Не си ми карактер за волку бурни случувања..Најди си некој повлечен без многу бивши а за врска почекај бидејќи дефинитивно уште не си подготвена...Со овој да требало до сега ќе било нешто.Дај можсност за нешто ново без толкаво минато .
Па сега ти си знаеш дали сакаш да бидеш со него или, ние не можеме да ти го кажеме тоа. Ти кажал дека сака да бидете заедно, не знам што повеќе сакаш, да те моли на коленици?? Нормално дека ќе си најде друга, нема да те чека да си играш топло-ладно.
Јас сакам да сум со него, но кога он праша за врска не беше сериозен ни он а јас не бев спремна не спомнав никаде за да ме моли, сакам да ги поправам односите со него но после ова вечерва не знам дали да пробам нешто или да го оставам него да проба со неа за негова среќа. Прашав за мислење бидејќи бев ни навака ни натака, една другарка ми вика дека он не знае што сака и дека му е само за негов кејф а друга ми вика ти си сама крива што сте во ваков во однос и треба да се извиниш. Знам дека сум јас крива и дека згрешив и јад него сеуште го сакам ама после ова дали да пробам да сменам нешто или да го оставам он да проба да биде во среќна врска.
ако други ти го врта памето, че си имаш проблеми ти во животот, вечно нема да знаеш шо да прајш. Размисли и види шо сакаш!
Ах бе девојче, никој нема да ти го донесе на послужавник. Тоа што го сакаш треба сама да си го земеш штом имаш прилика. Во случајов мислам дека си се однесувала доста резервирано, затоа тој си мисли дека не си загреана за него, па нема да те чека, нели, логично. Кажи му што ти лежи на душа, штом сакаш да бидеш со него, не ми е јасно тоа, го сакам а ќе го препуштам на друга, кога и он јасно ти кажал дека сака да биде со тебе. Ќе си направиш сериозен муабет со него, дека и ти сакаш да сте заедно, а не да си играте топло-ладно.
И претходно пишував за проблемот со дечкото... Ама вечерва пукнав не можам повеќе... Се скарав со татко му како требало да се земаме како ќе не подберел двајцата оти губиме време. Значи и ќерка му е колку мене и зет му да го наречам инаку дечко и, е колку син му оти не му вели нив. Ете и тие губа време зошто јас зошто? При секоја кавга се спомнува дека му фали мајка му ми прави да имам грижа на совест. Не дај боже таква болка ама зошто се разбирам тешко е болно е ама зошто. Ами ако се е што сни направиле!?????? И што јакото чудо.. Да не нема жена или маж. Пукам во себе пукам.... Не можам ни крај да ставам ни да се омажам.... На мои 24 год јас да бидам слугинка НЕ!!!!!! Ако му се чека нека чека и ај упм. Морам да се истишам некаде морам затоа овде пишав по малку се прелева чашата
Јас не можам да го сфатам делот зошто си прекинала да комуницираш поради навреди од негова бивша.Ако уште тогаш ти не си успеала да се сносиш со проблем наречен бивши или ете таква случка, според мене ти навистина не си подготвена за врска и сериозни разговори за поголеми проблеми.
Нема разбирачка нема. Дали не сфаќаат или не сакаат не знаам ама ова е претеризам Guns N како што кажа жена му треба... Ќерка му не мора да се мачи да се мажи нека живеј живот јас ако немам гајле.....
Не си троши енергија да се објаснуваш. На крај ништо не може да биде без твоја согласност може на празно да зборуваат до кога сакаат. Ти одбираш дали ќе се замараш или не. Ај уживај си..Нека се нервираат ако им се нервира.
Кажи му на дечкото дека преку глава ти е дојдено , и да му забрани на таткото да те замара со глупости
Тоа се луѓе себични што мислат само на себе и своите потреби, да им беше гајле немаше да бидат толку нападни, ќе се обидеа да разберат.
Правено е муабет... Човекот за тоа живее.... А јас.... Од бес од тага не знаам како да го опишам чувството ми иди да плачам
Ти му велиш мојве не се спремни за свадби финансиски тие ти велат ее море ние ако треба кредит ќе крениме... А кредитот треба да се врати или не за се имаат одговор за се
И јас имав слична драма не знам дали ме читаше.. мора дечкото да застане на твоја страна пред таткото. Инакуу 24 години имаш , избегавај го таткото , во незгодни ситуации чим знае да те става нема што да седиш со него. Гледај си се со дечкото надвор или кај тебе дома