@ivanamackica Абе да, дај му простор нека те изналупа некој ден и плус ќе му се извиниш! Значи не знам дали сфаќате збораме за 32 годишен наркоман од кој се очекува се и сешто, а не за тинејџер штотуку излезен од пубертет кој не знае шо сака. Тој самиот себе не се сака и свесно се уништува, некој друг ќе сака, пфф комедии.
Ете, сама си го најде одговорот. Нормално дека боли кога ќе изгубиш некого што сакаш, ама ништо не бива насила. Со среќа
Сасвим нормално е дека ќе бидеш вознемирена ама за човек кој вреди, не е нормално да го напнуваш по неколку пати на ден, овој не е од тие што вредат. Не е нормално да му се смируваш и да се трескаш од зид за човек со кој н е м а ш иднина. Исто, велиш дека е непредвидлив, па од кај знаеш дека нема да крене рака врз тебе? 32 годишен наместо да направи нешто од својот живот, да обезбеди иднина за свои деца, тој користи кокаин, хероин и кој знае какви уште наркотици за кои не знаеш. И ја сум имала погрешни избори, ама сум ставала крај, сум слушала совети, и сум се водела според разум. Тешкото било и поминало, ама кога гледаш дека не иде, продолжи понатака, не си оцрнувај живот. Остави телефон, бришај и блокирај се, ако сакаш да бидеш среќна. Ако сакаш да се измачуваш, оди кај него и клекни му на колена, моли го да се смирите се до следниот негов испад.
Типот те изварал со друга таа вечер и најлесен начин бил да те блокне за сама да сфатиш. За вртењето си претерала исто што и си дозволила да те пцуе.
Јас не би била толку сигурна како тебе. Може трезен не би, ама со кока во крвта Бог знае што ќе му е. И мене да ме блокира и јас би била зачудена. Ама вака да ми се понаша како да сум некоја на улица најдена, не, фала. Макар и последен да е. Не знам зошто си го уништуваш вака животот свесно. До толку ли мислиш дека е тој над тебе па може да те врти како сака? И да е најубав и најпаметен има работи кои не се преминуваат.
Човекот нема моментален проблем, туку си има бубачки во главата. Не ја тапшајте по рамо дека ќе се смират и среќно ќе си живеат, со таков човек нема иднина. Сепак она си знае најдобро.
100% е тоа,па уштее и викал да не го бара веќе. И глуп би сфатил,ноооо проблемот е што таа дур бил на журка му вртела па песни па ова па она. Тоа се непотребни работи. Ослободи го да се ижурка,ако ти се врати значи е добар,ако не тоа е тоа. Во случајов и набил рогови и блок. За дрогата не коментирам,ссекако наркоман не се лечи лесно.
Дечкото е манипулативен, ти лабилна, врската токсична. Ти бараш тапкање по грб и начин како да го разбереш за врската да ви е функционална и тоа е тоа. Ти дадоа добри совети. На тебе е што ќе одлучиш.
Додека бил на журката не му вртев јас туку тој ми вртеше на мене едно 6 или 7 пати ми се јави. Јас му вртев од кога заврши журката.
@ivanamackica И јас еднаш така бев блокната од нигде никаде а, се' ни идеше ко шо треба. Најголемата грешка што ја направив е што го барав после тоа. Таков човек не е со сите у глава и не ти треба.
Здраво на сите Можеби ќе звучи смешно, но се допишувам со едно момче и би сакала совет во однос на тоа како да комуницирам, во колку длабоки теми да навлегувам, за што да зборувам.. Навистина ми се допаѓа, но досега не сум била во врска и стварно сум неискусна и не знам како да се поставам. Знам дека е само допишување, но би сакала да се развие во нешто повеќе.
Ќе оставиш муабетот да тече, некои основни запознавања меѓу вас, но не навлагај во длабоки и интимни теми. Сепак, тоа останува, да не пишеш некои работи кои понатаму може да се искористат за да ти наштетат. Секако, пази да не налеташ на некој манијак со лажен профил, тое допишувања некогаш се ризични.
Знам дека е може глупо прашањево ама стварно некогаш ме мачи. Во врска со караници (зборам за "нормални" караници, не нешто претерано и насилно), колку често ви се случуваат, дали се случува некој да повиши тон, дали пропуштате први или тој итн. Го прашувам ова зашо некако и јас и либе сме луѓе што онака немаме срце да се караме, и да ме изнервира нешто апла не можам да земам да му викам, да го вреѓам или општо да го кудам за било што. Онака не знам, ептен мирно и нормално си прајме муабет и кога едниот е налутен за нешто, а после неколку минути пак да се гушнеме ко ништо да не било. Пак ќе речам не зборам за големи грешки, него некои нормални несогласувања. Онака еве што познавам парови други, некои се караат почесто а пак наводно се сакаат многу. Еднаш при муабет со другарка ми вика Ако сега ич не се карате и изгледа све дека ви е мед и млеко, понатака па многу повеќе нема да се слагате. Не дека сакам да се караме често, таман работа, ама дали е нормално скоро никогаш да нема она бурни караници или само ние сме несериозни кога станува збор за проблеми.