ne vo nikoj slucaj..gledam deka kolku sum jas podobro tolku na glava m i se kacuva? da cekam li onn da me pobara pak lafille ili da mu se javam jas?nee znam???
Тој нека те побара. Нема зошто ти да го бараш. Е во случај да го нема недела дена, тогаш побарај го и речи му дека е време да разговарате. И тогаш ќе знаеш дека нема потреба што повеќе да се измачуваш...
Се сложувам со Лафиј, тој нека те побара. И се надевам дека ќе го решите проблемот... со среќа Срничке!
fala vi za sovetite mnogu...kaj i daj e ke poludam vcera od 2 saat ne sum go cula....ako me saka vistinski ke me pobara pak ke se potrudi..ama ako ne mu e cista sovesta ne znam...moze i ne nae sto da mi kaze...stvarno ne znam...ke si cekam
Само немој да очајуваш. Телефонот стави го подалеку од тебе за да не паднеш во искушение да се јавиш. И што ако не си го слушнала од вчера? Светот не пропадна нели...И нема ни да пропадне...И се дури ти попушташ тој така ќе прави. И еден ден ќе му здосади, верувај ми...и тогаш ќе бдие полошо за тебе затоа што тој ќе ти раскине и ќе се утепаш плачејќи...вака, остави го нека се излади малку, а и ти малку подразмисли дали сакаш да продолжиш вака или не...
Па после викендот, а и вчера, а претпоставувам дека и порано имало нешто слично, тогаш би се посомневала, ама дефинитивно не би му попуштила. И по било која цена ќе инсистирам да разговараме. Доколку не сака да разговараме, тогаш и нема што повеќе да си кажеме...Затоа што постојаното уверување дека не е ништо значи дека има нешто. А ако има нешто, тогаш бегај подалеку од него...
Уф, еден ден можеби и ќе ти раскажам што ми се случи мене со еден таков...но верувај ми, дека после ова ќе излезеш посилна и подобро ќе можеш да ги проценуваш работите и луѓето. Не велам дека ќе биде совршено, но ќе имап едно искуство повеќе. И немој да се чувствуваш како глупача...ти си само едно заљубено девојче...Како и многумина други...како што сум била и јас...Немој никогаш да се потценуваш самата себеси...
a kako da sfatam..kkao da otkrijam..se mi e haos vo glava zimi se..ne sakam vo takvo nesto da veruvam..mozes li vo ovaa nasoka da me posovetuvas?
Ако не сакаш да веруваш тогаш зошто ти е мој совет? Јас не можам да ти помогнам да почнеш да веруваш...тоа е твоја сопствена одлука...
sum bila premnogu naivna lafille sfativ... lafille pocnaa nekako ocive da mi se otvaraat...ama mi treba tvoj sovet ili taktika kako da go otkrijam da go fatam...kako ti otkri..ti vikam se mi e haos vo glavata :?
Јас открив сосема случајно...Го фатив во лага...Негова маана беше што не памтеше што ме лажеше...моја маана беше што во тоа време имав меморија како слон и кога го фатив во лагата, не му кажав веднаш туку го оставив уште некој ден да си мисли дека ме излажал. И потоа пак го препрашав за истата работа, и пак ми ја кажа првата лага наместо втората...и се ми беше јасно...Но ти најдобро си го познаваш дечкото...некои работи што палат кај едни, не палат кај други...
e da vo pravo si...na momenti lafille i ne znam bas dali vistinski go poznavam..ako sme 3 god zaedno :?