Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Имам многу другарки од Скопје и сме се смееле за некои зборови заедно, најверојатно и на факултет уште малце ќе имам. Ама никој така до сега не направил да се чувствувам, како срам да ми е што сум од таму...
     
  2. Quinzel

    Quinzel Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Периодов ја имам изгубено својата самодоверба, во врска сум и некако губам контрола на врската на некој начин.
    Многу сум брзоплета и ми треба помош и неколку совети од некои девојчиња доколку се расположени да помогнат и да ме хајпнат на некој начин :rofl: - пишете ми
    Зафрканција на страна, не сакам да изгубам нешто заради период на несигурност, збунетост.
    Ќе ми биде од помош разговор.
    Епа…I need my femina big sisters #girlpower(highfive):l:(hollest)
     
    На MarioCasas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Иначе, У тоа скопскиот дијалект ич нема србизми. Важи.
    Да не омаловажуваа толку луѓе од други градови, можеби сѐ ќе беше поинаку. И не е скопскиот најблиску до литературен туку велешкиот. Кажи ѝ го ова следниот пУт коа ќе Искочите у град заедно или коа ќе идете за Охрид да се брцка у езерото.
     
    На christinnn и Billy Idol им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.627
    Допаѓања:
    41.991
    Пол:
    Машки
    Па за што ти приговара... За акцентот. (facepalm) Скопски акцент, преполн со касапење на зборови, издолжување и погрешно акцентирање на 2 слог од позади кај зборови со 3 или повеќе слога.
    Право акцентирање во МК има во Битола и Охрид.
    Дури и тетовскиот подобро ги акцентира зборовите.

    За србизми па да не се зборува... Пола скопски говор им е полн со србизми.
    Ниту скопскиот е литературен дијалект, ниту пак литературниот јазик се заснова на скопскиот дијалект. Охридскиот е поблиску до литературен од Скопскиот.

    Инаку, не, не им смета толку акцентот, колку што им смета тоа што дијалектот ги потсетува на албанскиот говор.
    Јас имав можност одамна да живеам во Скопје, и за брзо време да им го совладам дијалектот. Многу пати бев сведок на исмејување од Скопјани, од тие, старите, кои дедовците им дошле од Скопска Црна Гора, ама ете, затоа што се родени во Скопје мислат дека Господ за м*да го фатиле и сите останати, посебно ние од Западна сме тешки сељаци, опинчари, планинари, и какви се не епитети се наслушав сите овие години.

    Од мое подолгогодишно искуство, да знаеш дека никогаш, ама никогаш нема да те прифати мајка му. Таков тип на "стари Скопјани" секогаш, ама секогаш ќе останат со предрасуди од местото каде што доаѓаш и ќе те гледаат со презир, како да си под нив.

    Мој совет е, како што рече, студираш во Скопје, да се прилагодиш и применуваш скопскиот дијалект во Скопје, или бар литературниот јазик.
    Прво, за тебе. Затоа што каде и да одиш, дали кај нас, или во странство, и планираш да живееш таму, без разлика дали долготрајно или на одредено време треба да се прилагодиш на средината во која што си. Да се претопиш, што се вели.
    Имам колеги и познаници кои живеат во Скопје со години и сеуште си го зборуваат дијалектот. Имав претпоставен од истокот, и си цепеше на Штипски. Требаше 3 пати да го препрашуваш за да се разбереш.
    Второ, баш поради тие потешкотии меѓу разбирањето е пожелно ако ништо друго, да користиш литературен јазик кој нема да открива од каде потекнуваш.

    Јас имав случка со такви "стари Скопјани" кои во мое присуство, незнаејќи од каде сум, ни го исмеваа дијалектот, говорот, крајот. Кога им кажав дека и јас потекнувам од таму, одма почнаа да се правдаат дека не мислеле така, дека јас сум бил друго, сум зборел Скопски. Yeah, sure. :D

    Шака земја сме што се вели, ама клети луѓе сме, село со село се мразат.

    И трето, бенифициите кои ги имаш како локалец. Охрид ако им зборниш на скопски, дупло ќе ти го наплатат такси, пијалок... Ако те слушнат дека си локалец, секаде ќе добиеш попуст. :D
     
    На Veta, Stressed Out, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.510
    Пол:
    Женски
    Ич да не се сменуваш. :!:
    Акцентирањето во Скопје е далеку од точно. Да не зборуваме за србизмите. И сѐ тоа е океј, се додека сите ги сметаме еднакви на себе, без разлика од каде доаѓаат.
    Чист комплекс на повисока вредност, воопшто не се замарај, зборувај си како што си навикната, ако и смета, нејзина работа. :)
     
    На Mikha4, Ani93, Quinzel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Скроз ова, за мене уште кога дознаа дека пола потекло ми е од Лешок, а 100% никој од луѓето што ме исмевале дека "по мајка сум од село" не ни биле таму. Дури ми се случи дечко на другарка, што татко му е од Лазарополе, мене да ме исмејува дека сум живеела во Тетово а он бил од Центар. Живи глупости. Милион и нешто народ сме, а маало со маало се мразиме.
     
    На Luna91, Peanut Butter и Billy Idol им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    41.758
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover сум била исмејувана и за тоа што сум била и од провинција, не само поради дијалектот.
    Никогаш не сум се срамела поради тоа ниту пак сум гледала на други да им угодувам или да променам нешто само за да бидат задоволни.
    Терај си тебе како ти одговара, не на мајка му.
    Не се менувај, на народот никогаш нема да погодиш.
     
    На FroggyLover, Lavender4 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    1.635
    Пол:
    Женски
    Со истото се соочувам со месеци веќе. Се почна откако лицето ми стана хаотично и секое утро се будев со 5-6 нови АКНИ ( не, не претерувам сеуште мака мачам + лузните и флеките стојат.. ). Како тоа да не беше доволно за да ми се сјебе психата и личната перцепција за себе, морав да почнам да пијам хормонска терапија ради пцос. Депресија, анксиозност, лоши трипови постојано, плус дечко ми се најде во нова средина ради работа нормално колеги/колешки.. Имав доста "кризни моменти" да ги наречам, постојано нервозна, напната, правев да се расправаме за глупости.. Но, сфатив дека се ова што се случува и што го чувствувам е минливо и дека кога-тогаш ќе пројде, а дека дечко ми е секогаш тука до мене, најголема поддршка и најдобар другар ми е во се ова.
    Не дозволувај да ти се пореметат твоите чувства и гледања на врската ради нешто што е моментално ради Х причини..
    Тоа е моето искуство, сеуште мака мачам сама со себе, се надевам ти помогнав барем малку :)
     
    На kikikikirika и Quinzel им се допаѓа ова.
  9. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Фала ти :l:
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    Одговор и за @angel4444 да не ве цитирам само.

    Дали има конкретна причина поради која доаѓа несигурноста?
    Не си задоволна со изгледот, комуникацијата не е ко што треба, досадно и монотоно ви е заедно, се карате често?

    Остајте слатките сликички што ги објавуваат паровите по Инста, во секоја врска има понекогаш несигурност. Пробајте со работи што порано не сте ги правеле заедно, заедничко хоби, прошетки, дружење со нови луѓе. А за брзоплетоста, со тек на време ќе се смените. Јас секогаш си го поставувам прашањето "дали ми е поважно да сум во право, или ми е поважна личноста до мене", и така и кога сум во право си преќутувам некогаш во моментот. Не дека си го менувам мислењето, едноставно не го кажувам гласно, тој нека мисли дека сум го сменила и мислам исто ко него. Нека се радува за џабе :D

    @angel4444 зошто да се грижиш? Па тој бил со тебе кога ти било најтешко. Имал разбирање за твоите хормони, треба да си среќна за тоа. И кажи му го тоа, ќе видиш и тебе колку ќе ти олесни.
     
    Последна измена: 14 јануари 2022
  11. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    И јас имам патено од ПЦОС, уште првпат кога добив у 5то. Со години се мачам и сега е боље но сфатив дека најбитна е психата за таква ствар. Сите емоции влијаат врз хормоните и прават се' да е crazy :/ често одлепував и на моите дома и на дечко ми so ik how its like
     
  12. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    801
    Ти дечкото да си го гледаш, а за идната свекрва да не ти чуе. Ќе си живееш со него утре-друг ден, а не со нејзе. Не се нервирај, не ѝ придавај значење, биди си тоа што си. Доволно е да имаш почитување, но не е потребно да ставаш црвен тепих. За девојката што ја носи дома, женава е очајна, па што ли не ќе направи. Носи ги на маникир, почасти ги. :D
     
    На FroggyLover му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.609
    Пол:
    Женски
    @FroggyLover таа госпоџата гарант нема од МК излезено!

    Јас да сум ќе ја провоцирам дека сакам да живеам надвор од МК, кај што има здрав систем и вредности, чист воздух а не во Скопје кај што шетаат магариња по улица и живеат две националности што зборат различни јазици и една со друга од ден на ден се помалку се разбираат.

    Кажи дете кога ќе имам нема ни Скопски ни Охридски да збори, какви се тие сељачки глупости, само англиски!

    А за предрасуди ги има сегде, во провинција слушав дека сум од село оние што се од град, во Скопје оние дека сме биле од провинција, сега во Германија странци сме биле.

    Баш ме заболе! И во градот кај што учев средно бев над децата од градот и финансиски и интелектуално, и во Скопје повеќе од Скопјани што живеат со мамички и реално никогаш не осетиле младински живот, а и во Германија скоро на една и го плеснав! Се буни зошто јас како ауслендер (јас со магистратура она со средно) имам подобра работа од неа што 20 години е во фирмата? Викам ти што си родена тука ако дошло ред јас да сум повеќе од тебе, треба да се запрашаш дали стварно вредиш!

    Така и "свекрва ти", испровоцирај ја меѓу редови демек еј види оваа дошла од Пехчево министерка/докторка стана, луѓе цел живот во Скопје не можат да мрднат на позиција. Ама па и изгледа способна е. Тука следи одговор има врски, ќе кажеш ами шо Скопјанец си па ако не можеш во твојот град врски да си најдеш за да станеш министер или да завршиш медицина, да станеш познат лекар.
     
    На Lavender4, Stark, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.333
    Јас си зборам на битолски.
    Скоро 20 години не живеам Битола и никогаш нема да се откажам од дијалектот.
    За некои може е 'простачки', или 'сељачки', за мене е мојот дијалект, она со кое сум растена, домот со мајка ми и татко ми... љубовта која ја имав таму.

    И ако проба некој да ме иссмева за тоа, ќе си добие и тоа што заслужил и тоа што не заслужил!
     
    На Stressed Out, warrior, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    И јас сум иста како тебе. Мислам единствен начин е некако на дечко ти да му објасниш дека не гледаш потреба од такви собиранки, зближувања итн итн. Има време, цел живот има за тоа, сега стварно нема потреба. Кога работите ќе бидат веќе пресериозни и кога ќе се решите за тој следен чекор тек тогаш мислам дека е правилно она идење по ручеци ова она. Сепак ќе бидете фамилија тогаш.

    Е сега од една страна чим дечко ти е поотворен може нема баш да ја сфати твојата перспектива ама, ако убаво му објасниш може ќе седне дома и со убаво ќе им каже како е ситуацијата и дека нема потреба од такви настани.
    Ама пак, со првиот дечко кога бев, исто одбивав ручеци, вечери, едноставно не се пронаоѓам во такви ситуации, нит јас со неговите да седам нит он со моите, додека е се уште лабава врска. И мислам дека до негде ја изгубив нивната почит со тоа што ги одбивав па едно време мислам дека го буцкаа да ми раскине.

    Ако се навистина фини и добри луѓето може и ќе имаат разбирање. Или пак собери сила барем еднаш седни со нив на вечера, колку да не испадне дека постојано одбиваш.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    21.603
    Пол:
    Женски
    Дечко ми знае добро каков карактер сум, ама на толку долга врска тешко му е да сфати дека сеуште ми е непријатно.:D

    Излеа најдобро е да прифаќам од време на време, да не биди без ич. Ќе соберам храброст.:rofl::rofl:
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.411
    Допаѓања:
    18.056
    Пол:
    Женски
    Треба повеќе да излегуваш во друштво за да се опуштиш, нема друго чаре.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. arabella_

    arabella_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Барем се фини луѓето , увек може бетер.:rofl:
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stjepan

    stjepan Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2018
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Машки
    Немора да прифатиш ти.Зошто едноставно не разговарате отворено со неговите родители на следен ручек/вечера.

    Или посети психолог,дознај зошто баш во нивна присутност имаш анксиозност.Отиди со дечко ти заедно и сите тројца разговарајте како возрасни.
     
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    24.057
    Пол:
    Машки
    Добро луѓе, одма психолог ова она. Еве и јас имам еден тон пријатели, па не се осеќам добро во гужви, сакам мир тишина, едноставно моментално не ми е то то. Има интроверти што сакаат да се такви како шо се, за шо одма психолог?
     
    Последна измена: 16 јануари 2022
    На Dust, mssuniquee, deskarada и 6 други им се допаѓа ова.