Цела дешавка беше cringe ама ај таква сум ја , патам да се уклопам сегде па се трудев муабет да сврзам и да не делувам као bitch нормално. И општо бев мн смирена личност до скоро, сега веќе воопшто , ама секоја граница ја преминаа.
Вакви хехенца доста се чести особено од постарите генерации, не си го земај при срце. Би те советувал, ова се шо го напиша овде да му го кажеш на дечко ти. Па нека им даде тој до знаење дека претерале.
Традиција ли е, сељачизам ли е? Вечно неодговорено прашање. Да ти текнеше требаше да кажеш, ааа па сега сме модерни, јас ќе го запросам ама понатака, не се брзаме.
Аа да му дадов до знаење , кога претераа и траеше шалава на господата превише време он сам кажа као ќе си одиме ли и станавме , може и малце драма се напраи али буквално малтретирање беше веќе , од цела нова година на секое живели па ајде и (името на синот) да се жени веќе. Јас сум доста лабава не ни верувам у брак нешто превише и он знае тоа , многу нападнато се осеќам , како може моите да имаат осет, еднаш таква работа или што било шо би го напраило да се осеќа неугодно да не кажат, а неговите ова да ми го праат. Нема везе пишав онака да ми кажете дали сум премногу емотивна некад, али гледам оправдано било да се осеќам така.
Џабе .. нема што не кажав(во граници на култура, не сакав да испаднам безобразна) , нив им беше презабавно.
Ништо чудно и намерно да те провоцирале. Ти ги тестирале реакциите како и границите на верност и издржливост. Тие заебанции најчесто не се така 'безболни' ај ти. Да си отвориш четири очи, за секој случај.
Се убаво, ама не се они тие што треба да мислат за таа работа, а уште помалку да ја набедуваат со излитени фори.
Да, ама такви се старите, поконзервативни во смисла да дадат до знаење на некој начин дека те сакаат за невеста итн. Многу пати во минатото се случува дома од старт да знаеш дека не те бендисуваат..
Скроз се согласувам. Знаат дека и јас и синот сме лабави во тој поглед, само не знам кој сакаат да го испровоцираат. Општо сум ладна особа дур некој прв не ми покаже љубов да кажам така , е они изгледа сакаат да им се упикуваат луѓе и да им се лигават. Не бев родена за Македонија али шта чеш
Па не знам , јас сепак мислам како Акронија што кажа дека не е толку наивен муабетов. Со синот колку пати не биле во добри односи и ја коа ќе сум отишла ме гледале под око ко да сум дошла да крадам и сеа наеднаш ајде идеме збор да дадеме… ма немој молим те.
Ти најдобро си знаеш, јас би те советувал да не ги храниш со никакви емоции, биди си ладна итн. Ако ти убо со дечкото живеј си, но имај на мукает во иднина каков живот би планирале, дали би живееле со нив или сами..
Секако ќе живееме сами, сега треба да се преселиме кај и да е во стан посебно. Свадби веридби такви ствари не сакаме ни двајцата. Не ми е јасно зашто вака се мешаат , од моите ни збор немаат кажано ни ништо. Сега ептен ме изнервираа на дешавкава 2 саати да ти е шалата за тоа , па на што личи
Ужас. Ко со сила да те тераат на нешто. Туку ај они што збореле ама зошто дечко ти не изреагирал? Катастрофа. Само на Балканов и со овој менталитет тука уште родители и луѓе напињаат вака да се зема синот/ќерката, па ајде свадба, па што чекате... Боже ме сачувај. Збори со дечко ти за ова, што мисли он за цела ситуација?