Не се знае кој е полош у односов. Ама ајде би рекла он. Прво, ако се сомневаш дека користи наркотици и алкохол шо уопште правиш со таков човек, таа вечер блок следен пат под такво дејство којзнае што? Второ те блокнал, те откачил на безвеза начин, ти кажал не сакам да ме бараш и ти упорно го молиш и трчаш по него. Цени се и почитувај се, не вреди дечкото. Ниту има иднина, ниту има љубов тука.
Зошто уште еднаш не му се јавиш и да го прашаш кој е проблемот? Токсични сте, и двајцата. Туку ај сега посериозно - Алкохол и наркотици. Црвено знаме. Шо побогу бараш со таков? Те блокира наместо да ја смири топката со разговор и да проба да промени нешто кај себе. Наместо да го оставиш, ти упорно му звониш и се јавуваш иако ти има кажано да не бидеш напорна. Остави го, бегај од таков, не можете да функциунирате заедно. Најди нешто подобро.
Исто што би кажала и машко да го имаше напишано постов - НЕ значи НЕ. Научете да прифатите НЕ за одговор. Заљубени луѓе не се понашаат вака, љубовта не изгледа вака.
Сигурно имало некоја причина за ова што се случило, само или ти не ја гледаш или толку си затрескана во него па не сакаш да ја видиш. Очигледно не нашол подобар начин да ти раскине, ама начинов раскин по порака или телефон е најкукавички. Те разбирам дека си го барала многупати зашто не ти било јасно за тоа што те снашло и си била вознемирана, си барала очајнички објаснување кое сигурна сум дека нема да го добиеш. И да те бара повторно, немој да потпаѓаш на емоција, па да му се вратиш. Доволно те понижи со оваа постапка. Како што ти кажаа членките погоре повеќе цени се и имај самодоверба.
Причината е: Не те сака! Со тоа што те блокирал и не ти крева само ти направил услуга. Што ќе ти е дечко што прима наркотици и со кој во рок од 7 месеци сте имале многу жестоки расправии? Почетокот на секоја врска треба да биде најубав. Ако сега имате жестоки расправии што мислиш како би ви било во иднина? Тоа што ти пеел песни по телефон не треба да ти дава надеж дека чувствува нешто. Ете во моментот бил расположен. А и што има да ти крени и да ти објаснува ете сите постапки значат дека не му си битна. Јас да би била на твое место би го блокирала и јас на телефон и (како што викаш дека во минатото ти се карал па потоа се понашал како ништо да не се случило) кога би го сретнала на улица не би го ни погледнала. Тој ставил крај, сега стави крај и ти. Немој да попушташ. Најди си некој кој е фин, културен, примерен, кој те сака и цени, а не некој проблематичен кој прима наркотици и од кој што треба да чекаш дозвола кога да му се јавиш. Престани да тажиш зошто ова што ти се случило е најдоброто, само што во иднина ќе го сфатиш тоа.
Многу убави моменти сме имале без оглед на се. Многу се осеќав убаво покрај него без разлика. Го прифатив таков каков што е. Преку некои работи и тој самиот ми поминуваше, а пред некој ден самиот ми кажа "ти се чудам како ме трпиш". Ми докажал и кажал дека ме сака и му значам. Многу сум збунета не знам што да мислам веќе...
Знам дека сме токсични ама тој е повеќе токсичен од мене. На почетокот не знаев што да мислам кога дознав дека конзумира наркотици, после тоа го прифатив како што е со сите мани и добри страни.
И ти да си на мое место би вртела ама можеби не толку или не знам како би реагирала се да биде океј и 5 часа пред да испадне циркуз нормално да разговарате и после да се испонаша и да те игнорира и блокира.? Тој не разговараше се дереше без врска по телефон. Не сме тинејџери имам 22, а тој е 10 години постар од мене.
Без разлика. Не знам во која мера прима наркотици. По целата ситуација, тоа што не може да му се јавиш кога сакаш, дека по неколку дена може да не се слушнете, по тоа што е проблематичен, мене ми изгледа дека наркотиците му се побитни од тебе. Еве сега читам кокаин. Бегај подалеку од него, па макар те сакал најмногу на светот. Ако не се сакаш самата и си посакуваш нервози тогаш што да ти кажам остани.
Ама навистина ситуацијава што се случила ти е всушност светло на крајот на тунелот. Сметај дека ќе се спасиш од многу полоши ситуации со човек кој е конзумент на дроги. Се надевам дека знаеш во што се впушташ со таков човек. Замислуваш иднина со него? Замислуваш таков човек, кој под дејство не знае за себе, да биде татко на твоите деца? Ова ти е шанса да бегаш од таков човек колку што те држат нозете и да не се вртиш назад.
@ivanamackica срце, не читав се` ама кога прочитав дека се дрогира, само ќе кажам батали го, ќе стане ладнокрвен, ќе му стане сеедно.И на крај по тебе лошо ќе заврши, тие шо се дрогираат ич кур не ги боли за другите. Ако ти треба нешто пиши лп овде не би да дрндам Ама иам искуство со таква особа, и лошо заврши по мене.Ич гајле не му беше за мене
Јас сфатив дека сум претерала со вртење и пишување. Во тој момент не знаев што се случува се избезумив едноставно,ПОЈАКО БЕШЕ ОД МЕНЕ. Му се извини за тоа и признав дека сум претерала. Имаше сериозни планови ме прашуваше да живееме заедно и беше заштитнички настроен спрема мене, никогаш ништо не ми фалело покрај него. Тој ми има вртено како манијак и се лутеше кога не му дигав слушалка или ми било зафатено. Тој прв трчаше по мене и се затреска на сите им беше одма јасно. А за тоа дека не сум му одговарала, му одговарав затоа што не користев наркотици и тој самиот ми кажа...
Девојче, се читаш ли ти што пишуваш?? Какво сериозно планови може да има личност што користи наркотици. Ти кажуваат феминките и ти упорно се сакаме па се сакаме. Ако се сакате толку терајте си, ќе се освестиш еден ден, можеби.
Значи јас кажувам што се случувало до сега во мојата врска. Знам што пишувам. Моментално ми е тешко и разменувам совети и мислења. Да, јас го сакам тој човек без разлика на се и емоциите не можат да исчезнат преку ноќ, после се што се исподешава помеѓу нас.
Мислам дека си во една голема заблуда, кога еден ден ќе се најдеш самата себе истепана во некој кош затоа што твојот дечко / маж сегде должи пари тогаш ваљда ќе се свестиш.. Тие луѓе не се како некој ти што ги знаеш, би те убиле само за да дојдат до пари за дрога, кога немаат дрога се тешки психопати, ти уште не си свесна во каков проблем си влегла и во каков проблем ќе бидеш и ти и твојте ако не се тргнеш од дрогирашот, каква љубов, и со лихвари ќе се заглавите, и со мафија, и со дилери на кој должи дечко ти пари, и со сѐ..
Јас навистина се чудам како трпиш се, се понижуваш и дозволуваш да манипулира со тебе само за да не го изгубиш. Си се затрескала во него и си дозволила уште од сам почеток тој да те контролира, а по тоа може да се види дека колку и да има години таа постојана контрола и љубомора го покажува неговото вистинско лице- несигурурна, незрела и себична личност. Ти направил најголема услуга, спаси се со време и никогаш не давај шанса на некој што не те почитува.