Со тоа што самиот бара да те скроз финансира, си дава изговор да може да те тебе контролира, ама уште повеќе да не можеш ти да влијаеш на неговото однесување на никој левел, односно кога и да искажеш некаква потреба, желба тој да може да ти одговара со „Не ли ти е доволно што се јас плаќам?“ или „Не ми се мешај, мои пари се“.
И ти сакаш цел живот вака да го поминеш? Да се стегаш, да се туфкаш пред да купиш нешто, да бараш согласност за секоја ситница, Море да гледаш само на слики, плановите да останат само на зборови, додека сите уживаат ти да се објаснуваш за глупоштини? И до кога? Овој да се смени нема, ќе стане бетер све ова у брак. Изгуби му се од животот и спаси жива глава, најискрен совет.
Искрено не знам како може после две години во врска да не се чувствуваш слободна да си кажеш мислење, до душа па и разбирам и да зборуваш и да кажеш џабе е, ваквите типови не разбираат. Реално да имаше некоја корист ти од париве негови па ајде да поќутуваш, да разберам, ама вака ти денар не гледаш па џабе си го трошиш времето сестро, бегај и остави го.
Исто така кога имав проблеми со наоѓање работа ми велеше не морам да работам додека не најдам нешто асално е дека еве тој ќе ми дава пари кога ќе се земеме да си имам (смешна цифра) и ми нагласуваше дека тој ќе плаќа кирија и јадење јас да не мислам ама со оној тон ако веќе мора ајде ќе правам така некое време. Неговата фамилија исто функционира имаат пари живеат во недоправена куќа, немаат излезено од градот подалеку, ништо ме виделе во животот, мајка му и покрај парите што ги имаат работи во бутик не дека сака туку самата си кажува од зор бидејќи мажот и не ја рецка и таа мора да живее од нешто. Кај мене дома споротивно се, моите имаат нормални плати не се богаташи па и имаме прошетано имаме дома се средено и нема делби мое твое. Мислам од тоа што гледал дома сега истото го прави иако со години живее сам. Па брак нели е заедница нели нема делби нели заедно ќе заработуваме и за се ќе се поддржуваме.
Не дури мислам подобро да немаше ништо, има пари ама само на сметка. Ниту вложено ниту дадено како што реков чоколада ми нема купено.
Прашај го дали планира во гробот да си ги носи парите, да го топлат таму? Реално и јас штедам и многу внимавам со пари, мм еднаш ми рече многу голем тамаќар сум била, ама имало и бетер од мене бе.
Јас се извинувам ама овој ми личи на типичен манипулатор, свесно те носи во бездна и да бидиш зависна од него.
Има некоја цел тој со ова штедење? Патување негде или учење во странство или купување друга куќа/стан, кола? Која е целта на штедењето?
Нема цел, сакал да си има пари а за ништо не ги троши, значи утре да живееме како да немаме без никаква цел.
Шо ја анализирате ситуацијава до корен? Колку купил, шо купил. И без парите ќе му се видеше однесувањето. Фрли го ко парталче и најди некој што стварно ќе те сака. Те чува оти ниту една друга нема да му го трпи срањево.
Чека дека нешто би се променило Е убаво си кажа. Гледал од тоа како терал татко му исто прави и он зошто мисли дека така е нормално. Бегај додека можеш, претпоставувам и дека си млада. После 2 години вакво функционирање ако не си воочила дека дечково не е во ред со постапки и слично незнам... Бегај , твојата среќа и живот не си ги заробувај. Он нема да се смени тоа е факт. Он е нарцис и тоа е дијагноза кај што он треба да се лечи.
@Jovys Што бараш уште со ликов? Јасно ко ден е дека тој нема да се промени. Бегај. Значи не чекај да се промени бидејќи тоа нема да се счучи. Подобро сега отколку кога би биле во брак. Тогаш би било полошо. А за да не дојде до тоа, тргни се на време.
И уште совет бараш, ај уште еднаш прочитај што имаш пишано за него, сама ќе си дадеш одговор. Како си издржала толку со него. Утре, задутре можеби ќе ти ограничува колку и да јадеш
Можеби си штеди пари за нешто, не знам зашто очекуваш да купи он телевизор кога он телевизија не гледа, и јас не би купила, и мене ми изгледа дека ти си видела дека он има повеќе пари од тебе па сега наместо ти да даваш зашто он не давал, сакаш заеднички се да средите и еднакво да давате придонес а викаш зашто ти да плаќаш.. Дечкото едноставно си направил приоритети, дава пари за тоа што мисли дека е важно, и заштедува со тоа што не дава пари за тоа што мисли дека не е важно, јас не би се лутела за вакво нешто, сосема е легитимно секој својте заработени пари да ги троши како он сака, имате кревет рече, имате кај да спиете, сакаш спална, оди купи си, он мисли дека тоа не е потребно сега баш да се купи и тоа е тоа.
Според ова ако еден ден живеат заедно и се во брак и на некој период она остане без работа и не придонесува финансиски значи не смее да изразува желби и потреби? Пример, ако он е научен на брза храна а она сака поздрави опции тогаш нема право на збор бидејќи он заработил? Ако секој гледа свои заработени пари тогаш зошто заеднички живот? Па и цимери до толку не тераат секој само своето. Секако не треба да се очекува само од него а притоа девојката да не допринесува на никаков начин, ама не значи ни па дека не треба да има право на никаков избор а живеат заедно