Ако не појдам одма кај си оти не идиш... Одбивно ми е одбивно му велам уште еднаш онака татко ти да ми речи крај ќе биди... Ми вели ти секако го измаршира вечерва а што требаше па уште ми вели решен бев да те земам господееее се спасив изгледа....
Дечко, сопруг , партнер треба да ти е најголема подршка за било што. Дури и да не мисли дека си во право, не треба пред други да дозволи да бидеш газена и тормозена. Кој и да ти е ставот ако некој друг тебе те напнува и вознемирува он треба да пресече. Пред да планираш иднина со него запрашај се за поважни работи понатаму како би било. Јас на твое место не би можела. Покрај мене морам да имам некој што ќе скока во моја одбрана секогаш. Ако он не те брани сега, и во брак татко му ќе ви меша прсти и уште повеќе нервози , па деца па ова па она.
Ми иди да му се скарам и нека се мисли тогаш.... Да види дека допрва ќе бара некоја а не да ме притиска за брак.... Разговараш како нормални луѓе а усвари тој те убедува... Трошок било излегувањето вака земени ќе се заштедело.... Ќе било поубаво заедно... Мислам дека татко му го притиска и овај наивен слуша слуша
Тоа е , премногу си млада да исполнуваш туѓи желби за да не ги навредиш. Треба да шеташ да уживаш да искачаш , не ради нивните хирови да се нервираш. Ако продолжи муабетов покрај јасното не од твоја страна и љубов ќе ти се одмили и све.
На смеа му велам свадба не правиме одма скокна ааа како јас ќе организирам се господе ти се жениш јас за тоа живеам... А секогаш вели обврска на човекот е да се ожени и да ги среди децата јас да си го средам тоа па и да умрам ако нема гајле... Не знаам како да го опишам човекот не знаам немам збор соодветен
Си се запрашала некогаш дали си одговарате?Џабе љубов ако за најважните теми како брал, деца, пари, заеднички живот не делите исти ставови...
Штом човекот е толку нападен, не оди кај нив. Ако дечко ти те праша зошто не одиш, ќе му кажеш со убаво дека не можеш да го издржиш повеќе притисокот што ти го вршат и да престанат со тоа затоа што сега не планираш да се мажиш. Доколку продолжат со истото дека ќе биде неминовно да се разделите и тоа е тоа. Ако не разбира скарај му се, не си должна да те тероризираат и да ти прават стресови доколку ти несакаш.
Раскини и објасни ја причината зошто а тоа е преголемиот притисок. Ако те бара и се потруди околу тебе значи стварно те сака и сака да те жени ради тоа. Ако брзо најде замена значи само бара жена за по дома.
Па ако не почитува толку важна одлука, како што е стапувањето во брак, што останува за друго, утре и за други проблеми ќе се однесува исто.
Знам имав таков бифши ко дечкото твој, мене сите сакаат за жена да ме земат Long story short не сфати дека буквално патетичен ми стана веќе . Верувај дека сеа у моментов може и не ти изгледа така амаа огромна е веројатноста дека би била посреќна сингл него со човеков што бара домачица без став.
Од вечерва сме на ладен однос не се слушаме и ретко пишуваме... Се направив слободна на фб... Следен чекор е сликите да ги избришам само му давам време
Ако има во главата.ќе му текне дека не треба да го слуша татко му.Личните обврски сами ќе си ги извршуваат и крај,нема паника да ги фаќа и да прави татко му свадба наместо него. И јас во една тема пишав бидејќи имам проблем со татко ми,и сеуште имам.Едно време и тој сакаше да се женам со една бивша,но ете,размислив дека имам живот пред себе. Од друга страна,ти ќе бидеш робинка.Мајка на твоите деца,на сопругот исто така и негувателка на таткото на сопругот.
Знаеш како е го сакаш а не сакаш крај... Не можам туку така 4 год врска да упропастам Едит веќе е упропастена