Знам дека нема ништо не мати ништо затоа што мноогу добро го познавам и имам шесто чуло за овие работи и од што ми кажувале другарки што на нив им правеле нивните дечковци ... го држам со 6 очи отворени . Со неа немал ништо (1000000% сум сигурна) затоа што преку мене се "запознаа" и она нбеше тука баеги време во странство беше ,само ова со недовербава ме нервира ама мора цврсто да напраам муабет па ке видиме ...
Знам тешко ти е...но само едно ќе ти кажам. Секогаш кога ќе помислиш на тие 9 години како на кочница и на некој начин причина за да не му раскинеш, помисли што ќе се случи ако продолжите и се земете и утре во брак така ти прави и те нервира. Штом ти се заканил ќе станам како некојси таму, ти кажи му епа тогаш чао, јас тебе те засакав а не некој како Јован, да видиш како ќе го закопаш. Со оваа изјава тој е оној во кој треба да се сомневаш ти, а не тој во тебе. Извини ама многу селски, недолично и примитивно звучи таа закана. Не се плаши, јас ти препорачувам подобро заврши со тоа сега, имаш 24 години ееј, живот е пред тебе и ич да не ти е гајле. Штознам некако имам чувство дека вака секад ќе ти прави, не дај Боже да имам право Однесувај се како да ќе ти е сеедно и да прекинете, да видиш како ќе се сврти тркалото. А ако те моли за назад речи му „па која е поентата, од кај да знам јас дека нема да ја оствариш заканата.“ Па не е тој капка вода среде пустина еееј што ме нервираат вакви демек у стил „еј јас не излагам сам, не се ку**ам ајде стави ми медал“ ццц како да се на копање пратени а не во врска во која добиваат внимание од секој можен вид и љубов. Неандерталци...море не, бетер се и од нив... Со среќа и пиши шо се дешава
ц ц ц како бе луѓе така во кој век живееме па да ти забранува да идеш со другарка на кафе ајде забрани му ти со тој јован да не излегува..значи најмногу што ме нервира е кога машко ке каже не вака или не онака јас како ке кажам, па и си го послушала.па зар за тие 9 години он не стекнал доверба во тебе што толку се исплашил што ке се видиш со таа другарка?немој да си мислиш идеме 9 години па ајде ке го послушам да не правам кавги не го учи така во иднина многу ке се опушти..жив пример имав со другарка на почеток се ок па после почна не се таа па после не со оваа па не ваму па не таму она за се си го слушаше па на крај заврши со невидена кавга а знаеш за што???зошто излегла на кафе со сестра и замисли...сега е со него 24/7 ретко кога се прибира дома а ако закасни пола саат вришти на тел ко хистеричен епа сестро така си го навикнала..налет ваква врска...испитај малку овие машки како дечко ти ми се многу незрели немаат доверба во себе но и сумливи.мислам на што му личи тоа ке станам како јован???што сака да постигне да те заплаши ли бог да чува.размисли си убаво разговарај утре треба живот да зивееш со него а не на секој чекор да ти диши у врат..поздрав
да има моменти кога и јас се чуствувам така а несакам и незнам како да го спречам тоа чуство да не мислам едноставно на тоа и да уживам само но неможам
Женски ја имам проблемче. Мислам дека овие 2 дена тотално полудев. Ви немам кажувано, но имав другар, со кој се знам некаде преку 4 години. Јас и тој секогаш сме биле блиски, секогаш гушнати. Кога ми било тешко тој бил тука. Знаел за се, со кој сум била, сум знаела и јас за него. Многупати се случувало да не прашаат дали сме заедно, дали идеме. На Пиво ленд, се шалевме нешто и се се ставивме верени на фб, после некое време и во брак. Мислев дека се е шала...Барем така прифати и друштвото. Потоа почнаа муабети од типот дека тој има девојка. И заедно се смеевме на сите тие коментари. Завчера бевме излезени. Пиевме малце, се гушкавме, но овој пат наивните бакнежи во образ преминаа на друго место, во блиц бакнежи во уста, на крај останавме сами...И не знам како се смувавме, потоа само се поглерднавме и слатко се изнасмеавме. И јас мислев ќе полудам, вчера пак бевме во парк, цела вечер беше со мене, и пак си бевме заедно...Имаше коментари од типот, е конечно ви текна. Не знам што да праам, не знам ни самата што всушност сакам. Убаво ми е, знам дека нема да биде некој љубоморен тип, зошто буквално знаеме како дишеме. Но јас сепак се двоумам, не сакам да си расипам толку добро пријателство..Едноставно не знам што ме привлекува, но има нешто и кога сме заедно ни е убаво. Можеби и до некаде не барам совет, зошто и не може некој посебен совет да ми дадете зошто јас треба да си одлучам. Но, свашта ми се врти по глава.....Не сакам да зезнам нешто, не сакам да го повредам....Не знам стварно...
Во право си, некој совет не можеме да ти дадеме, зашто и самата знаеш дека има 2 можности, да останете другари, или да одите нешто подалеку. Но работата е тоа што има неколку варијанти од тие 2 можности, односно: 1. Се фатите, одите неколку месеци, се испокарате, за на крај да не останете ни другари; 2. Се фатите, одите долго време, и се прашувате зошто не се случило тоа порано ; 3. Останете другари, но веќе ништо не е како порано, и постепено се оддалечувате; 4. Останете другари, но со тек на време пак ви се разгорат страстите, и се фатите; Сепак, искрено, мислам дека по последниве случувања, тешко можете да го задржите другарството на она „безопасно“ ниво на кое било... Не знам, може е само мој начин на размислување, но барем кај мене тоа се потврдило во повеќе наврати; Откако еднаш ќе се пречекори границата, нема враќање.
Јас мислам да пробаш, да видиш, може и нешто добро ќе испадне од тоа А другарството секако нема да ви биде исто, барем периодов, па барем да искористиш
Nightwalker истото, ама баш истото и јас го мислам по главава моја (не)паметна. Затоа и сум целата во збунка.... Си викам што ако па тоа е тоа..зошто јас секогаш добрите шанси сум ги одбивала, секогаш се лепам на она што не треба. Секој пат кога сум се впуштила во врска со некој, кој веднаш ме привлекол, без размислување, завршувало лошо. Тој не бил за мене, а ако не сумпочуствувала во моментот дека сакам со тој некој врска, не сум се ни мачела да размислувам. Е сега за прв пат се мислам што да правам, баш поради овие причини. femina90 Сакам да пробам, па после 5 мин се двоумам....Вчера сакав да го видам, па потоа, си велев дај нека заврне, зошто не знам што ќе му кажам ако ме праша за врска..Но тој дојде..и си делувавме ко нај заљубен пар, а мене ми одговараше тоа. И знам, сите на ова ќе кажат дека ни сама не знам што праам .....уфф на голема мака сум.
Sunshine88, освен ако не ти блесне утре нешто дека не е тоа тоа, ти практично и немаш избор, глупаво би било да не испиташ што ве чека двајцата. Или ќе испадне врска или нема ама зар ќе можеш да издржиш да не пробаш? Ако не ти се брза за врска не брзај, нема правило дека секој однос машко-женско мора одма да прејде во врска. Речи му ако се паднете на муабет дека сакаш да идете пополека и еден момент ќе осетиш сакаш или нејќеш врска. Не му ветувај сега одма ништо, следи си интуиција и гледај да ти биде убаво. Со среќа .
Sunshine ако сеуште не си сигурна дали сакаш врска со него, подобро е да разговарате со него, и тој да ти ги каже неговите чувства, па и самата кажуваш дека предобро се познавате... со среќа и пиши што ќе направиш
heyy zdravo na site, sakam da ve prasam za nesto sto sum mnogu zagrizena ovie denvi. jas so decko mi ideme vise povise od edna godina i pred nekolku dena imavme sex i posle toa krvavev malku ama posle toa posle dva dena imavme pak sex i pak krvavev i jas i decko mi se cudevme mnogu i ne znev zosto mi se slucuva istoto pak ve molam ako znae nekoj vo vrska so ova nesto da mi kaze
Не се плаши ! Не е ништо страшно.. Можно е да крвариш и после 3тиот однос, 4тиот однос... Тоа не е страшно ништо. Знам случаеви кога крварењето траело цела недела и повеќе (исто како менструација)... немате потреба за паника, ќе прекине.
Епааа... еве ме после два и се е ок разговаравме , му поставив јас ултиматуми и рече дека ке ги поштува и како што гледам од вчера почна , ми се извини рече дека се чуствувал запоставен и не сигурен затоа што се му кажувам (тоа што треба да знае ) и размислил дека ако откажеш на некого состанок тој нема да седи дома туку ке се договори со друштвото свое и ке си излезе ( што беше во мојов случај со другарками) Ииии што беше битен моменат пред да оди на матурска (10год) дојде кај мене , иако каснеше саат време , и ме гушна ме цунка и ми рече дека никогаш веке нама да направел такво нешто затоа што и тој се чуствувал Но јас сепак мислам тоа што не му ставав 5% , што не се нервирав пред , него увидел нешто , сега сум многу среќна но ке продолжам на тоа игноре но во мала количина тенкс на сите
гледам дека повекето феминки се поискусни од мене, спрема постовите што често ги читам, па скам да ве прашам, нешто , бидејќи по разговорот со една моја другарка дојдов до заклучок дека имаме ист проблем. двете одиме со дечковците скоро година ,без неколку дена, и дечко ми некако оладува, значи, нема толку нежности како порано, се случува да седиме, цел сат заедно и да немаме што да си кажиме, за среќа за разлика од другрка ми тој ме бара, и кога нема да го побарам, ко ке му се налутам се обидувба тоа да го поправи. ама некако почнува да е многу ладен. по разговорот со другарка ми заклучив дека не сум единствена со ова проблем. дали ова нормално? разговарав со еден близок другар, и тој го има истиот проблем, но тие одат повеќе од 2 години. сепак една годна не е мн долг период, сме поминале и низ арно и низ лошо. ама зошто некако згаснува неговата толина,нежност. знам дека ме сака, и навистина е така. имама чуство дека само кога е поднапиен ме бакнува страсно и ми покажува колку ме сака како што беше на почетокот на врската. не можам да речам дека ова однесување е нормални бидејќи знма пар што одат 3 години, па пак се страсни како на почетокот. сигурна сум дека не ме вара ниту пак дека сака друга,бидејќи во една прилика кога му дадов шанаса, да биди слободен и да прави што сака, рече дека не му требало тоа и дека ме сака. ве молам за совет, навистина ќе ми помогните и мене и на другарка ми.. фала ви однапред.
што можам да направам за да не е монотоно?? сепак тие се во исто друштво, инекако во последно врме му се поинтересни другарите, па остануваме ние двете да си се жалиме, колку сме осамени. инаку и јас и тој сме авантуристи, ама него во последно време се повеќе и повеќе му е мака, му се спие , уморен е. едноствно ми ги затвора сите шанси да напрвам да му биди интресно. па не можам ни јас да бидам интересна, кога се чуствувам за поставено. едноставно немам мотивација. кажете ми како да го натерам, тој да проба да ми е интересен мене, нели луѓето постојано во врскат се освојуваат еден со друг,се заведуваат, мојов е претворен во сом.
Aуу супер баш ме израдува! Се надевам дека врската ќе ви оди само на подобро. Добро е што одлучи барем малку да си на дистанца. Важно е што сфати како да се поставиш од сега натаму Со среќа!