И што ако е богат кога ни чоколадо и нема купено, ниту па ја има прошетано некаде. Типот нема ни кола, се влечи по автобуси. Ни телевизор не сакал да купи пошто не гледал тв. Ме асоцира на неандерталец. Изгледа е од оние шо ги чуваат парите под перница, гибројат и им се радуваат. Е нема полоши од таквите. Девојче, извини ама често те читам и стално само некои безвезни совети пишуваш, ако можам да ги наречам совети. Баш ко за инает да пишуваш, не за да си од помош. Скроз утната поентата. Од се’ шо го наведи членката како проблем ти се фати за најбаналните работи. Па сеа и крива ја направи оти му рекла да купат телевизор. Боже ме сачувај.
На што личи таков живот? Секако дека секој сака среден стан, дневна, спална, кујна. Девојката спомна дека уште немал шпорет? Ама има столче од 900 евра? Каков е тој приоритет? Секој може да си дефинира сопствена врска, ама некои работи се подразбираат. Како што спомна членката погоре, ни цимери не живеат вака. Тој човек не сака заеднички живот.
Тогаш не ме читај.. И јас не би купила да речеме клима, само затоа што мојот партнер сака клима, јас клима не сакам и не би купила, исто и за тв, ако неќе, зашто да купи..
Епа неќе, тоа е проблемот, убаво си пиша, он имал пари и она видела дека има, и сега неќе нејзини да дава.. Значи ако јас сакам нешто да купам и имам пари, ќе одам и ќе купам, ама она неќе да даде нејзини пари.
Така е, нека си купи она спална, штом на него не му треба нека си спие во неговиот кревет, она на спалната. Кој бисер си ти
Упорно со глава в зид. Добро супер си, терај, се’ е океј, нема да те читам. Само не сум прва шо сум го воочила тоа, не ќе да е само во мене проблемот.
Па добро и јас имам пари за букет па за валентајн јас ли да си го купувам, дечко ми не мора ништо со негови пари..Него ако не му треба цвеќе нека не троши ни на мене...
Па иди живеј во пештера и крај. Никој не ти брани,само не ги терај другите истото да го прават. 21 век и сеуште постојат такви размислувања дека клима не треба,кујна не треба,спална исто
Спасувај глава девојче од ваков. Утре ако бидете во брак ке си бидете поделени во финансиите, ако немаш ти пари за на одмор да речеме а он има , он ќе си отиде а ти ке седиш дома зашто немаш пари да одиш, тој нема да ти даде. Имам пример ваков во фамилијата каде што мажот има пари ама ги калапи, а жена му работеше за минимална плата во шнјадерница за да има колку толку за основни потреби. Кога треба нешто за дома да се купи или недај боже да треба нешто да се реновира нема шанси он да прифати. На одмор оди сам затоа што жена му немала пари за неа да си плати. Требаше женава да прави заби и си зема кредит затоа што он не сакаше да и даде пари. Дома им е хаос, старо, пред распаѓање, плакарите ги потпираат со столови за да не паднат вратите, кујната се распаѓа. Женава се нервира вика да немаме пари во ред е ама вака он да ги чува парите а дома се му се распаѓа.
Се смеам зашто ме потсети на македонска народна приказна со каскатиите ама работава е за плачење. Себичност и изживување. Зарем постојат вакви луѓе?
Да бе он води и минималистички живот. Само основи “работи”, кревет, стол од 900е и копјутер. Зошто да купува повеќе, која е потребата? Искрена да бидам од толку работи што ги прочита за него сакаш да кажеш дека девојката е крива? Дека она бара многу? Кажи ми дали прочита дека она сака он да ја купи спалната? Или види убаво дека се понудила да ја купат заеднички? Зошто да инвестираш во стан кој не е ни твој? Сите немаат пари за расфрање, не посебно со ваков човек. Како велат ако нема ништо паметно да кажеш подобро и не зборувај.
Преовеличувате (ако го погодив зборот). Едноставно е нека го остави и нека се спаси. Кој не се сменил до сега нема ни од сега. Нека проба еднаш да збори шо и смета, нека му даде шанса ако не чао чао. Не ми одговара некој? -Чао. Ценете се малце. Не сме тука за да чекаме ѕидот да се претвори во врата. Фала многу пријатно.
Седи те лаже. Утре ќе ти рече: Да не те соберев јас од улица уште ќе си беше мома, и пред сите ќе збори како ти немаш никаков придонес и тој се сам постигнал. Тоа некако ти иде како да работиш со години неосигурана и без придонеси и утре чорба пензија.
Како да знам дека му се свиѓам или е само фин така со сите па и со мене? У бунило сум не сакам да искочи дека си праам филмови.