И што мисли дек аќее постигне таму за 7м? Дека коа ќе си дојде ќе си дозволи луксузен живот? Нема врска, тоа на страна, мораш да седнеш да разговараш што и како планира да функционирате вие додека е он таму. Од тој разговор ќе ти станат јасни мн работи.
Па смета дека ќе биде поубаво ако направи пари пред да почне со работа, ќе имал и на страна. Таков му е планот.
Разговарај одтоврено со него и кажи му се што ти лежи на срце, односно дека не ти е баш сеедно дека ќе оди, и договорете се уште кога не отишол како ке функционирате во врската ( кога ќе се слушате итн ) за после тоа да не имате проблеми. За тоа дали ќе седи 7 месеци не може со сигурност да се каже ( може да не може да издржи и да си дојде порано има разни ситуации ) како и со прашањето ти да одиш. Може пр кога ке се снајде летово да ти најде и тебе работа ако си за ( има мн опции ) Друго може навистина сака и има цел оди да заработи пари и да се врати со кеш ( ваков случај беше братучед ми отиде на 2 год со намера да заработи за да има за живот додека не најде асална работа и си се врати) Најбитно е да имате искрен и отворен разговор.
@Quinzel човек не станува посериозен. Или е, или не е. Сега и тоа што ќе разговарате не се базирај многу, тенка е линијата на љубовта. Али на тебе е да одлучиш што и како сакаш.
Ако останува таму само 7 месеци и целта му е да заработи, што со 7 месеци не верувам дека нешто ќе успее да заработи, зошто и тебе не те вика ако си во можност да одиш. Треба да разговараш отворено со него.
Незнам што ќе работи таму ам аако е Мекдоналдс бургер кинг не верувам дека ќе направи којзнае колку пари, знам сум била сум работела , како студент многу повеќе се прави отколку како обичен работник поради данокот. И пак зависи од тоа како ќе живее таму заштедата. Сепак Не е битно тоа во овој твој проблем. Битно е што и ккао ќе биде со вас, седнете разговарајте отворено за да си знаеш што да очекуваш .
Јас мислам дека ќе остане ако веќе замине таму. Првите три месеци нема да работи за многу но следните три во лето како што беше и лани (бидејќи ке оди на истото место) ќе заработува повеќе. Јас му реков кога веќе нема да земаш првите три месеци толку, зошто не одиш само последните три и ми рече као си имал он план, ми објаснување како ни тие не биле малце..Па бев као океј. На денот на вљубените ми ја отвори оваа тема, очите ми се насолзија не знам како не ме забележа се воздржував да не заплачам и се стегав да не кажам дека ми смета бидејќи се плашам, не сакам да звучам себично а и не сакам да добијам одговор што не сакам да го слушнам. Навистина го засакав, и некогаш се запрашувам дали е себично тоа што го барам или уствари е себично од негова страна што не помислува на мене. На пример јас да сум на негово место, веднаш ќе барав начин за и двајцата да заминеме ако толку бев решена за да заминам.
За жал мажите се себични и на прво место се стават себе, а после се друго. Не се како нас жените кога сме во врска наместо јас мислиме ние . Верувај подобро сега од колку после, а уште потешко е на далечина преку тел да се решаваат проблеми. Собери храброст разговарај и мисли на себе прво како он што се става себе на прво место.
Da no ednas koga mu spomnav niz sala deka ne sakam da odi mi rece ne treba da se lutis, ne bidi sebicna znaes i ti deka mi trebaat pari..E toa me presece da ne se osmelam da pocnam muabet bidekji ne ocekuvam deka ke ide dobro.
Не сум против врски на далечина, но од искуство ќе ти кажам, некои работи треба во старт да се решат, чисто за да не се нервираш потоа. Да, не можиш 7 месеци да ги испланираш унапред, но не оставај ништо на времето и на случајност. Ако сте сериозни мора да седните и да разговарате, дали ќе се врати да се видите, дали би можела ти да го посетиш или па да ти помогни и ти да најдиш таму работа ако тоа го сакаш. За да не испадни 7 месеци го чекаш, а тој да се забавува. Или пак да сака да остани засекогаш таму, а ти да немаш желба да се преселиш. Мора да имате исто видување за иднината, нека не ти е незгодно да прашаш.
Седни прашај го отворено како што ти кажа членката над мене. 7 месеци ќе поминат брзо ама ако сте несигурни не треба да си го трошите времето залудно. Прашај го дали може да одиш со него сега,да останеш три месеци и да пробаш да најдеш работа. Само едно ќе ти кажам имај го на ум секогаш ако некој сака да е со тебе преку сите препреки ќе помине и нема да чека ти да му воочиш за нешто. Со среќа.
Го имам на ум тоа, ти благодарам. Може да ми среди кај него како што спомна прошли пат, нема да има потреба ниту да барам. Ќе стегнам заби и ќе зборам. Секогаш викам ај не денес, утре, утре, утре и никако. Многу изгубив самодоверба од overthinking, да се вратам во нормала за да имам сила да започнам таква тема. Држете ми среќичка и фала ви на сите за советите
Знаеш што: Секој човек тежи колку што му тежи зборот. Ти досега си видела дали тоа што збори е исто со тоа што прави. Ако вели едно, а прави друго и притоа мува не го лази, тури му пепел.
Не можам да се сомневам во љубовта бидејќи буквално ме гледа како принцеза, се грижи и има почит максимално и тоа е тоа што ме натера да се заљубам во него. Само овој е единствениот проблем што го имаме моментално.
Не реков да се сомневаш, ниту го напаѓам. Има два типа на луѓе: луѓе кои си штедат и луѓе кои живеат од денес за утре, интроверти и екстроверти, итн. И можеби сите нема да се согласат со мене, ама не е ни битно. Според мене луѓето не се менуваат, можеби ќе глуми лудило некое време ама ќе има нешто што ќе биде како тригер and here we go again. Е сега најбитно е ти да си седнеш пред огледало и да си напишеш на еден лист што ти сакаш и каде и се гледаш во иднина. Испиваш 2 ракии, вино шо и да е, идеш удираш со тупаница на масата и му велиш: Слушај мали ова е тоа, имаме ли договор или терај магарето. Ако се соласи, право за уво и кај нотар, шо е сигурно, сигурно е.