Ама ме викна на кафе. Ние се знаеме во живо едит: ама ме интересира на кој начин ме вика може ме сака за другарка
Мислиш на тоа што не сум сигурна дали да одам или дали му се свиѓам? Не сум сигурна затоа што не сум излегла многу оддамна со машко и трема имам да не треснам нешто што не треба или да не не изгледам доволно добро што знам. А ние вака се знаеме и пишуваме.
Мислев за тоа зошто не си сигурна дека му се свиѓаш ако веќе те поканил на кафе веројатно му се свиѓаш А трема сите имаат, не само ти, може и тој има, не е страшно. Доволно добро изгледаш сигурно, само си престрога кон себе како и повеќето.
Излезете и сама ќе процениш по неговото однесување, иако мислам чим те викнал му се свиѓаш. Со среќа.
Се се започнува прво со другарство. Не ќе одиш на колење шо те фаќа толку трема. Кога веќе се знаеш во живо нема потреба од трауми. Само лабаво, биди таја шо си.
Здраво феминки, имам пишувано и претходно на оваа тема, но еве ќе напишам и на кратко. Имав долга врска, но многу турбулентна, долго време бевме и на далечина, јас во Скопје, тој замина Швајцарија и се случуваа работи што придонесоа до крај. Ние прекинавме и сметам дека така е најдобро и за двајцата. Во меѓувреме, уште додека бев во врска, запознав еден дечко со кој почнавме да се гледаме. Несомнено, беше тоа што сакав. Откако прекинав со дечко ми, ние продолживме да се гледаме и навистина ни е убаво заедно. (Да напоменам, не прекинав со дечко ми ради вториот, туку дефинитивно не ни одеше и секако ќе беше крај.) Пред некое време, тој го смени однесувањето со мене, не на лошо туку на поладно... Оставив така, не реков ништо и 7-8 дена подоцна ми пиша дека сака да разговараме, зошто односот ни бил променет. Разговаравме и ми вика дека предолго време сме заедно недефинирани, дека му е многу убаво со мене но дека сака да ставиме пауза во нашето гледање и да размислиме што сакаме од нас. Па понатака, или да прекинеме или да бидеме во врска. Рече дека премногу работи се случувале додека сме се гледале, и тоа што сум имала дечко на почетокот итн придонело тој да не е сигурен дали сака врска со мене или не... Исто така, искуството од негови претходни врски исто така имало влијание и дека му треба време малку да анализира. Претходно, кога разговаравме за врска, тој постојано викаше дека не е спремен и дека не е до мене туку е до него. Реков да го земе потребното време и дека се согласувам со него. Рече дека сака да бидеме во контакт, само да не се гледаме. Откако се разделивме, ме побара за кафе, пиевме во друштво, па пишувавме еден ден рандом муабет итн. Сега, како изминува времето не знам дали тоа е навистина она што го кажа или има работи во позадина... Во целина, е искрен и не се двоуми да биде директен. Сакам да слушнам ваши мислења за ова. Фала ви.
Биди спремна на секаков исход од ова. Можеби е искрен и навистина му треба време и простор. Ама немој да се разочараш и ако му е само тактика за да прекине со тебе. Не би можела да кажам што навистина би можело да биде од ова. Прати ја ситуацијата, како ќе се одвиваат работите,времето само ќе покаже.
По мое, сака врска со тебе, сте се поврзале, но му пречи минатото т.е. смета дека исто би му направила и нему. Затоа се двоуми. Те памтам иначе од порано кога пишуваше.
Мислам дека е искрен со тебе. Сте почнале како ,,по потреба,, и така гледал на тебе, нормално и ти него. Е сега нормално судбината си го прави своето и почнуваат непланирани чуства еден кон друг, и шанса да бидете заедно. Дечково се сепнува, чекај не планирав така, она ми беше за ,,онака,, и извини шо ќе сум искрена но тоа е само мое размислување односно како јас би изреагирала : Во овој стадиум почнуваат прашањата и мислите - Јас не би бил со девојка што го изневерува партнерот, штом го направила ова со мене, може и мене , дали би имал доверба во неа ако сме заедно, зошто ми е убаво со неа а не планирав итн Дај му простор да си одлучи самиот пошто се наоѓа помеѓу две опции - Срцето или разумот.
1. Или е искрен со тебе, не е доволно сигурен во тебе 2. Или му имаш здосадено паралелно почнал да се допишува/ гледа со некоја па сега си бира со која ќе биде Според мене е нешто од ова Јас во принцип мразам луѓе како првите што им треб не знам спремање и сл. Ило сакам да сум со некој или не Смо времето ќе покаже, лесно е да се каже ама биди колку што можеш без очекувањ веќе