Не ме сфаќај погрешно, ама имам впечаток дека типов или е од оние шкрти што само трупаат и трупаат и ќе умрат прости ми на израз и трупаното ќе стои, па ќе им го бараат под теписи, шкафови и фиоки, (таквите не чуваат само во банка ) и со ваков немаш перспектива, или собира за да си оствари друга своја цел како приватен бизнис илли одење во странство и слично и за жал тука не си консултирана ниту вклучена, односно со или без тебе ќе си го остварува тој сон. Саможивник е типот и не е за врска и семејство, барем не во догледно, а прилично долго време и не со тој ум.
Овој и да го откачиш нема да примети, пак ќе си прави планови. Имам чувство дека те гледа само како кандидат за улогата на сопруга, не како личност. Сеедно му е дали си ти или некоја друга. Што поточно те држи уште за него? Ова се што наброја до сега е крш.
Многу пати имам зборувано со него на оваа тема и дефинитивно не ме сфаќа, или секогаш ми каже дека за се ќе се консултира со мене и се е за наше добро и утре на нас да ни било убаво. После тоа заборава се што сум кажала. Исто смета дека одење на одмор е непотребно трошење на пари а притоа цело време дава идеи за одмор. Со години работи и пред да е со мене, има пари лично видов колку е голема цифрата, не сака во ништо да вложи, нема прошетано, за основни работи не се разбира и нема познавање битно е магистер, дома не сака да среди да заличи на куќа, нема авто... И ова ме го кажувам бидејќи сум материјалистка ама реално се ова е потребно за нормален живот.
А кај се твоите планови? Ги знае он? Ги има предвид? Мислам дека само си го трошиш времето. Да го седнеш да разговарате ќе е иста приказна.
Бидејќи сте 2 години заедно можеш ли да му речеш : Викендов сакам до Охрид да одиме? Или Утре одиме да изберам спална за во станот? Типов си живее у некој негов свет, полн со предрасуди и мислења од 12 век... Се чудам како воопшто си издржала толку време со него. Тип ко него смета дека таа што е со него е привилегирана и треба да е среќна само зошто он ја избрал за партнерка. Скар со емоции - не ти треба ваков у животот, мењај на време.
Не е љубов ако тој прави за тебе планови, без консултација со тебе. Како му дозволуваш така? Да сум на твое место, 2 секунди не се мислам дали да останам со него. Не трпам некој ни да се обидува да ме контролира. Бога ми!
Немам слобода да кажам ајде да изберам спална или ајде да одиме во Охрид бидејќи и покрај се јас имам чуство ако го кажам тоа дека јас сама ќе треба да извадам пари од џеб и да го частам патување во Охрид или сама да платам заедничка спална, затоа што ќе биде дека сакам да му ги трошам парите а планираме брак. Немам таква слобода бидејќи тој секој денар го пази како да за утре ќе нема леб да си купи. Скржав е за себе а не пак за мене. Ме прашува и мене за плановите јас кажувам се што сакам ама на крај од тоа ништо. Тој мисли дека нема потреба од спална кревет било доволно, нема потреба од телевизор бидејќи тој не гледа, имам чувство дека се што тој ќе купи дури и за јадење мора јадам умерено или да го користам купеното умерено. Не дека директно ми брани ама знае да каже некој таков муабет.
Дали му понуди заедно да го финансирате изнајмувањето и уредувањето? На тоа се спротистави и смета дека е машка работа? Во глобала мислам дека и двајцата треба да вложуваат, но ако живее во 18ти век и мисли дека треба мажот да обезбеди место за живеење тогаш нема разбирачка. Јас и дм и одење во Охрид и во кафич си делиме, ако некогаш некој има мерак ќе почасти и тоа е тоа. Не сакам некој да ми плаќа, ама искрено не сакам ни да плаќам често, ограничени ми се парите.
Абе како си со таков? Како воопшто 2 год. Си издржала. Ако не ти се допаѓа сега начинот на кој се однесува со тебе кога ќе се земете здравје уште полошо ќе се осеќаш, да немаш право на глас баш за ништо ... За шетањето ако можеш да си дозволиш твојот дел да си го платиш предложи му , мада што мсилам дека со таков не треба нид а се замараш ни да бидеш со него кмаоли да се трудиш уште после 2 год напразно зборење .
Да понудив, тој ми кажа да си чувам парите за мои потреби бидејќи сум на почетокот со кариерата, тој имал доволно се ќе сме сределе сепак се ќе било заедничко. Беше упорен да е така па реков ок ајде јас ќе давам пола кирија барем ама ни тоа не сака. Еве резултат станот празен еден кревет за него да преспие, работна маса и стол за игри. Нема машина за алишта и шпорет уште.
Ќе речев полека полека ќе уредите, ама не, битно столот за игри го имало. Нема да се смени, колку побрзо пресечиш, толку подобро.
Како мислиш скржав е, а дал толку пари за банална работа? Мислам со тие пари друг некој би опремил дневна соба... Не опремил ништо, значи не мисли на тебе и не си добредојдена. И да сакаш да одиш нема каде да седнеш а не пак да легнеш и да преноќиш таму.
Сакав да му кажам со 900 евра спална ќе купевме ама премолчев со негови пари си купил и си тера најнормално.
Не мислам дека не е добредојдена, туку тој бара да се адаптира таа на сите негови услови. Нема телевизор, има стол, оти него му треба. Не е битна таа. Жена ќе му биде, за да чисти, пери, готви и да му раѓа деца. Толку.