Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Пиши ми.
     
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.878
    Допаѓања:
    183.295
    Пол:
    Женски
    Искрено, да ми беше другарка ќе пробав да те заштитам од некој со кревко его. Ако сега се налути оти, макар и на мајтап, навиваше за спротивен тим - за шо ќе се налути следно? Ако сега урла и се кара оти, макар и на мајтап, навиваше за спротивен тим - за шо ќе урла и ќе се кара следно? Ако сега вреѓа се и сешто за спротивен тим и навивачите, КАДЕ ТИ СИ ДЕЛ - за шо ќе вреѓа следно во што ти припаѓаш?

    Неќам да бидам таа шо го мафта црвеното знаме и одма мисли на најтемните сценарија ама се почнува со лутење за глупост, урлање и карање за глупост, вреѓање за глупост. Прво и ова е насилство. Прво и ова прај да се осеќаш како срање. Ама кој прај еден вид на насилство, нема проблем да премини и на друг вид на насилство.

    Јас би бегала. Шо подалеку. Би тргнала и другарка моја да бега шо подалеку.

    Обично сметам дека ако за сериозни теми имаме толкави разлики - кон мене нека е срце ама неќам да жртвувам шо ќе мисли за мои пријатели, во иднина мои деца, можеби и роднини. Оти ако имам малтретиран другар, ќе ме боли ако партнерот не е тука да ми поможи во поддршката туку гледа само да го шутни и обвини другарот кога е во болка.

    Ама јас би го прашала: како би се чувстувал ако тој е на негово место? Дали ќе смета дека го заслужува или смета дека пошто не го заслужува нема шанси да му се случи? Ова за жал кај многу е вистина, сме имале многу членки кои оправдувале вакво или такво насилство и сметале дека нив и нивни блиски нема да се случи оти се изнад ситуација и подобри. Его е страшна работа. Ама не е така. И треба да се знај дека насислтво се случва врз жртви кои не си го бараат, безразлика кој пол се.

    Дали ќе ти смета или не, то е на тебе. Сепак ти си бираш партнер. А дали е сексисам, е сексизам.

    За другите работи би ти рекла, ептен зависи, но последната реченица објаснува многу. Ако не можиш да осетиш емоција, макар и да ја има, е проблем. Зошто кога си во врска - сакаш да ја осетиш таа љубов која доаѓа од врската. И природно е да сакаш да ја осетиш та љубов. Башка 3 месеци би требало уште да сте во honeymoon фаза и да ја осетиш та емоција. Јас би зборала со него и би му кажала шо осеќам и шо не осеќам и кај сум јас емоционално. Можи се воздржва, можи се срами, можи се плаши. А можи и не осеќа нешто подлабоко. Не му сме во кожа и не можиме да ти кажиме ништо со сигурност зошто не сме твојот партнер.

    Убав ден и со среќа на трите.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да добијам мислење од вас. Се запознав со еден дечко онлајн пред скоро една година, имавме нормален муабет околу некои теми и бевме само пријатели и ништо друго. Последниве два месеци се зближивме повеќе но ми изгледа дека тој не е некој стабилен или премногу лесно фаќа feelings за некого. Станува збор за возрасна личност која има 25 години, но почна да фантазира за нас иако сеуште се немаме запознаено во живо. Знае дека ми се допаѓа но почна многу да се залетува, на пример се договоривме да ме посети следната зима бидејќи не е од Македонија, па така да видиме дали си одговараме за да може ова да прерасне во нешто повеќе. Типот почна секое утро да ми праќа реферати колку сака да ме запознае и ова наше познанство да прерасне во нешто повеќе, исто така на пример ако ме нема извесно време, ме бомбардира со пораки и вели дека многу му фалам. Можно е да се има приврзано малку повеќе за мене но ова е некако претерано.. Го заследив на инстаграм од кај моја другарка намерно затоа што никогаш не спомнал да се заследиме, на неговиот инстаграм следи повеќе девојки и почнав да се сомневам дека он уствари може да се зафркава со мене колку да дојде и да добие нешто од мене. Секакви има.. може сака да седи на две столчиња истовремено:D
     
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Ја имам само едно нешто сватено у животот за врски... кај шо има love bombing... бегај.
     
    На Stressed Out, Hecate, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Се сложувам, но може да објасниш точно зошто? Би сакала да видам дали ни се слични причините.
     
  6. Katherine Manson

    Katherine Manson Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не спомнав дека почна да го копира моето однесување, постојано ми кажува дека исти работи сакаме но приметувам дека тоа не е така, се труди да сака исти работи како мене само за да ми се допадне повеќе. Многу вештачко
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Имам сватено дека прво не се искрени, второ се работи за личности (машки/женски не битно) кои главна цел у животот им е да легнат некого само. ретко кој искрено може за толку краток период на време да се заљуби а уште помалце па ако не те видел у живо нема логика. Трето и да останат со тебе се крајно токсични луѓе, од типот на контролирање и љубомора.
    У кратки црти толку. :D
     
    На GirlRose, Guns N` Roses и Indiegurl им се допаѓа ова.
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.725
    Допаѓања:
    24.056
    Пол:
    Машки
    Јас да сум на твое место како машко и ми прави некоја девојка вака, најпрво че се запрашам што всушност ми се допаѓа кај неа. Овие работи ако ти сметаат на почеток, понатаму x2 че ти сметаат.


    Тоа со инстаграмот и колку жени следел, не коментирам, детско е премногу.
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    8.067
    Пол:
    Машки
    Премногу нападно изгледа ова, а тоа што е нападно, не е добро.
     
  10. Cacii123

    Cacii123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки некое време сум со дечко во врска со кој не бев сигурна дали сакам сериозна врска. Дечкото е многу добар и мил кон мене и убаво ми е со него но постои и друг дечко кој го знам долг период и веќе цела година ми пишува и сака да биде со мене, односно да пробаме да бидеме заедно. Морам да признаам дека ми се допаѓа неговото внимание и убавите зборови кој ми ги кажува но ако го изберам него момчето со кое се гледам ќе биде повредено а јас не го сакам тоа бидејќи ми е жал. И веќе подолго време сум во конфузија и не знам што е најправилно за да направам. Совет ако може.
     
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.409
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Повеќе го повредуваш со тоа што му работиш зад грб. Правилно е да го ослободиш дечкото и да си тераш по својот пат. Не ти е жал да му го трошиш времето за џабе??
     
    На Traveler91 и Сара Лав им се допаѓа ова.
  12. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Ако се мислиш кој да одбереш, одбери го вториот затоа шо ако искрено си го сакала првиот, немаше да го засакаш вториов.
    Лоџик
     
    На cutieee123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cutieee123

    cutieee123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Ни двајцата. Ќе најдеш некој за кој нема да сомневаш дали е правилниот избор.
     
    На Traveler91 и Lavender4 им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Чим се мислиш ни двајцата не се за тебе, не ги мучи.
     
    На Traveler91 и cutieee123 им се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.417
    Допаѓања:
    8.067
    Пол:
    Машки
    Ти и веќе си го повредила, само што тој уште не знае.
     
    На honey.11 и warrior им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.878
    Допаѓања:
    183.295
    Пол:
    Женски
    Поќе ќе го повредиш ако го лажиш или ако си со него од „жал“, а не од вистинска емоција и љубов. Ако не го сакаш само фер е да му кажиш пред да одиш со некој друг, како знак дека во најмала рака дека го почитуваш доволно да раскиниш пред да одиш со друг. Дури и да не беше друг во игра, ако неќеше нешто поќе со него, подобро со време да преќиниш него да го лажиш и тегниш. Ако ти е поинтересен вториот, пробај се. Инаку луѓе раскинуваат, не можиш да должиш љубов само зошто сте пробале. Фер е да раскиниш ако не оди, ако не се заљубиш или ако неќиш посериозно. Поќе се повредува ако лажиш и тегниш со сила зошто мислиш дека ако раскиниш поќе ќе повредиш.
     
    На BlackNight, honey.11, Traveler91 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Незнам ја дали сум психички заостаната ама оака сега, зборевме со дм за партнерки за полуматура кои ни биле ова она. Пред неколку месеци ми вика немав ништо партнерката, сега дознавам дека уствари партнерката му била бивша.
    И за тоа дознав од него деновиве.
    И сега несвесно се сомневам дека има уште нешто што ме "излажал".
    Не ми е гајле што му била бивша пробале неуспеале и тоа ми е океј, криво ми е што не ми кажа одма дека имало нешто меѓу нив.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Може тогаш не бил сигурен дали да ти каже, не знаел како ќе реагираш. И после сватил дека не треба да крие од тебе и ти кажал.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beemo

    Beemo Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Машки
    Не постои фиксна динамика и редослед на настани кога станува збор за врска на далечина. Кога двајца стварно ќе кликнат, тогаш сериозни муабети и реферати со искажување љубов можат да се случат и по само неколку месеци. Ти треба сама да согледаш колку всушност си одговарате и според тоа да ја оправдаш или не неговата посветеност кон тебе.

    Вака од тоа што опиша, има некои показатели каде дечково делува нестабилен во целава ситуација и самото тоа што и ти не си сигурна во него ми укажува дека претерал со додворувањето. Иако оставам простор да му е оправдано и искрено да те сака.

    Би ти советувал да тркнеш до темата за врски на далечина и да го прочиташ постот на BlackAndWhiteSwan, одличен пример за тоа колку брзо можат да се поврзат двајца.
     
  20. Nina0506

    Nina0506 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала ве прашам за мислење. Веќе две години ми се свиѓа ист дечко после скоро година искочивме прв пат но престанавме да збориме и така заврши после некое време искочивме пак и се гледавме некое време додека се гледавме имавме и однос он сакаше да пробаме да бидеме во врска но јас не бев спремна за врска и престанвме да се гледаме но пак зборевме негова бивша девојка почна мене да ме вреѓа и јас престанав да комуницирам со него, он кога и да пробаше да збори со мене јас ќутев. Пред неполна недела ми кажа дека јас сум таа што води инает и до кога ќе терам инает и ми кажа дека кај него во врска со мене не е ништо сменето а знаел и дека и кај мене е така. Пред два дена имаше песна нагласена дека е за мене од дино мерлин да још није престало а денес е искочен со друго девојче а мене не ми е сеедно. Знам дека ако сакам да сменам нешто во нашиов однос треба да разговарам со него ама кога и да решам да разговарам мене нешто како да ми стои во грло да не можам ништо да кажам. Па вие да сте на мое што би направиле дали би разговарале некако со него или би го оставиле да биде со некоја друга?