Твоево мислење е полно со предрасуди, точно како што ја советуваш членката и посочуваш дека мајката на нејзиниот дечко е сељанка, извини вака ама ти со твоето мислење испаѓаш истото.
А со злобна сељанка како треба да се понашаш ако не сељачки? Сум била во слична ситуација и само тоа помогнало. Луѓе што сакаат да те гледаат од високо може да ги згазиш само ако ги гледаш од уште повисоко. И тоа што го пишав е последната слика што ми остана од Скопје во главата. Пред една недела возев од Ѓорче до Ист гејт преку Кале. Јас тие билборди по патот не ги разбирам. За тие 10 минути два коња на улица, луѓе возат по тротоари, маска мора да носиш не заради Корона, туку што не се дише. Предрасуди се да кажам дека сите Скопјани се вакви или такви а не се, и дека автоматски некој ако доаѓа од Скопје е неспособен. Но не е така. И сум враќала на такви глупи коментари, посебно кога ќе дојдеа во студентски дом. Ама не одма, ќе ги начекам ќе им вратам. На тие што сум им вратила не им текнало уште еднаш да ме навредуваат. Некој пишал како одговор научи скопски или литературен. Литературен да, во институции и на работа, скопски не! Ти што би ја советувала членката? Да ќути? Да раскине со дечкото?
@kikikikirika па секогаш може на фин и културен начин да реши. Нека затера дипломатски членката. Ако тера кавги, ништо нема да реши.
На 22 години и да не одиш да ручаш со неговите, ниту пак он со твоите. Претпоставувам чувствуваш анксиозност, бидејќи истото потсетува на брак, веридба, а тебе ти е рано. А, и не сакам да звучам сурово, додека ти дојде време за мажење, нормално, ако некогаш посакаш, може уште тројца ќе смениш, можеби и не, но навистина нема потреба толкава блискост со неговите. Немаш никаков проблем, тоа е дел од твојот карактер. И да речеме, утре и да продолжиш со истиот, а стапите во брак, не мора нон стоп по ручек да се мкнете кај родителите. Освен ако те мрзи, сама да си направиш. Нема правила, нема прописи. Слушај се себе. Ако не ти се оди, не оди.
Па на фин и културен единствен пример ми иде да оди и директно да збори со неа. Ама не верувам дека би помогнало. Жената ставила друга девојка да седи меѓи неа и дечко и, и рекла која си ти да се мешаш. Сепак може да проба така прво, фино и културно. Трета опција е да ја избегнува, ич да не оди таму.
Постов ти вришти на сопствена фрустрација. Магариња шетале, две националности, неспособни сме биле. Ич да не ни доаѓаш, ќе куртулиме.
Извини ако те навредив, беше наменето кон "свекрвата" на членката Скопје си го сакам како свој град, ме болат такви слики, но тоа е. Не можеме да затвараме очи пред вистинската слика. Скопје не е само Центар, мада и таму може ова да се види. Никогаш не сум навредила некој што не ме навредил, баш напротив им кажувам колку ми фали Скопје, иако живеам во странство, и сум од провинција барем еднаш годишно го посетувам Скопје и моите пријатели скопјани. Ама за тоа во тема Скопје и провинција, тука не е местото.
@christinnn единствено ќе се опуштиш ако го правиш тоа што не го можеш. Ако сте веќе долго време заедно, логично е понекогаш да отидеш и на ручек/вечера.Ако избегнуваш дополнително ти се ствара уште поголема анксиозност. Можеби го гледаш тоа многу како официјално па затоа ти создава страв? Најдобро е да си замислиш дека седиш со родители на најдобра другарка, наместо да ги гледаш како свекор/свекрва и да бидеш под притисок.
Повторно јас со моите љубовни проблеми. Ве молам да ми кажете објективно дали сум у право или не. Вчера вечер бевме кај дечко ми дома, се договоривме да гледаме ракомет Србија со Хрватска сметајќи дека ќе ни биде интересно пошо и двајцата навиваме за различни тимови.Со нас седеа заедно и неговата мајка и помал брат, си поминувавме убаво. Се рчкавме постојано на шала како тој навива за едните, јас за другите, па тој чкртнал ливче за да тепаат неговите, јас го подбоцнував дека ќе изгубат, буквално све на шала. Е сеа, седнуваме на маса да вечераме сите заедно. Си муабетев со мајка му, брат му се вклучуваше во конвезрацијата и вечерата си беше све лабаво. Едно време почна дечко ми да пцуе, полна уста го*на за спротивниот тим, пцовки секакви од лоши полоши, ми се обраќаше и мене индиретно као тие шо навиваат за др тим се болни у мозоците, ептен на висок тон. Ми се повраќаше шо го слушав на маса на тој начин да збора. Мене ми дојде непријатно, со таков тон кај мене дома никогаш не се седи на маса и кога се работи за посериозен конфикт, не па за нешо вакво банално како ова. Молчев 5/10 минути и не го рецкав ама на сите ни беше непријатно од атмосферата и високиот тон на дечко ми, мајка му неколку пати го опомена да престане а овој повторно на своето, се дере ли се дере. После тоа ми прекипи, више не можев да поднесам и му реков дека прво ќе навивам за кого сакам, второ не треба толку да се треска од земја пошо не игра татко му и не мора да пцуе и да се нервира за толку неважни работи.Баш убаво си поминувавме пред да почне да урла. Можда моја грешка шо настапив со тој тон, меѓутоа ми стана многу непријатно, а и доста често одам кај него дома, не сум непозната па да се воздржувам што и како ќе кажам, а верувам дека не претерав. Па коа збесна после ова луѓе, не можеше на мајка му да се дере, почна мене. Како сум се осудувала да му кажувам јас на него шо да кажува во неговиот сопствен дом, сум била гостинка, тој ми правел чест шо ме викал а јас сум била безобразна, и тоа све на висок тон со дерење јако. Искоментирав нешто во меѓувреме дека има уште 10тина минути до крај и тој ми рече као шо броиш уште колку време има за да си одиш, што е до мене можеш уште сега да си одиш. Стана од маса, ја лупна чинијата. Недостигаше уште да ме фати за рака и истера од дома. Со мене никој така не се однесувал досега, ама баш никој. Толку лошо ми дојде шо снемав глас да изустам било што, јака тахикардија ме здрма на маса, мислев ќе ми искочи срцето. Ама не сакав да правам сцена пред неговите, издржав и останав на маса. Мајка му цело време му зборуваше, се расправаше со него во моја одбрана, како ја еб*ва атомосферата заради еден спорт и тоа не му се дешавало прв пат, ама џабе. И брат му иако помал, истото му го збореше. Заврши натпреварот и им реков јас си бегам, веќе беше доцна. Не дојде ни да ме испрати. Во салонот дојде мајка му, почна да ме теши и се понуди таа да ме испрати, не сакала да ме пушти така вознемирена. Е тука, колку и да бев цврста, солзите почнаа да ми течат, не можев да се воздржам. Емотивен човек сум многу и тоа што останав на маса без да пуштам глас беше голем напредок. Коа ме слушна дека зборувам со неа, излезе во салон и почна најсељачки да ми се обраќа во сисла шо цмиздреш сеа, шо ти е на тебе проблемот, правиш драми за безвеза. Не можев да издржам више луѓе, ќе рикнев и од срам и од нервоза. Му реков прво како не ти е срам, второ ништо не ти реков остатокот од вечерта. На крај и на убедвање на мајка му дојде да ме испрати. По пат уште лошо се понашаше, урлавме по улица. Јас сум била виновна, која сум била јас да одам дома кај него и да бидам контра тимот шо навива. Еј, замислете луѓе. Толку сум лута шо му реков да не ме бара повеќе, сакам да ми олади глава. Во меѓувреме ми звони постојано. И као поблаг е во понашање, ама повторно јас сум го предизвикала, едно изнини не ми рече за тоа шо се избрукав пред неговите дома. Тој бил во тешка положба, него никој не го разбира и затоа реагирал така, типчно детско ама добропознато негово искупување. Јас не го барам, одмилен ми е. Нешто пукна во мене. Едно е кога јас и тој се расправаме насамо, сосем друго е кога ме прави подолу од го*но пред други луѓе, се осеќам безвредно и мизерно..
Држи си до твоето и не го комуницирај ниту одговарај на повиците. Стави крај и не се врти назад. Ваков човек не ти треба покрај тебе. Животот толку препреки и нервози носи, чим тој за вакви банални работи реагира агресивно за сериозен проблем тешко тебе. Батали тоа недозреаниот, глава горе и терај без него.
Ова не е љубовен проблем, ова е насилство за кое нема друго решение освен да раскинеш. Кога ќе слушнам "ти ме предизвика затоа така ти се дерев" ми доаѓа да си повратам. Немој да игнорираш вакви работи и да стигнете до степен кај што ќе те мава тебе наместо чинијата и да ти вели дека ти си го предизвикала.
Ау ужас. Да прекинеш и да се спасиш од дечково засекогаш. Преку вакво понашање не може да се прејде. Ќе се повтори сигурно пак некогаш. Бегај подалеку од ваков.
Дај ново дете, или како и да беше анегдотата. Кажи му се што ти лежи на душа и стави точка. Сум прекинувала врска и за многу помалку од твоево. Не ти го треба ваков туп и глуп.
Не е нормално вакво однесување од страна на дечко ти. Јас да сум би размислила дали би продолжила врска со ваков човек.
Како и што мислев.. А во одреден момент се чувствував и јас виновна, као зошто го реков тоа што го реков, можев да го истрпам да се истуши на телевизорот без да коментирам.
Хипотетички гледано и отприлика ми е познато ова однесување, во иднина би се истушил на тебе и ти че бидиш пак крива, иако помодрена во око.
Така почнува насилството. Можев да поќутам, можев да не го нервирам, можев да не носам кратко. Секој е одговорен да си контролира сопствена емоција, не треба ти да го пазиш да не се изнервира. Подалеку девојче.
Немој никогаш, ама никогаш да викаш дека ти си виновна затоа што не си ќутела, секој има право да каже што мисли, да навива за кого сака, да носи што сака, и никој нема право да ти се однесува вака и да ти прави стрес и да се чувствуваш омаловажено и понижено поради него.. Ако не се цениш сама, никој нема да го стори тоа за тебе..