Да, во ред е да ти е тешко и исплачи се да ти олесни, ама еве доби совети од луѓе што имале искуство со такви особи како Феминка. Не замижувај пред вистината за свое добро.
Ne moze da ima seriozni planovi ako se drogira Sea ti kazuvam imav iskustvo so narkoman.oni ne sakaat nikoj osven sebesi. -me mrzi da shiftam na kirilica
Би ти препорачала само да ја прочиташ книгата ЉУБАВ У ДОБА КОКАИНА од Симонида Милојкович, вистинска прича шо според мене треба да е задолжителна лектира во средна школа. Тогаш може ќе ти стане јасно зашто сите овде ти викаат да бегаш од човек што конзумира наркотици. Без разлика колку го сакаш
Страшно. Ај не коментирам повеќе од тоа. Не, грешка си. Не би вртела. Има очи, ќе види дека сум го барала. Ќе пишам само една порака да ме бара кога е слободен и расположен и би оставила на тоа. Ова е во однос на твоето однесување. Што се однесува до него, прашав за возраст пошто никој саглам 32 годишен човек не се понаша така како него. Бегај од овој девојче. Што подалеку. Јас што сум на негова возраст со морков не би го допрела, не па да му ѕвонам, да го барам.
Кокаинот и марихуаната се полесни дроги, но чувај го од хероинот, тоа може многу да му наштети. Не е заебанција ова.
Нема иднина со наркоман освен ако и ти не се дрогираш па заедно да живеете во некој ваш свет. Џабе се трудиш.
Седнете и разговарајте за ова. Не смее така да те избегнува и да не ти се јавува и пишува. Сигурбо има некоја причина што не сакал да ти ја каже, а ти не си ја приметила. Можеби веќе му е скурчено од токсична врска, па си бара друго чаре. Ама јас мислам дека треба да поразговарате. И кажи му дрога да не конзумира, бидејќи ќе го кажеш на татко му.
Ќе боли, ама ќе помине. Се гледав со една личност што користеше џоинт, на почеток не знаев, дознав подоцна, му дадов време да ја отстрани таа навика, не успеа, ставив крст и продолжив понатаму. Не се однесуваше со мене лошо ко тој со тебе но беше како изгубен по секое користење и мене тоа ми пречеше. Сфатив дека немам иднина со него. Поминаа 6 месеци од последен контакт, се е избледено. Олабави малку, дај си време, не е крај на свет ако е готово. И те молам во иднина промени го тоа пишување по 47475869пораки и повици.
Аха сигурно, он вол од 32-33 години, она на татко му ќе го кажува, мислиш запалил цигара на голем одмор во основно школо па го видела класната и ќе го каже дома...
@ivanamackica а што ако се свестил дека само ќе те повредува со неговата зависност, па сака да те оттурни од себе за да те спаси да не тониш и ти со него?!
Јас само едно ќе ти кажам да ја слушаш мајка ти и да тераш тебе како што ти одговара, ти си најважна и немој да потклекниш на притисоци, можи и 15 години да е врска али да заврши, годините поминати не се важни, најважно е ти да си среќна, а се друго само ќе си дојди. Колешки сме и во многу работи се пронајдов со тебе
Чим тој човек сега зима дрога, ништо, со тој човек нема иднина. Денес не ти дига слушалка утре ќе ти дигне рака и ќе те остави на место да неможеш да станеш. Па и деца.. Ејј јас да знам дм дека се дрогира и при здрав памет да останам. Па ја сум по забегана од него чим останувам. Ќе зборам неколку пати да ги остави ако не чао чао. Ама џабе. И совети и тестаменти. Не си ни прва ни последна, ќе му се смириш одма чим те побара, осеќам. Ако не е така со папуча гаѓај ме.