Шо ќе бегаш од него седи таму, за некое време пун ко брод ќе биди со кеш има мува да не ве лази, денес најпрофитабилен бизнис е ова.
Сами гледате дека нештото нечини и упорно одите во него. Ти кажува дека несака врска повеќе а ти напнуваш максимално. Со кој ум се гледаш со дечко кој е под дејство на супстанци и шо иднина гледаш со него. Имаш полно слободни стабилни мажи а ти упорно одиш во дупка. Сите членки ти го дадоа советот шо совреме понастрана од него. Натаму ти си знаеш. Сами гледате дека нештото нечини и упорно одите во него. Ти кажува дека несака врска повеќе а ти напнуваш максимално. Со кој ум се гледаш со дечко кој е под дејство на супстанци и шо иднина гледаш со него. Имаш полно слободни стабилни мажи а ти упорно одиш во дупка. Сите членки ти го дадоа советот шо совреме понастрана од него. Натаму ти си знаеш.
Види баш, но запомни, ти никогаш нема да му го пружиш тоа што му го пружи кокаинот, затоа и не очекувај ништо од него, може само трошки и нервози да добиеш.
Јас разбирам љубов и се, ама свесно во ваква ситуација да одиш у зид со глава не знам. Зошто барате совети кога на крај терате по ваше? Се кладам дека типот ќе и се јави, она ќе падне на 2 3 слатки зборови и по некој период ќе се врати овде со проблем дека јаде ќотек од него.
Нема да требаат ни 2-3 збора туку кога на телефонот ќе се напише името, готово работата е завршена, простено му е сѐ.
Ако врските ви се повеќе измачување и решавање на проблем, притоа другата страна воопшто да не му е гајле, не е врска. Немој да се измачувате себе си. Дрогата, алкохолот се гратис во врска/брак и тоа гратис што че посакаш да постои некоја гума да ти ја избришат сета меморија што би ја имала со таа личност.
Ете дека е џабе. Таа веќе го чека, не ни помислува да примени некој совет. Ќе чека да се промени и тој, ахм важи кога ѕидот ќе се претвори во врата.
Ауу како непотребно сте ја нападнале. Од нигде никаде ја блокирал, нормално дека ќе биде шокирана и ќе бара да разбере што се случило.Вас да ви го направат истото нема да одите да легнете да спиете туку подеднакво ќе се вознемирите. Ако мислите дека ненадејно блокирање и гоустинг после 7 месеци врска е нормално, а нејзиното барање на одговори е ненормално, преиспитајте се. Тој си има проблем со себе си, а наместо да ти раскине како нормален човек тој го направил ова. Ќе ти биде тешко ама ќе се навикнеш на новата ситуација без него. Толку, завршено е, и да сака случајно пак да те побара, со оглед на тоа што навистина изгледа нестабилен, тотално игнорирај го.
Значи јас не знам што може да се случи утре.. Како што кажав е непредвидлив. Знам дека нема да се промени, работите што ги прави ќе го прави и понатаката и тоа е факт. И не гледам во телефонот цел ден и не мислам "ех баш сега еве ќе ѕвони"... Идам на опција "можно е" да се избаци како гром од ведро небо, ако не со среќа нека му е. Само не заслужувам вака да ме повреди и самиот знае многу добро зошто.
Јас се надевам дека наркоманот нема да ја побара, ќе и го спаси животот. Ако ја побара,, гарант ќе му се смири. Ќе го заборави цело понижување што и го приредил. Уствари сама се Понижува. На никој не би му ѕвонела повеќе од еднаш. Има очи ќе види дека го барале. Како немате самопочитување? Во ситуацијава ти си требала да го отераш у три лепе поради блокот и да завршиш со него. А не да го бараш 300 пати. Зрел човек решава врска со разговор, не со блок. Вол од 32 год раскинува со блок без објаснување... Мавни го наркоманот, спаси се. Штом е спремен на Ова, спремен е и да ти ја заврзе една. Сите на почеток викаат не е до толку... Со дрога нема играчка. Ако сакаш татко наркоман за твоите деца оди спиј му пред врата додека не ти се смири...
Не го заборавајте мозокот да си го носите со себе кога се заљубувате, па и после тоа. Наркоман си е наркоман и никој трезвено не би сакал да го дели остатокот од животот со таков човек. Слушај совети од нас, од блиски личности, роднини и пријатели. Штом сите ти кажуваме дека не е во ред, значи навистина не е. За твое добро одалечи се самата ти од него за да не биде лошо и не си давај на празно надеж, зошто оваа ќе биде тоталка лажна.
@ivanamackica Според тоа што го сфатив, ситуацијата ти е да не знаеш дали да продолжиш без него или да почекаш да видиш дали ќе се јави и ќе проба да ја исправи работатаа. Види дали ќе ти се јави за неколку дена, дај му простор не го притискај, не му врти и не му пишувај. Ако толку многу му значиш нешто без оглед на целата ситуација ќе те побара верувај. Само ти знаеш како се чувствуваш и како изгледа целата врска всушност. Немам право да коментирам повеќе. Самата си знаеш дали ќе му простиш и ќе продолжиш со него ако се јави, или нема да му дадеш шанса. Очигледно е дека нешто се случува од негова страна за така да се постави со тебе како што самата си кажа без причина така се поставил спрема тебе. Нормално дека си се вознемирила и затоа така си изреагиралаа. 7 месеци не се малце сепак. Разгледај ги сите опции што може да се случува со него моментално. Можеби има некаков проблем па на тебе ти се истура, не си му приоритет моментално или сака да ја прекине врската на ваков глупав начин за да не те повреди повеќе. Поздрав и секое добро!