Муабетот ми беше ако уште од самиот старт напнувате на тој начин, токсично е. Човек што ве почитува и сака и ве мисли, че ви покажи со зборови и дела. А профи женкарите или оние шо трчаат по многу машки, нема ни да ги препознаете ни дознаете.
ЗНачи според тебе ако моментално пишувам со неколку личности, сите се потенцијални за врска????? Не можам да имам пријателка ?
Ако со една пишуваш на флерт начин, со други пријателски е едно. Ако со повеќе флерташ у исто време е несериозно малце. Ние за второво збориме
Не напнува никој 24/7 да се допишуваме ама кога се дошишувам со некој очекувам дека ми пишал зошто се интересира за мене и сака да ме запознае подобро а не да види дали ќе се упецам или не па да реши дали да продолжи да ми пиши или не. За какви дела збораш? За пишење паралелно со други? Не се согласувам ни со последната реченица, освен ако е младо и неискусно девојче. *Зборам за флерт, се разбира. Плус, ако девојката не е заинтересирана нема ни да ти враќа на пораки.
Пред некое време пишував дека се гледав со еден дечко и дека планиравме ете нешто сериозно, на предлог каде да живееме ми рече може и во некоја мала соба, стварно поправете ме ако грешам ама од тие бајки ми е прекуглава дојдено, не барам јас луксуз не сум ни јас нешто богата ама, до толку да размислуваш плитко не верував дека ова ќе го доживеев некогаш, од куќа на 3 спрата да идам да живеам под кирија во една соба??? И после некој ќе рече не било битно каде си, туку со кого си. Искрено мислам дека не треба да останам со дечково а штета ми се свиѓаше, какви машки постојат што сеуште веруваат во бајки и приказни
Не сфаќам, заедно сте па размислувате за заедничко живеење или...? Вака ми звучи како да не сте баш сериозни, инаку секако не мора да остануваш со него заради некакви принципи со кои не се согласуваш.
Не грешиш, секој си има право да си одбере кај сака да живее, дали во една соба, дали во палата, и се измеѓу. Грешиш само ако очекуваш од него да ти ја овозможи желбата без да придонесеш ти, или да придонесеш многу помалце од него.
Дечково не го заслужуваш, тоа е едно. Друго, многу почнале од нула. Од една собичка, па изградиле куќишта. Тргни се на страна од него и препушти на некоја што ќе го цени она што ќе и го понуди.
А ти очекуваш од него да среди за живеалиште или еднакво планирате да се вложувате двајцата? Ако очекуваш од него и тоа е еден вид бајка да знаеш, мажот херој, финансиски и овозможува се на жената. Ако сакаш подеднакво да се вложите, не знам зошто би прекинувала контакт со дечкото ако во се друго сте погодени и ви оди муабетот. Кажи му дека ти нејќеш во едно собче и видете во што можете да живеете што ви одговара на двајцата. И малку поголемо одколку што тој сака, и малку помало одколку што ти сакаш, врските секако се компромис, ако еден тера цело време само со своите желби, одма можеш да најдеш нешто за да прекинеш.
Абе да така е од страна кога гледаш, а овде 90% што пишуваат вака би се тргнале од некој што нема пари за гаќи, ама најлесно е да се збори дека некој многу бара јас не барам палати и вили, него нешто на ниво со мојот стандард сигурно од ајде да не речеш се фалам ама како поинаку да кажам? Од ок куќа да идам во подрум да живеам, ама ок. Проб не е човек да почне од нула, него од тоа што на дечково му е доволна една соба, сега појасно ли е
@franca те памтам уште кога пишуваше дека живеел во село и дека дома му било старо, па дека не е за тебе, дека ти државна работа, тој приватно работел. Ама уште си со него. Чим ти предложил во една соба под кирија значи тоа е за во град? Искрено гледам дека цело време ништо не ти одговара за него, а уште го мачиш детето и не те разбирам. Ако тој решил да дојди в град, како сакаш да почни, на крената кирија, сметки се? Тоа каква куќа имаш, твое си е, не не интересира на форум. Ама ако сакаш да почниш нешто со детето треба двајцата да се вложите, не на него да очекуваш. Јас гледам дека ти сакаш овде некаква бајка. Не го мачи детето, ни ти не се мачи. Инаку познавам лично јас кои од нула, од ни една соба почнаа, а многу направија заедно, ама тоа не е тема на муабет.