Изреагирааа, уште да не изреагираше , со него ќе се испокарав. Буквално станавме дури они сите си седеа и се забављаа за да сфатат дека претерале . Не знам стварно само што беше потребата да направат неугодна да ми биде вечерта….шала еднаш , двапати се кажува..
Ти си нанервирана, преспијај одмори и не му придодавај значење толку. Гледај дечко ти како реагира на овие работи, оти е ако е мамина маза, че си имаш проблеми во иднина.
Thank you soooo much на сите дечки , не очекував сите да ме поддржите. Некогаш сама си мислам дали претерувам пошто не сум класична македонка еве така да кажам , што лета у облаци коа ќе се спомне брак , али секогаш се потврдува дека сум била во право.
Pogreshna reakcija od negova strana. Trebalo da im kazhe deka preterale i deka nemaat oset. Analiziraj kako dechko ti reagira vo vakvi situacii, zashto ako on ostavi na tebe sama da se spravuvash, takov ke bide sekogash i toa voopshto ne e prijatno.
Им кажаа како не им кажа. Прво јас почнав, да можете да дојдете на гости супер , бидејќи цело време јас сум со нив, и стварно океј ми е чисто да ги видам на туѓ терен. После он почна , идете со музиката сами не доаѓам јас , немам прстен , ова она, се пробуваше на заебанција да се тера муабетот за нели да не се навреди никој. После на крај коа си станавме им кажа дека немаат осет многу нормално.
Е ради ова и ред други муабети мразам идење по дома. На толку можности во денешно време ќе седам со неговите и ќе трпам старински глупости…како да не.
Дали ви се има случено роднини на партнерот да ве зафркаваат поради дијалектот? Не знам дали јас сум љутка или навистина е нешто што е лошо ама ми смета. Сега морам цело време да пазам на речникот затоа што на "идната свекрва" некој мој збор и бил толку смешен што мора да го каже на сите..
Партнерот многу ме повреди со една постапка и за да му вратам , го навредив во смисла не со погрдни зборови туку со нешто друго, што не требаше да го кажам.Ама за момент сакав да го повредам до тој степен што го излудив и мислам дека веќе нема да ми прозбори.Мислам дека го разочарав.Лут е , крај ми кажа.6 год сме заедно , под тепих сме сатавале проблемите веќе 1 година и сега ескалира. Не сакам да е крај , од друга страна можеби е и подобро да се разделиме ама јас не сакам да прифатам.Особено поради тоа што сме долго заедно , и ете ескалира јбг.Од една ситница стана крај.Поради ситни проблеми ставани под тепих избувнав јас , па тој а тој ме повреди со една постапка и за да му вратам, да речам со збор мавав таму каде што не смеев.Реков за се друго не викам ништо , за ова ти се извинувам од се срце не сакав да кажам, не мислев, само сакав на некаков начин да те повредам.Ми рече дека е простено ама дека е 100% крај со нас.А од друга страна не ја гледа и вината во него , башка ова што го направив јас. Што да правам?Баш ми е лошо.Не знам како да се справам со ситуацијата.А во последно време и не сум добра психички.
Zavisi toj so shto te povredil, i zavisi ti sho si go povredila. Poslednovo deka ne si ja gleda vinata, pazi mozhe e manipulator pa sekogash i za se ke ti nabiva vina.
Малку нека се смири тензијата од случката, па видете дали можете пак да си дадете шанса... Но, ако тој дефинитивно решил дека е крај, секако со сила тоа не можеш да го смениш. Те сфаќам, долга врска и се тоа, одеднаш да прекине е тешко, но некогаш и крајот на долга врска може да е и големо олеснување. Не ми се допаѓа тоа што си ја минимизира неговата постапка, а за твојата направил толку проблем. Сега ние тука не знаеме точно што е кажано и што се случило, но двајцата сте виновни за кавгата. Можеби едноставно тоа му било разумна причина за крај, сакал одамна да раскине, па ова што се случило го искористил за таа цел, а може и навистина е кажано нешто што премногу го погодило и решил засекогаш поради тоа да ја прекине врската. Остави на времето, со сила и со молење да се смирите ништо не бива, фокусирај се сега на себе, ќе видиш дали ќе те побара, дали ќе имате комуникација деновиве кога сте раскинати, дали ќе имате потреба со тек на време да си дадете пак шанса или едноставно ќе ви е подобро во животот еден без друг...
Па ситуацијата е лоша.Се извинив, знам дека јас не морав да кажам така.Ама ете јбг , сакав да го повредам.Детски работи ама ете.Плус не сум добра психички и ете бидна. Оставив да се оладиме.Ама мн сум тажна.Беше се океј , и одеднаш вака.Се расправавме 1 саат , си кажувавме проблемите и на крај ескалира.Не знам како да се однесувам сега.
Не си лутка, твојата идна свекрва се обидува да те исмева за дијалектот не знам од кај си аама па и на сите морала да каже кој каков збор си искористила... Свашта значи.
Ако некој ти прај mocking само природно е да не ти е пријатно, па дури и постојано да се преиспитуваш како збораш, да не ти се испушти нешто. И не е добра ситуација. Јас можеби не би зборала со неа пошто е „идна“ свекрва, ама дефинитивно би зборала со партнерот како то прај да ми е непријатно, па да дојдиме до некој договор каде би одела кај него кога таа не е дома или во башка соби - за да се избегни тој момент на непријатност. Ако одите подолго можи и да ѝ се кажи директно неа, ако одите пократко мислам дека да, исправно е да ѝ се кажи, ама мислам дека ќе се налути и то полошо ќе се одрази на тебе. Ако одите подолго мислам дека ќе има поќе разбирање ( ??). Не знам, лично гледиште е и се сведва на то да си разговараш со партнерот, сепак вие си сте приоритет еден на друг. Имај убав ден. Хм. Океј, ќе почнам со ред. Туркање проблеми под тепих евентуално ќе донеси до нивна ескалација. Друг пат обидувајте се со партнер, овој или друг, да барате решенија макар на ситници, или решавајте хипотетички ситуации заедно, на тој начин ќе вежбате комуникација па кога ќе има вистински проблем нема да го ставите под тепих туку ќе имате веќе ефикасна тимска работа за решавање на било кој проблем. Лошо со ескалации е то дека се кажват работи кои не се мислат. Мислам дека е фер да неќи да е заедно ако е толку повреден пошто ќе биди погазвање на силни чувства и лажење како вистина се чувстува. Во смисла, тешко ќе ми е да речам дека сакам некој ако ме повредил толку лошо и ќе се продолжи на стаклени нозе. Исто со тоа што те повредил тебе, дали си спремна да продолжиш и да не го префрлаш, и да не ти го префрла тоа во иднина ако еве, сакаш да сте заедно? Е сега ко ќе се случи ескалација на ситуација, следува деескалација и период на ладење. Ако ти мислиш дека имате иднина, кажи му и него. Дајте си некое време да се среди ситуацијата. Не се гледајте како пар, комуницирајте минимално пријателски и пратете си „вајбо“. Кога ќе сте комотни едни со други можеби има шанси да пробате пак. Ама, ако другата страна го неќи ова - жалам. Годините не се мерило за квалитет на врска. Вистина 6 години се многу, ама нека не те плаши ако се разделите дека тие години ти пропаднаа. Си поминала 6 години со некој, излегуваш со рутина и верувај од прва рака знам колку е то тешко. Ама не е крај. Прво, мемориите кои ти се убај - си ги имаш и натаму. Не ги валкај нив со то како заврши врската. Второ, секој крај е нов почеток и можи ќе најдиш нешто шо ќе те напрај уште посреќна. Имај убав ден.
Жената буквално како да ги мрази сите што не се од Скопје. Летоска не' носеше мене и дечко ми до Охрид со кола кога скроз рандом почна да ми тупи дека сум требала да го сменам говорот, дека пред други луѓе ќе звучело сељачки и дека скопскиот бил најблизок до литературниот со причина... Не знам кое лицемерие е тоа кога маж и исто не е од таму. Потоа на роденденот од дечко ми намерно викна ќерка на нејзина другарка што му се има пуштано и таа буквално седна до него додека јас морав да седнам на другиот крај на масата. Потоа сабајлето ми рече дека приметила дека сум го гледала лошо девојчето и рече "таа доаѓала тука на спиење цел живот и нема да прекине заради тебе" bitch what the fuck
Намерно те с’ска, не и придавај значење. Коа ќе види дека не ја регистрираш ич, ќе прекини. Гледај со дечко ти да ти е убаво, од страна другите не ги тинтри многу многу, за твој мир. Едино можиш да зборниш со дечко ти и да му кажиш шо ти пречи конкретно па тој да превземи нешто. А со неа не се расправај, ќе ти се закачи уште повеќе како пијавица, батали ја.
Иако сум од Скопје и цел живот живеам тука, морам да кажам дека скопскиот е далеку од литературен, оди во Велес, нека оди во Велес да види што е литературно зборување на македонскиот јазик, во Скопје има некој зборови што се користат, толку сељачки звучат, а ни во речник ги нема, друг пат плесни и во лице за ова..
Ги немам слушнато Велешани како зборат, ама сигурна сум дека поради подрачјето би бил многу сличен со литературниот јазик. Јас сум од Тетово ако тоа значи нешто, и изгледа како самиот начин на кој ги акцентирам зборовите (навика, 18 години сум живеела тука) на неа и смета. После сум била србоманка, србизми сум користела како другите дијалекти да немале такви зборови. Мислам океј, има официјални прилики каде треба да се збори литературно, ама не мислам дека морам да се пазам кај дечко ми дома...
Леле Тетоо, имам колега од таму, секогаш се воздржувам да не повторам нешто а многу ми е смешно затоа што знам дека може лошо да биде сфатено, ама не е во ред да се дрзне да ти приговара за дијалектот.