Дали го имаш прашано како го замислува сето.... ова меѓу вас во иднина како би се одвивало? И дали ти има понудено заедно да одите и ако не, зошто не?
Ми фали романтика во врската. Му спомнав неколку пати уз смеење, ама џабе. Некако без врска ми е, како другари да сме само. Не знам дали јас многу барам, ама навистина ми фали барем малку романтика, макар и некој убав збор. Еве денот на вљубените беше, ние заедно бевме вечерта и никому ништо. Поклоните веќе одамна се заборавени. Не сакам скап поклон, буквално само мало внимание. Не беше вака на почеток на врската. За првите 2-3 месеци да не зборувам. Особено последнава година баш ништо не се случува.
Не му спомнувај со смеење туку сериозно. Ако не му кажеш што ти фали, или му кажеш со смеење, тој може си мисли се е во ред.
Здраво на сите. Веќе подолго време сум во врска која веќе не е тоа што беше. Додека сме заедно се е океј а после ме игнорира и за тоа ја користи работата како изговор. Тој работи во друг град и не се видуваме често, дневни работи 12 часа не дека мора туку тој така сакал а не добива плус пари за тоа ама затоа тој бил подобар од сите и се знаел. Работи од бес да докажува на луѓето дека тој е препаметен а другите се глупи. Тоа се случува секој ден, љубов не ми покажува и вели дека тешко му било на работа и што не сме заедно. Не ми кажува ни дека ме сака а сам си прави планови за нашиот живот. Има некој став дека жена не може да се меша во машки работи и тоа го кажува кога зборуваме за да правиме куќа заедно или стан да купиме и со тоа сака да ми каже демек тој ако плаќа јас не можам да се мешам како да се среди куќата. Пред некој месец изнајми нов стан и требаше да живееме заедно после некое време и тој самиот си купи мебел не ме ни праша за мислење (и се купи погрешно), во станот нема никаков ред буквално изгледа како складиште а има пари да среди се преубаво. И уште ме вика да се вселам а за мене таму нема ни една фиока. Сепак и јас треба да имам свој простор (ормар, огледало за шминкање, полици, фиоки). Тој мисли ја без ништо ќе отидатжм и ќе бидам среќна. Не сакаше една спална убава да купи и да има се ама затоа купи стол за играње игри во вредност од 900 евра. Постојано планира патувања и време со мене а до сега ни еднаш не отидовме никаде, постојано давам предлози тој вика ќе идеме и на крај ништо, не ме изненадува, една чоколада ми нема купено да ме израдува и да ми покаже внимание. При тоа тој не е прошетан, нема отидено до Скопје а има пари за Америка да оди. Во некој филм е дека ќе биде уште побогат и главен во фирмата каде што работи или ќе отвори своја фирма, лајкнува постови дека треба да работи 80/90 часа неделно за да успее што е премногу за човек кој утре ќе се жени и ќе има жена и фамилија. Значи ме го спречувам во ништо само сакам да биде во граница на нормала. Тој ми вели ти ќе ми кажеш ако сакам 15 часа ќе работам 7 дена во недела. Зборувавме многу на оваа тема нема резултат. Сега се дува дека ја го кочам у животот и ми се дереше дека никогаш нема да се откаже од неговите соништа поради мене. Дали сум во право или не? Постојано се преиспитувам дали да останам со него поради ова.
Јас би го откачила, кратко и јасно. Се гледа дека во врскава нема хармонија, а не ми изгледа и дека те почитува многу.
Мислам дека ова ти кажува се'. Ти воопшто не ни постоиш во неговите соништа. Штом не можеш да се искажиш, не прифаќа твои идеи и совети, не очекувај дека некогаш ќе се смени и ќе биде подобро. Некои врски подобро е да се завршат навреме
Тој има планови ме вклучува во се ама не покажува едноставно, не сака на одмор, не сака дома простор за мене да направи а постојано ме вика. Сака да се венчаме ама тој нема од своите кариерни соништата да се откаже поради мене а дури не би се откажал поради ништо бидејќи сакал пари да има.
Со тој човек нема разговор, разбирање и компромис. Јасно ми е дека не може секогаш во се да се поклопувате, но мора да има место за компромис и разбирање, што е уште полошо тој изгледа како да не сака ни да те сослуша, камо ли да те разбере. Ако сега е ваков (сигурно има пари и комплекс дека заради тоа тој е главен во се, така ми звучи) тогаш во иднина може да биде само полошо. Уште ќе те обвинува тебе безвезе, денес го кочиш а утре ќе си крива за некој негов неуспех. Мој совет е да се спасиш од главоболка и таа врска со време.
Ослободи се од него побрзо, полесно ќе ти биде. Очигледно не те почитува, иако ти ветува, ништо не исполнува и нема да исполни, само ќе останеш безгласна буква во таа врска, евентуално брак. Едно е сигурно, дечкото твој кога-тогаш ќе го стигне уморот и притисокот од прекувременото работење, познато како burnout. Веќе со ова што си пишала има веќе последици и со оглед на неговиот карактер гледај да бидеш подалеку од него кога тоа ќе ескалира.
Колку време сте заедно? Бившиот без мене не излегуваше едни фармерки да си купи, цело време за се’ се консултиравме, не па стан сам да опреми кај шо ќе треба заедно да живееме. Ако останиш со него биди спремна на тоа да си цело време безгласна буква во врска со се’ поврзано со вас. А и да, да не мрдниш нигде од градот кај што ќе живеете, дотичниот ќе си собира пари за своите потреби само, како на пример стол од 1000 евра. Тој го покажува неговото вистинско лице, на тебе е дали ќе останиш или ќе напуштиш терен.
2 години сме заедно. Човекот едно поклонче ми нема купено од тоа што сака, кога неговите дома ќе му кажат дека треба да купи тој купи. Како да нема осет за најосновни работи, најсмешно е што ми праќа често слики од места каде може да одиме на одмор, праќа слики од спални преубави а дома празно стои. Ајде да нема пари ќе разберам, ама има пари и добра професија, може да си дозволи и одмор и авто и се ( да нема ни авто) со автобус оди на работа и ретко такси. Не сака за него алишта да си купи две ипол години го знам уште е во истата јакна. Исто така и ми потенцира како за куќа мажите знаат се и жена не треба да се меша. Зарем не се договараат парови кога стапуваат во брак и не средуваат куќа/стан заедно? Маж е има услови и се а нема осет да ме праша дали ми треба полица една. Ми се гади.
Буквално како да опиша еден со кој се гледав, излегував, не знам како да го наречам тоа нашето, а тој ме претставуваше како девојка. Значи исто, работи нонстоп, кариерата на прво место, а кога ќе се видевме правење планови 100 год. ни се малку да ги оствариме. Нормално ништо од плановите не реализираше пошо немаше време од работење. Излеговме неколку пати, видов колку е саат, и се оддалечив. Не сакав да му стојам на патот едноставно. Во неговиот живот реално немаше место за мене, сѐ беше само фантазија и едно големо “ќе” кое тој нема намера да го оствари. А ти си веќе подолго во врска и досега требало да процениш шо човек е и дали се гледаш себеси покрај таков во иднина. Чим си дошла на форум да бараш мислење, го имаш одговорот само прашање е колку си спремна да се соочиш со тоа.
Скроз идиот, извини вака ама стварно не знам шо гледаш во него. Можда пред 100 години да било би бил многу јако мажиште
Стол од 1000 евра а тебе ни чоколадо за 50 денари. Не знам искрено самото ова ми е огромен deal breaker а не па се останато.