Во право си, веќе неколку дена е дистанциран и воопшто не се однесува толку "заљубено" како пред некое време, чудо колку red flags можеме да пропуштиме ако не сме доволно внимателни.
Некое време се допишувам со едно момче и навистина ми се допаѓа. Мислам дека оди океј, но бидејќи сме од различни градови, и тоа баш далечни, не знам ништо за него. Моето прашање е што би мислеле доколку следи и заследува девојки на инстаграм? Знам дека бидејќи не сме во никаква врска не треба да ме засега, но ме интересира што би мислеле вие. Фала ви
Да тоа е во ред, но од каде можам да знам дека не пишува со повеќе девојки истовремено? Мислам, знам дека немам право да барам или очекувам да нема контакт со ниедно женско бидејќи не сме ништо официјално, но навистина не сакам да губам време доколку тоа е случај, или пак да бидам втора-трета опција.
Дур не си во врска со него, немаш право од него да бараш да не се допишува и искача со други. Дур вие не излезете и расчистете на што сте, дали само се гледате или сте во врска, го има секое право да се допишува и гледа со други, исто како и ти што го имаш.
Не можеш да знаеш, си ја пробуваат среќата, ако не со тебе со друга, тоа е реалноста или ќе ја прифатиш или ќе се јадосуваш беспотребно.
Јас мислам дека дечкото не гледа во тебе барем сега за сега некој со кого би имал нешто озбилно и си бара плус некоја да има за во случај да не бидне ништо со тебе, доколку продолжи да го прави тоа додека сте во врска, тогаш е друго, а сега мислам немаш потреба од грижа затоа што голем дел од машките што се убави и привлечни го прават тоа.
Значи нит си излегла нит си го видела во живо почнуваш со контролирање. Токсично в крај. Дај боже детето да види навреме со кого си фатил работа и да се спаси. Ти сега ако си ваква, во врска којзнае како ќе го тормозиш.
Чекај бе па ти, уште не сте се фатиле и одма љубомора те фаќа. Слободен си е човекот, нека си заследува која сака.
Од една страна да, сингл човек може што сака да прави, да се допишува со колку сака, да искача со колку сака and all those good stuff. Ама, како таков човек да го сфатам сериозно ако пример одреден период си посветуваме премногу време за допишување и запознавање? Ја не би почнала врска со таков што заследува, лајкнува, реплајнува и искача со све и свашта а притоа се допишува со мене. Сепак, зависи и што е допишувањето. Реплај на стори не се мери исто со подлабоко запознавање.
Е ај еве хипотетички да речам... се допишуваме. Уште од старт да очекувам од тебе дека че бидни нешто повеќе од допишување и се да прекинам да пишувам и да се фокусирам на тебе со сета моја енергија и мисли? ЗОШТО? Што ако ме заебиш? Далли јас остарев или не знам, порано така размислував дека ако се допишуваме мора само со мене, па побогу не сме во сериозна врска па сеа, ај че се лутиме на некој начин..
Е добро ти од старт подлабоко се запознаваш со некој? Што ти значи тоа од старт? Ако и после 1-2 месеци редовна комуникација, споделување секојдневни ситуации, проблеми, тешење, помагање итн. имаш намера да се допишуваш со други женски за да не си заебан, не ќе да е до другата личност. Затоа пак викам, многу зависи од типот на комуникација. Ако е нешо без врска тралалајка муабети нормално дека ни двете страни нема да вложат ни време ни енергија во тоа.
Тоа значи дека не ти е битна девојката, битно е некоја да се “упеца“, ма каква и да била И ако ти враќа значи дека нема да те заеби? Може ти враќа на пораки ама во живо се гледа со друг.
Јас ако видам дека имам шанси со некој, без разлика што офишали не сме у врска, не пишувам со други. Не збориме за лајкување и следење него баш она што рекоа, допишување со повеќе истовремено. Чим ми се засвиѓал некој, целам кон тоа. Ако расчистам дека неќам ништо со него, прекинувам комуникација и тогаш може со други. Оти ако ме одбере мене рандом ко на еци пеци пец од повеќе, е тука е све освен искрено допаѓање.
Епа ако те интересира стварно некоја ќе трошиш време на неа, да ја запознаеш подобро не да бараш алтернативи.
Ова да пишувате со друг/а за првиот(а) да не ве заебе, кажува дека сте со некој само колку да не сте сами и едноставно чувате луѓе за резерва.