Ти си знаеш не е мое да ти ја судам врската...Ама подобро да упропастиш врска сега за понатаму да не се каеш.Мислам дека и сама си свесна дека со човек што е под влијание на родители не се гради иднина.
Дај му време и види дали е со татко му,дали размислува со своја глава или трча како што вели татко му.Доколку се смири и види дека згрешил,врати се.
Чекај бре Што значи тоа ќе ве подберел?! Немој да се мажиш ако не сакаш. Ќе се каеш многу. Тој ден треба да ти е многу убав, не да го поминеш во бес. Никакво мажење за исполнување проекции на друг. А немој па ни случајно да си помислила на тоа да живеете заедно со татко му.
Шо не му рече: “Ожени се ти, ако толку ти треба жена. Јас не сум сега за мажење“ Преку децата да си ги средуваат проблемите бе
Луѓе се разведуваат по многу години брак, ти се грижиш за 4 годишна врска во која си напаѓана од татко му зошто не побрзате со брак и со дечко кој се вози на негов памет, кој не знае или не сака да те подржува. Ако сега е вака во иднина не можам да помислам како би било. Си се спасила, ич не мисли на тие 4 години, млада си.
Дали некогаш си замислила како ќе ти изгледа животот кога ќе стапиш во брак со овој човек? Дали не те плаши иднината со вакво семејство? Ладење односи, бришење слики да видиме како ќе изреагирал...не помагаат. Ако ти си одлучна и не сакаш иднина со него, ќе правите муабет и ќе му кажеш дека повеќе не можеш. Или ќе одлучиш и ќе расчистиш или вака со бесконечноста. Ако мислиш дека оваа 4 годишна врска е здрава и вреди да се жртвуваш, тогаш батали се што ти пишуваме и терај си
Вака, ако не му даваш ти шанса оти неќиш, тогаш остај го нека си излегва со друга. Ако сакаш да бидиш со него „за сериозно“ без она давање лажна надеж, биди со него. Ти ни опиша на долго и на широко тој како се однесува кон тебе, и само со една реченица опиша како ти се осеќаш за него. И то е клучно дали ќе си со некој или не. Не можиме да ти кажиме дали сакаш или неќиш да си со некој. Сакаш или неќиш. Чувство е. Башка си преќинала коментар ради бивша, бараше рачка? Не можиш да се лутиш и да преќинваш однос со партнер оти бившата се налутила. Не се сеќавам за претходно ако си пишала ама према ова шо го пиша ќе ти кажам, ако мислиш дека сака свадба со тебе за да ја замениш мајка му и да бидиш, твои зборови, слугинка, и ти то го неќиш - немој да го прајш. Не носи големи одлуки за кои ќе се каеш претходно. И за ова не зборувај со татко му, зборај со партнерот. Дај му јасно до знаење дека нема да му бидиш мајка и да ја замениш во домот, и можеби најважното - не си спремна за брак и то е многу валидно. Дека ако неќиш нема да прајш нешто со сила. Ако ти врши притисок, да бев на твое место би бегала шо подалеку. Пошто ќе знам дека причината поради која ме бара не е „вистинска“. Партнерот треба да ти е најголема поддршка. Ако не ти е пред брак, нема да ти е ни во брак. Ако сега е на страна на таткото по ова прашање, таткото само ќе си зема за право да се кара зошто знај дека шо и да речиш, син му го има на своја страна.
Колку и да е себично и дрско од мене че кажам, и јас имам почината мајка и сум пораснат од скоро 20тата година без мајка ми дома, па никогаш не сум ја гледал девојката како личност што би ја заменила мајка ми. Тој дечко ти нека порасни малце.
Се што ти не сакаш, не мораш да правиш. Ти најдобро го познаваш, поминуваш време со него, па можеш да прометиш од кои причини форсира. А инаку, со татко му би живееле по венчавка?
Можеби ти така не ја гледаш затоа што не идела да ти помогни за "чистење" (се да исчисти) кога нешто ти се јадело да дојди да ти направи. За тоа не се жалам не ми е проблем ама да ми кажува татко му што не му е местото да се меша тоа нз...
Тој ми е во пакет... Реално за слава нешто за ручек кажува цитирам едно јадење да имам и кафе со кого да се напијам доволно е... Сам си се мести...
Не не... Нема шанса... Ама ете ме мачи овде ми е полесно да кажам на другарки е да кажам одма чути ти барем имаш... Како да е научна фантастика дечко да најдиш... Зошто така сите се тешиме чути трпи... Како од минатиот век да сме... Реално мислам дека тој има 28 и можи паника го фаќа да не се скараме..Плус е рак во хороскоп што и да речиш да кажиш е преемотивно за него...
Епа и ти си ко другарките, ќутиш и трпиш. Пред некое време бараше совети, доби и што примени? Ништо. Ниту раскина, ниту разјасна дека не сакаш да се мажиш. Ништо ич. Мене би ми било срам и овде да напишам дека тапкам во место, срам би ми било и од самата себе што не си ја живеам младоста како сакам туку се тупам за некого кој си гледа само за себе. И да, и јас сум рак во хороскоп ко дечко ти ама никогаш никого не сум му поставила ултиматум да ме ожени или ќе раскинеме.
Нема никаква врска тоа што е рак. Сите сме производ на глупостите на нашите родителите, не хороскопи, ѕвезди и слично. Ти си само 4 год помлада, јас сум од мојот 10, па на 35 не беше женет и не ми правеше никаков притисок, ниеднаш. Мајка му еднаш само сугестија направи да живееме заедно, си доби едно долгометражно објаснување од него да не си замислува работи, а недај Боже да се очекуваше од мене во пакет да ја земам. Него не му правам јадење секој ден, на мајка му и татко му ќе му правам, нема грешка. На 24 години при свет со многу можности, шанса многу луѓе да запознаваш, да уживаш, диломирана си, награди се себе си за трудот, ти ќе се мажиш присилно и на татко му секој ден ручек. Мајка ми не живеела така, а не пак сега девојчиња на 24 години. Бракот е прослава над љубовта, не е докажување на комшиите, не е причина зошто 'време му е', не е причина зошто татко му едно јадење очекува од снаата. Татко му треба сам да се грижи за себе, не е твоја работа ти да го згрижуваш, ни со едно кафе, а не пак јадење, не е причина да го спасуваш од осаменоста, не ми се верува што читам. Возрасни луѓе не си превземаат одговорност за сопствените проблеми, чекаат 24 годишна девојка да дојде и да ги спаси. Од било која причина ако се мажиш, а тоа да не е зошто ти сакаш 100 %, ќе се каеш, сите се покајуваат. И сакала, нејќела, тој бес кога ќе се потсеќаш се што си можела да имаш, а немаш пошто имаш обврски што ги мразиш, ќе ти избие некаде, ќе се расправате за глупости, не ќе сакаш да помислиш на секс со него, едвај ќе чекаш навечер да си легне да спие, ќе се издепримираш на 24 години кога си можела сето тоа да го избегнеш. И на крај може и ќе се разведете, парите за свадба џабе потрошени, кредитите уште ќе се плаќаат.
Има две раце и две нозе за да ги користи, и да исчисти и да направи јадење, не си ти ничија слугинка, не се инвалиди. И мене не ми пречи некогаш ама не до тој степен секогаш на мене да се чека. Иднина со тој човек немаш без разлика колку години сте заедно додека тој се вози на туѓ памет и ги слуша другите а тебе кој те прашува. Нема да си во брак со татко му, туку со партнерот. Размисли си за у иднина, пошто ми мириса дека татко му во се ќе ви се меша. Ма десет години нека се, ако се однесува така од живи ќе го отпишам, па макар последен да е.