Не сте единствени. Скоро 7 месеци идам со дм, не се десило еднаш да ми повиши тон колку и да претерувам јас. Исто и за вреѓање, не се вреѓаме. Културно се караме да речам. Најдолга кавга 15минс ни трае. Прво едниот (најчесто јас) почнува, другиов вика добро да така е, после на другиов му врие и почнува и он да се кара, и на крај на првиот му текнува и смирува ситуација.
Маж што "вреска" на женско не е прав маж. Прав маж седнува и разговара како со човек, а не како со животно. Не се сеќавам да сум повишил тон на женско. Седнувам и разговарам убаво, полека без врескање и вреѓање.
Сум била во врска со човек со кој никогаш не се скарав. Ни кога раскинавме не беше преку расправија. Секогаш сме разговарале смирено, како луѓе, без повишен тон, без навреди, ништо од тоа. Никогаш не се чувствував напната покрај него, немаше никаква тензија, а не е дека не сме биле сериозни еден со друг, едноставно таков човек си беше, тивок да не речам. Така и се разделивме, тоа е тоа чао пријатно. После тоа бев во многу напната врска, постојано вжештени кавги, се чувствував како да стојам врз рингла шо самата се вклучува. Тој притисок не се трпи. Стопати поарно ти е на смирен начин сѐ да се решава, баш ми е мило за вас.
Можам да кажам дека кога видов дека ни е ваква баш како вашата врска , врската со мм увидов дека всушност тоа е тоа и такка треба да изгледа една здрава нормална врска. Претходно имав дечко со кој се каравме се водеше инает за се и сешто со денови со се и на крај заврши со оладување и раскинување. Така да биди си среќна затоа што си во убава хармонична врска, и со некој кој те почитува.
Другарка ти има погрешно гледиште на работите. Треба да си среќен ако нема караници, расправии, викање, што ќе ти е драма.
Девојче немој да дозволиш да ти го претставуваат она што не е нормално во нормално.Се знае што е нормална врска.Дали ако се дерете и тепате значи дека повеќе се сакате?Уживајте си во таквата врска и во убавиот однос.Пред се тоа е цивилизирано.
Не можиш со некој да си на сила. Ти можи неќиш да се откажиш, ама you kinda have to. Дали има друг или едноставно ѝ помина honeymoon периодот е само то - ти раскина и ти вели дека нема иднина и нема да се врати. Ако напињаш ќе почнува да најди начин да те повреди само да се тргниш. Тргни се совреме. Разговарајте со иднината, видете до кој степен ви се поклопуваат плановите. Ако се многу различни, видете дали има компромис. Ако не можете да најдите компромис, ти веќе еднаш предложи шо би било. Ама обидете се. Можи ќе се најдите на средина па одење кон нова заедничка цел ќе наруши монотонија. Прашање е дали тебе ти сметат пошто за секое лонче има капаче. Некој можи сака коли ама неќи на вози или се плаши или смета дека има поважни трошоци во момент. Мал пример. Неважно, ако овие работи толку многу ти сметат - зборни со него, види ја неговата перспектива. Сепак ќе работиш странство и тој сака со тебе па пред да не можиш лесно да го тргниш, убо раздлаби од сите страни. Пошто јас не гледам многу проблеми, туку гледам преференци. Не мисли премногу, биди си ти ти. Оти ако сакаш врска, евентуално ти ќе излези на површина и тој баш то треба да го сака. Оти бараш проблем кај шо нема? Или има ама не знајш како да го кажиш па "хаха супер ни е хаха дали е нормално супер да ни е хаха". Gurl ако имаш нешто шо ти е опишано како мед и млеко - не му барај маани со сила.
Тоа е до вашите карактери. Баш е супер што сте така смирени. Коментарите од токсични луѓе занемари ги. Некој не знае друг начин да се справи со проблем псвен со драми.
Многу ретко се караме, во овие нецели 4 години еве не можам да се сетам на некоја ептен сериозна кавга, немало ништо такво да се бришеме, блокираме, со денови да не збориме, пцуење, не знам што. А и кога сме се карале брзо ни поминувало, истиот ден. Често и за нешто банално било, па немало што да се држи лутина и да биде бурно, со разговор се средувало. Продолжете си така. Баш тоа е и нормална и здрава врска. Не треба да се вика, дере по партнерот, дури и во кавга треба да си остане почитта еден према друг.
Океј, фала ви. Не ми беше да го претставам тоа како проблем, напротив. Него онака кога ќе чујам пример нели Е па нема врска без караници или Нема врска без проблеми, се прашувам каде е границата пример колку, какви караници се нормални зашто ете кај нас и кај други воопшто и ги нема. Не дека сите мене ми збореле него општо повеќето имаат таков став, а и јас имав. Она знаете кога нешто е too good to be true почнува да сумња човек дека има проблем што не го гледа. Зашто некогаш самата сум се сомневала дали е вака зашто стварно све си е во ред и така треба да биде или само игнорираме проблеми намерно (ги бутаме под тепих) за да избегнеме конфликт.
Во врска сум година со дечково и заминува за Германија 7 месеци, го чекав 3 месеци летото да се врати и сега повторно сака да оди само што се зближивме премногу. Минатиот пат беше тотален фалш, повеќе како одмор му беше него ли работа. Сега овој пат е сериозен затоа што ќе се враќа на истото место и си има план направено и тврди дека така ќе му иде. Неговите дома му загарантираа работа со доста плата и го тераа да не оди но тој е запнат да замине. Го прашав зошто воопшто одиш ако сега веќе имаш можност и да останиш тука и ми кажа дека сакал да поработи таму прво. Имам свое мислење во врска сум темава одамна и некако ми смета и не знам дали е правилно да му кажам, не сакам да звучам себично. Има љубов премногу кај нас и доверба и се ама 7 месеци се некако премногу и сега кога се зближив со него не сакам да влијае тоа на нас. Не сакам ниту среќа да му скратувам ни ништо такво, но има опции многу за компромис и сепак ниту се сети да ме викне со него (а пред да се врати викаше ако заминам повторно, ќе одиме заедно), или пак барем на 3 месеци да беше како ми како...На крај краева најдобрата опција му беше да си остани тука и да почни со работата што ја најде кога ќе го викнат. Какво мислење имате вие околу ова, дали треба да преќутам колку и да ми е тешко или да покажам став во врска со ова и да искажам мислење макар и да не смени ништо? Што би направиле вие на мое место? Што би му рекла?
Според мене многу е 7 месеци да сте разделени. Освен ако можеш да го издржиш тоа психички и врска на далечина и нејзнаејќи што тој прави таму (постои ризик и да си најде некоја тамошна, но балканка), тогаш пробај. Мада ова мене лично не ми се допаѓа. Зборувај со него ако можеш да го предомислиш или и тебе да те земе таму, како што ти ветил претходно или може ветувањето сега не важи...
Можеш да му кажеш дека ќе ти недостига и не би сакала да бидете разделени па види како ќе реагира. Германија не е далеку, за 2 саати со авион си таму и има евтини авионски карти често. Но ако не те вика, мислам дека ти е јасно колку е саатот. Исто така штом неговите не го убедиле не треба и ти притисок да му правиш.
Само 7 месеци планира или сака таму да живее поантака во животот? Мене на ова другово ми личи. Ако и ти сакаш да живееш таму некогаш разговарајте , ако не ви се разидуваат оатиштата. Мислам дека треба сериознод а седнеш да разговараш со него кои му се точни плановите, плус во тие 7м можеш ид а го псоетиш секако ако те покани се зависи од тоа што сакате и двајцата. Седнете разговарајте.
Многу заминуваат од државата заради многу други работи, а не до пари или сигурна работа, оти се е дисфункцонално. Можи сака да види таму како ќе се снајди, за подобар живот и иднина. За тие 7месеци вие пак ќе се видите, тој ќе се врати, ти ќе појдиш можиш да поседиш. Јас не го гледам ова како некоја пречка. Многу фамилии и врски посебно дур се повлечат живеат разделено. Нормално не е лесно, ама кога се сака се успева. Ако ви е врската супер и пиша дека сте се зближиле, ќе го надинете и ова. Да сум јас би го поддржала.
Не е таков тип да остане, ама сака на 7 месеци дефинитивно. Премногу е амбициозен тип во суштина само навикнат е да троши пари досега и заради тоа прошли пат не му идеше добро но сега е некако пресериозен, многу често разговара со мене на таа тема дека му требаат пари и дека сака да се осамостои, да не бара од неговите, башка и друштвото му е такво, плус сакал да има секогаш и со мене. Мене искрено не ми дошло до луксузни работи, јас само сакам да бидам до него. Разбирам дека сака, и дај боже да му успее да си го оствари сонот но не сакам да го изгубам бидејќи доста време е, повеќе би да се градиме заедно и да успееме затоа што има и таква опција секогаш. Но кога ќе размислам прашање е дали е толку сериозен со мене? Тврди дека е но воопшто не размисли на оваа тема. Само еднаш му пројде низ глава кога беше таму бидејќи му недостигав за ако замине да одиме заедно да не се оставаме сами и од тогаш ниту еднаш повторно не спомна, само кажа дека сака да оди а мене не ме планираше никаде и баш ми беше незгодно да го напоменам тоа.