Sto znaci ako ste vo vrska skoro 5 godini i vo muabet deckoto vi kaze pa ponataka moze nema da bideme zaedno (imame 26 god). Ne znam kako da go sfatam ova..
Треба да го прашаш што мислел со тоа и зошто така кажал. Не си претпоставувај туку прашај го директно.
Па зависи од контекстот на муабетот. Можеби сакал да каже дека никој не знае што би можело да се деси во иднина.
Па секогаш постои таа опција. Може ќе се скарате, може едниот ќе почине не дај Боже. Колку цепидлачите значи демек готово, со папочна врвца сте врзани ако имате дечко. Крај краева шо не го праша во моментот зошто така рекол?
Ако се гледа заедно со тебе во иднина не би требало ни да помисли тоа да го каже. Требало директно да го прашаш.
Се слагам со членките над мене.Не мора да значи дека го мислел тоа во смисла дека ќе раскинете.Не се знае животот што носи и што ќе биде утре Али ако ти е да не мисли на раскинување.Прашај го директно, ништо не губиш *после твојот риплеј Епа може мислел на тоа, дека не можеме да знаеме што носи иднината Зависи каков ви бил муабетот.Има разлика од онака до ,,онака”
Јас цело време му викам така на дечко ми, еднаш дури му реков и дека би можела и кума да му бидам на свадба, на шега секако, едноставно мојата замисла за иднината и неговата не се совпаѓаат, можеби со тек на време ќе се најдеме негде на пола, ама ако сега немаме исти планови за иднината зашто би му викала дека негде во иднината се гледам со него, нема зашто да го лажам.. Мислам дека на дечко ти моменталната замисла за иднината не не му се поклопува со твојата сегашна замисла за иднината и тоа е сѐ, со тек на време или ќе се смени замислата, или ќе се смени партнерот...
Вака, за почеток тие што мислите дека се зезнам, да ме прескокнете. Почнав да се допишувам со еден дечко, ми се свиѓа, убав вака се се гледаме имаме сериозни теми, ама проб се други раб, на пример, он живее во село, до град има 45мин. (немам ништо против село) меѓутоа јас живеам во центар, работам државна работа (сигурна работа), за разлика од него што работи приватна работа и тоа има договор уште 2 месеца, друго, неколку пати по слики што ми праќа имам приметено дека има доста стари работи дома, ние такви во подрум имаме од времето на баба ми... Пак да кажам, не сум материјалист не сакам вили и слично ама да бидеме реални, со дечково почнав некоја сериозна тема и никако не сум, дали вреди од град и работа на 5 мин да идам во село каде што ќе патувам 45мин до работа? Да почнам од почеток да уредувам работи по куќа? Ја сфаќам дека денеска е тешко за пари и не стигнуваат ама едно по едно може да се направи сепак 21 век сме, не е само човек да се омажи ожени, многу ме ставија овие услови во мисла, што мислите вие?
На оваа тема е доста зборено, но секогаш кога ќе побарате совет кажувате дека морате да одите во село,да живеете. Ништо лично до тебе,со тие стереотипи сами себе се побивате. 21 век сме секој може да скрпи некој денар,да земете кредит и да си купите стан во Скопје. Не можеш однапред да планираш брак,живеачка а уште не сте официјално во врска.
Имам зборено, сестра му има купено стан во Београд не сум упатена ама имам слушнато дека се скапи становите таму, он не сака ни да слушне, едноставно овде и вака било добро, епа мене не ми е, очигледно ќе треба да се откажам од ова се, затоа што се на мој грб е премногу, има ли посебна тема за оваа тема не сум сретнала?
Сосем те разбирам, подобри услови за живот и повеќе перспектива има во град. Но, тој ако сака да живее во село, како би функционирале вие (мислам на брак)?
Ке ти кажам само еден совет што ќе го помтам цел живот од човек што потекнува од скромно семејство а денес е многу успешен кардиолог шо прави стого најтешки операции и тоа во клиники во Америка, Холандија итн. и денес има милиони на сметка. - Не гледај дали дечкото има пари, гледај дали е амбициозен и дали сака да работи. Тој што е амбициозен секогаш ќе успее во животот, пошто ќе се бори што повеќе да заработи. Тој што не е амбициозен а има пари ќе ги изгуби. Поздрав
Тоа што живее во село не е проблем. Ама условите во кои живее и дали ти ќе живееш таму со него зависи од вас. Ако сметаш дека може да се најдете на пола пат во желбите и стилот на живот ок , ако не подобро раскрсти уште сега и готово. Пишуваш сериозни теми сте разговарале, а тоа уредување куки од почеток е нормално за нов пар, мислам на готово и да е било поново дома сигурно ќе си сакала пак по твое да уредуваш, сам ли живее? Ако не дали сметаш дека би можела да живеешво заедница има многу теми за размислување. Ама за тоа е многу рано колку што разбрав. Еве погоре имаш и одличен совет од Лотус грл
Епа тогаш нема дилеми. Он сака исклучиво во село да живее, ти исклучиво во град. Тогаш најдобро секој по свој пат да си тера.
Па добро, Београд е друга тема. Не можеш да планираш и знаеш однапред, може сега сака во село,а подоцна нема да сака. Тоа е само муабет,не се остварило во иднина.
Нема да бидете у врска, ќе бидете у брак. Немора како во 18ти век жената да иде и да живее кај што е мажот. Убаво рече некој погоре уште не сте ни во врска. Почекај, може ќе смени мислење може ќе дојде и ќе живее со тебе. Ама и нема ништо лошо да живееш у село, реално да збориме има некои населби по Скопјево што 45 мин ти требаат до центар, со бус зборам. Ако има он желба да ги смени подрумските работи океј сменете ги заедно, ама немој ти од нигде никаде да се нафаќаш па утре да ти рече "ај иди си".
Здраво девојки, навистина ми е потребен совет... Со еден дечко излегувавме 3 месеци, премногу го засакав (го знам од многу порано), едноставно душата ми остана кај него. Меѓутоа, во една прилика ми кажа дека не можел да гледа ништо сериозно со мене, не можел да се врзува, не бил навикнат на врски. А јас цело време се надевав дека ќе ме засака и ќе бидеме заедно. Многу го сакам. Но секако од кога ми ги кажа тие работи му реков да прекинеме затоа што јас цело време се надевам на нешто што нема да биде и секако ми е тешко. Го молев да не ме бара веќе иако се противеше, најпосле прифати. Не му беше лесно и него воопшто, знам дека му значам, го има покажано тоа на многу начини, меѓутоа не ме сака. Проблемот е што прекинавме, не ме бара веќе, ама јас не можам да се помирам. Го сакам назад, па макар и ништо да не сме како досега, некако деновите без него ми немаат смисла. Иако знам дека еден ден мора да заврши, се си мислам дека и сега ме боли, и тогаш ќе боли. Го побарав синоќа, му кажав дека сакав само да го слушнам, ми се испонаша многу убаво како и секогаш, рече дека треба да спие и толку беше. Не сакам да направам нешто непромислено, но не знам кој пат да го фатам, некако не можам без него. Што би направиле вие на мое место?