреден период, да се запознаваме. Веќе на четвртиот пат се смувавме. Детето е стварно вредно, културно, си има своја фирма и да не должам. Има една работа што многу ме кочи. Дома има несогласувања со мајка му и сестра му. Тоа ми беше кажано уште на самиот старт од негова страна, за да сум си знаела што и како му се дешава во куќа. Јас од една страна си размислувам дали воопшто да започнам нешто сериозно, кога Дома немаат разбирања. Од друга страна пак, си мислам јас ќе сум со него, а не со неговата фамилија. Но, ете не знам да кажам што е праведно, а што не. Некои совети добро би ми дошле.
Две кратки работи, прво самата си одговори, друго, отвореноста негова треба и тоа како да ја цениш. Типот и покрај негодувањата се одлучил за тебе, енд оф д стори.
Секој има проблеми и несогласувања во животот, но убаво што бил искрен со тебе и ти кажал како стојат работите дома. Правилно си мислиш, ти ќе бидеш со него, не со неговата фамилија. Ако ти е убаво со него, жално е уште незапочнато да не му дадеш шанса.
Мислам дека треба да си терате заедно и понатака. Голем плус за него е тоа што уште во почетокот ти кажал каква му е ситуацијата дома (ова би можело и да значи дека сака нешто посериозно понатаму, па да си спремна на се). Не секоја фамилија живее во хармонија, сите имаат проблеми дома, ама тоа не треба да ве спречи да си бидете заедно.
Дечкото бил отворен и искрен, што за мене е многу позитивно од негова страна. Точно дека ќе бидеш со него, а не со неговата фамилија, а ако тој секогаш е вака искрен и отворен со тебе, нема да имате проблем. Не губи ја шансата за убава врска (а можеби и нешто повеќе)
Колку ги има со несогласувања и неразбирање во семејството, добро е што бил искрен и ти кажал. Не се сите семејни односи совршени, мед и млеко...
Семејни. Уште не знае никој официјално за нас. Тој цело време ми кажува дека ќе си го реши тој проблем, така што сега во најскоро време планира да се отсели, да си купи стан и да живее сам.
Почни си сериозна врска со него. Ми делува дека многу работи ќе бидат јасни набргу и ќе видиш на што сте. Немаш што да изгубиш.