Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.333
    Ќе ти помини.
    Од искуство.

    Не мојш никој на сила да го натераш да те сака.
     
    На sunshinebabe, FridaodaMk, Madrugada и 17 други им се допаѓа ова.
  2. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    31.554
    И сама кажа дека тој не сака сериозно, а ти сакаш. Не можи со сила да го натераш некој.
    Ако не сакаш да страдаш после прекини и така веќе си прекинала контакт.
    Се поминува.
     
    На Yeeah, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.217
    Пол:
    Женски
    Без секого се може во животот. Не вреди ти да ги запоставиш сите други работи( факултет, друштво, хоби..) поради некој кој воопшто не е заинтересиран за сериозна врска. Колку побрзо ќе си признеш дека е крај ќе биде подобро за тебе да си го зачуваш достоинството и да си продолжиш со животот. И немој никогаш да молиш некого за внимание.
     
    На cresa-jagoda, Guns N` Roses, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    Не го барај.
    Добро е што бил искрен и ти кажал најотворено, а ти пак дали да го бараш. Ако притискаш само полошо можеш да направиш. Можеби не сака сериозна врска во моментот, не знам колку години имате, но верувај тоа може многу брзо да се смени.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cyclop

    Cyclop Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Машки
    Тргни се од него.
    Не дека тој не е ОК, или дека ставовите негови се лоши, или дека има договор уште 2 месеци, туку дека од сите негови особини и ситуации само за селото, парите и работата напиша. Го почитувам твојот став и гледиште, не мора да се согласам. Но, ако останете заедно тебе постојано ќе те копка дали си направила исправна одлука, и мозокот ќе ти оди во таа насока, да бараш маани наместо да си неутрална или да ги гледаш добрите страни, за на крај се да резултира со колапс, за двајцата. Ако останете, цел живот ќе бидете неисполнети, ако се разделите, опашки ќе ви се влечат.
    Моето мислење е дека не сте еден за друг, во други светови живеете (нема подобар или полош свет) и очигледно двајцата сте 'играчи' на сигурно само, односно сте влегле во зоната на комфорот и мислите селото за едниот и државната работа за другиот се доволни достигнувња, па ужасно тешко ви доаѓа помислата да се изместите од тие позиции.
    Доколку не сте спремни, како личности, да излезете од тие зони, не сте еден за друг, тоа е мое лично мислење.
     
    На Madrugada, Mikha4, boo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.155
    Фала ви на одвоеното време, јас како што веќе кажав, не сум материјалист, не ги гледам луѓето по тоа, не сум ни јас некоја богаташка ниту барам некој богат, ама реални да бидеме не се живее од воздух, не знам некако се пронајдов со дечково и се согласуваме вака ми се свиѓа ама од коњ на магаре што би рекле не е исто, кој колку и да негира и условите треба да се гледаат а не само така, мене не ми е јасно зашто не сака да направиме нешто, што би се нашло некоја средина и јас сум немала пари па собирав едно време и собрав за да поправам нешто што треба, инаку он живее сам, спомнав ако сака нешто да најдеме начин, ете сестра му успеала, он не, како да не во град ќе живеам гужви не знам што... Баш штета ама како што гледам џабе сум губела време ако треба да бидам со некој на кој што ќе му правам јас се.
     
  7. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.509
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако сака да живее во село е заостанат со сфаќања. Има многу поситуирани семејства кои живеат во село отколку во град. Едноставно на некои им одговара тој посмирен живот кој селото го нуди.
    Гледај да има амбиција човекот, да се труди, да сака да го преуреди домот, да напредува.
    Може во иднина и би сменил мислење, различни ситуации не тераат на различни одлуки.
    Денес јас можам да речам не се селам никогаш од град ама за неколку години не знам што би било.
    Е сега ако ти никако не можеш опцијата живеење во село да ја прифатиш под претпоставка дека условите би се подобриле во домот и заедно би придонеле за тоа, тогаш не знам, размисли си.
    Многу е рано за вакви муабети, дај барем неколку месеци шанса, па видете тогаш што и како. Поинаку е кога со скоро запозната нова личност го правиш тој муабет или со постоечки, сериозен партнер.
     
    На Luminary, raww и nevermet18 им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Луѓето во село автобуси немаат, барем тие што се во околината на Скопје, има ретки, а тие што ги има неретко не доаѓаат, или се расипани, или каснат, или еден касни па друг што е после него трга порано за да ги земе патниците кој што чекале па ти што искачаш на време немаш автобус.. После вода, поголем дел од селата околу Скопје вода немаат, се снабдуваат со природни извори кој од Мај до Септември вода за лек немаат, 2 саати во три дена вода пуштаа, не знам дали можеш да се вклопип со другото, ама вода ако немаш да се избањаш не знам како би се вклопила.. После зимно време, патиштата нечистени од снег, оди објаснувај се на работа како два дена нема автобус затоа што општината не го исчистила, нема соодветна механизација.. Нарачуваш нешто, па се јавуваш на телефон и три саати му објаснуваш патот од Центар до кај тебе, локација му праќаш, еден блендер да нарачаш, цел ден треба дома да седиш да го чекаш, замисли да чекаш мебел, бела техника, цела куќа да ја преуредуваш, косата ќе ти побеле од нервоза, иако се уредно имаш платено да ти донесат.. Такси, 400-500 денари ќе ти земе за до дома.. Никогаш повеќе село!!
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Викаш 21 век сме ама битно испланира после мажење да одиш кај него да живееш.
    Штом сме 21 век, а ти побогата од него, земи купи му еден стан во Центар и живејте во него после мажење, што па дечкото да ти се мисли кај ќе живеете.
    Најди му државна работа со врски, кога веќе знаеме дека дали си трудољубив и работлив не игра улога за државна работа, така да фати му врски и него.
    И решен ви е проблемов.
     
    На smooch, Oscar Lady, TheBlackRose и 14 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Доста села сега се повеќе цивилизирани, глупаво е вака да генелизираш.
     
    На Leviosa2503, simoncelicius, Passenger555 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Ти нели беше од провинција, од каде знаеш како е во селата во околина на Скопје?
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Јас од провинција? Јас сум во Скопје родена, си ги измешала лончињата. ;)
     
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.409
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Само се допишувате, а ти веќе се испланира, до мажачка стаса (facepalm).
     
    На Leviosa2503, TheBlackRose, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    24.056
    Пол:
    Машки
    You overthink your overthinking, calm down girl. :D
     
    На Feminka22, Nikolina35 и Elf им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Описов на селово ти е за некое планинско село од Скопска Црна Гора?
    Има село тип 1-цивилизирано и село тип 2-не цивилизирано. Девојката не изнесе детали во какво село живее дечкото. Убаво пиша некој дека има богати фамилии кои што одбрале мир и раат во село да живеат. На тие не им значи дали се на 5 или 15км од центар, кога можат да запалат автомобил и да одат кај сакаат.
     
    На Dust и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Глуво
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.149
    Пол:
    Женски
    Човече. Ти од допишување си направила цел филм.
    Не знаеш ни дали си одговарате еден на друг пред се ама украсите дома се битни.

    Си го трошиш времето и си шравиш сама на себе потешко.
    Никој не е незаменлив и без секого се може.
    Тешко ти е зошто скоро сте прекинале.
    Не се потценувај и не прифаќај помалку од она што ти пружаш и заслужуваш.
     
  18. Paris hilton

    Paris hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2021
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    439
    Да сумма твое место ќе се окупирам со работи што ќе ми го одземат вниманието и нема да мислам толку на него. Пробај да излегуваш со другарките повеќе,учи,читај книга,чисти,оди на шопинг….било што. И избриши му го бројот,блокирај го,избриши ги сите пораки со него.

    Не можеш да натераш некој да те сака. Тоа доваѓа природно. Ќе најдеш до текот на времето друг и исто ќе го сакаш. ( само кога ќе го најдеш тој друг биди сигурна дека не си заљубена веќе во овој првиот)
     
    На Jane.Birkin му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Како бе вака пишуваш хахах па имам роднини таму ми живеат врска нема ова што го пиша.Има вода не знам некогаш да снемало хаха ,зимно време патот е исчистен.Последниве години колку се насели и колку куќи баш таму се направија.И цената да купиш место таму рипна.Имам внуки си идат редовно во школо со автобус,никогаш немале проблем.Имаш кафичи и пицерија,што ќе ти е дури од град да нарачуваш.Ова како го опиша па вака ни пред 10години не беше.
     
    На simoncelicius и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  20. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    2.093
    Пол:
    Женски
    Кога го запознав маж ми беше студент кој живееше со пензијата на мајка му во едно собен стан последно реновиран и среден пред да се земат неговите. Во ни еден момент не се разочарав зошто живее така, зошто го гледав дека е амбициозен учеше и работеше на црно. Кога се вработивме и двајцата, почнавме да живееме заедно и полека, полека да го средуваме станот заеднички. Се земавме и после неколку години го продавме станот, земавме стамбен кредит и купивме 3 собен стан, пак заеднички.
    Уште од почетокот немав очекувања дека он е тој што мора се сам да направи па јас да се вселам кај него на готово, туку дека двајцата заедно ке успееме да си направиме подобар живот. Ама пак ке кажам го гледав дека е амбициозен и дека сака да направи нешто во животот.
    Сето ова не се случи преку ноќ туку ни требаа 10 години додека не ги наредиме сите коцки.

    Е а предходно што одев со дечкото беше близу 30 години, чекаше неговите да му го средат спратот од куќата, па тогаш ке ме земал. Си правеше филмови иако не ни помислува на брак во тоа време. Реално беше по ситуиран ама дека имаа неговите. Никогаш немаше работа за него иако имаше струка што многу ја бараат, си седеше дома. Е со таков човек неможев да се видам во иднина. После 15 години уште е сам и уште живее со неговите и чека да му го направат спратот да се жени.

    Така да ти најдобро си знаеш дали можеш да се замислиш со него во иднина и дали воопшто има иднина со тој човек.
     
    На Dust, simoncelicius, Youknow и 23 други им се допаѓа ова.