Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    А зошто не го земеш кај тебе да живеете? За да не си ја оставаш куќата од три спрата...
     
    На prashinka, cresa-jagoda, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Заклучи го во подрум без пристап на интернет.
    Не сте се ни виделе и веднаш љубомора. Вакви несигурни немојте да започнувате врски.

    Човече,советов |(
    Боже ме сачувај, еднаш напиши еден асален совет како што треба.
    Како баш виде дека нејќе ништо озбилно со нејзе? Со двоглед ли виде?
    Или само затоа што ти не сакаш машки што имаат многу женски за пријателки или додаваат или пак твојот е таков, тоа значи дека перцепцијата на работите ти е лоша. Симни ги розевите очила.
     
    На Сара Лав и christinnn им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.210
    Допаѓања:
    44.016
    Пол:
    Женски
    Тука сите пишуваат како да се во романтична приказна што апсолутно нема врска со реалноста. Нема да ти помогнат.
    Мене ме интересира, искрено, кој заработува повеќе, ти или он?
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.154
    Работи приватно со договор до април месец после господ знае еднаш ми спомна дека зема 20.000, јас администрација земам 16.500, (не сум богаташка како што може да се види) само што он плаќа се сам живее, јас не плаќам сметки и имам доста пари собрано, ме имаше викано да живеам кај него, ама да идам во планина со мечки не знам колку е паметна идеа, и ми рече тогаш да плаќаме стан, не знам дали кажав, ми рече дека не сака Скопје центар дека било многу поскапо, туку може и некој град ама само да не е Скопје баш центар и секако ме убедува дека не е битно каде си со што се согледувам и јас не сум материјалиста ама од воздух не се живее ако сме реални!!!!!!
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.210
    Допаѓања:
    44.016
    Пол:
    Женски
    А колку време сте заедно? И од Скопје си?
     
  6. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски

    Почнаа со критики,но да се на твое место истото би го помислиле и би се запрашале што и како да одлучат.
    Не знам колку време сте заедно и каков тип на врска имате..
    На за почеток би те советувала да размислиш дали навистина го сакаш,одреден период во животот барем наредните 5 години ги замислуваш со него.
    Дали имате доволно финансии да плаќате стан под кирија кој според мене треба да има макар една спална,дневна со кујна,за сметките да бидат подмирени,за храна,пари на страна за " не дај боже ситуации" ,некоја вечера или пијачка барем еднаш во месецот сами или со друштво,за одмор..
    Затоа што не е фер да се лажеш самата себе,ниту да го губиш и неговото време.
     
  7. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.154
    Абе, многу смешно... Јас живеам со моите родители, домазет не верувам дека им треба...и ваљда ако некој е спремен за нешто посериозно треба да обезбеди услови... Све се поремети во светов веќе не се знае дали маж кај жена треба да иде или жена кај маж.
     
  8. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    не грешиш , ако не размислуваш сега за твојата иднина,утре може да е предоцна.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Пишав некоја со која барем сега за сега не планира ништо озбилно, не испревртувај, кој планира нешто озбилно со човек со кого уште немаат ни искочено?
     
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.724
    Допаѓања:
    24.056
    Пол:
    Машки
    @franca дали ти потсвесно или намерно бараш партнери што мислиш дека се под твојот стандард за да ги потценуваш на секој можен начин?
     
    На prashinka и Mikha4 им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ништо не е пореметено во светов, баш иде напред.
    Жена кај маж да иде е праисториско правило, патријархално в крај и многу заостанато пошто така одат жените кај мажот, ништо не добиваат од своите родители, све се препишува на машкото, и жените по обичај си се шетаат де навака де натака, при мажење кај мажот, при развод кај братот.
    Значи ти немаш ништо, ко што велиш куќата на родителите твои е.
    Фактички дечкото испаѓа дека повеќе има од тебе? Пошто куќата кај што си живее тој, распадната, ваква таква, ама негова, или грешно разбрав?
    Друго, ти имаш собрано заштеда, ама не плаќаш сметки.
    Ама сметките мора да се плаќаат, значи ако живеете заедно, тој со 20 илјади, ти со 16, тој и во плата уствари зема повеќе од тебе.
    Маж ми во првата година кога одевме дечко и девојка, значи само неколку месеци одевме, ми плати одмор, инсистираше ич да не плаќам, се осеќав ептен незгодно што не ми даваше да платам ништо, а не па да чекам од него да ми ги плаќа сметките и живеалиште да ми обезбеди. Јас што сум, со скрстени раце да седам, не можам струја да си платам, да чекам од него да обезбеди услови? Сама да се понижувам, сама да се правам смотана сосила, не доаѓа во предвид.
    Тоа пред ехеее колку години беше, ќе си рече човек помладите генерации се посвесни ама изгледа уште јако негуваме традиција.
     
    На jacqueline.s, cresa-jagoda, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    41.758
    Пол:
    Женски
    Дечково плаќа се и сешто дома, ти не, нормално е дека ќе се осеќаш како да се изразам а да не навредам.
    Почни да плаќаш дома сметки ти па ќе збориме.
    Таков е, или прифати или замини си.
    Никој не е должен да ти ги исполнува желбите.
     
    На Izaabella, prashinka, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Па тогаш скрати му ги маките на дечкото и барај некого што ќе може да ти обезбеди услови какви што сакаш.
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.406
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Па што му се закачи како крлеж ако не ти одговара, или неможеш да најдеш друг, па ти е страв да не останеш сама.
     
    На Izaabella, prashinka, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  15. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.154
    Ок, фала Ви на сите, тие што ми упативте навреди баш ме интересира дали во иднина би отишле од подобар кон полош живот, сакав нешто да успее со дечково бидејќи ми одговара и е добар човек, ете затоа се закачив ама како што реков од воздух не се живее, вие што можете од воздух да живеете, браво.
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ама проблемот е што да бараш некој што ти е погоден по карактер + богат да ти ги исполнува сите фантазии, од тоа поголема бајка нема.
    Убаво ќе беше да е така, ама не е.
    Особено во Македонија, со минимална плата бараме мажови со куќи на спратови, а да го дадеме истото за возврат не ни одговара.
    Тие што се богати парови, често не почнале така, се сакале и земале заедно го изградиле тоа што го имаат денес. Само луѓето одоколу не го гледаат процесот, само резултатот го гледаат.
     
    На Anie93, Ajronmen, januari19 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.509
    Пол:
    Женски
    Реално ти немаш стандард, моментално. Твоите родители имаат ама како што разбравме домазет не сакаат.
    Освен плата од 16.000 и заштеда, моментално друго ништо не нудиш. Како тогаш очекувате партнерот повеќе да има..
     
    На Ivan4e04, Izaabella, Bella ••• и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.406
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Па што не си обезбедиш сама услови за да го имаш тој убав и лагоден живот што го посакуваш, не гледам зошто го очекуваш тоа од некој друг да го направи за тебе.
     
    На Flower27, Ajronmen, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  19. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Ако размислуваш дека е сиромашен и не е за тебе, тогаш не си во право. Но навистина не се живее во една соба. Важно е да е прав маж, да се снајде, да спечали пари и да купи стан или да изгради куќа, а не да се предаде, да седи со скрстени раце и да рече дека доволно е една соба за живеење. Важно е да има љубов во врската, останатото не е важно. Грешка ќе направиш ако го оставиш заради тоа. Но доколку нема да направи ништо за да живеете во куќа или стан, тогаш веќе тоа не е за толерирање.
     
    На raww и franca им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Кој подобар живот бе срц?
    Подобар живот со татко ти и мајка ти да ти плаќаат сметки, а ти плата од 16 илјади?
    Никогаш не би ти рекла да се потценуваш себе си или да си ги намалуваш желбите и аспирациите. Кај сакаш таму да живеш, дали во Скопје, во Центар, дали во странство, убаво е да се стремиш кон се што си имаш замислено.
    Ама на погрешен начин го бараш тоа. Сега татко ти и мајка ти плаќаат сметки, утре бараш маж што ќе ги плаќа. Малце и контра услуга ти направиле твоите што не ти помогнале повеќе да станеш независна.
    Од воздух не се живее, ама дечкото испаѓа дека има повеќе од тебе кога ќе ставиш на кантар.
    Еве пошто праша за личен пример, во моментот јас кога го запознав маж ми не работеше ништо. Значи во моментот ја изгуби работата и баш кога се запознавме живееше од заштедата од претходно.
    Денес, јас можам слободно да не работам ако сакам и уште 3 деца да му родам.
    Ама никогаш не ми биле парите побитни од него.
    Денес можеш да имаш пари, утре можеш да ги изгубиш и да си среќна минимална плата ако воопшто земаш.
    Едно е човек да е мрзлив, инаетлив, да нејќе компромиси да прави, да нејќе да се труди за ништо, со таков нема иднина.
    Друго е ова што го опишуваш.
    Куќа на 3 спрата, ја нападна Русија на Украина, ги напуштија луѓето куќите и се молат да ги примат други држави и да ги послужат со чајче во кампови за бегалци.
    Ама крај краева, и дури да сакаш богатство е во ред.
    Ама да го нудиш и ти истото за возврат, не само тој да се мисли за финансии, сите сме работоспособни.
     
    На Annath, Ivan4e04, Izaabella и 10 други им се допаѓа ова.