Се согласувам и мене ми е јасно како стојат работите. Но очигледно девојкава е убедена дека постои идеален маж, кој, меѓу другото, ќе и' обезбеди и услови баш какви што таа замислила. Нека проба да најде таков, па кога ќе ја согледа реалноста, ќе сфати што е суштински потребно во еден однос и дека не треба луѓето да ги проценува според нивната моментална финансиска/имотна состојба. Некогаш не разбираме што ни кажуваат другите, па потребно е некои работи да ги искусиме самите за да престанеме да веруваме во бајки.
Нема пак да биди среќна и кај богатиот че му најди маана. Trust me, имам искуство со слична како оваа.
Мене ме зачуде зашто кога му реков дека моите скоро се уредија во станот на сестра ми кога се мажеше со нивни пари он не рече, па добро требало малце и од на зетот страната да помогнат а не само твоите, туку ми рече па добро за ќерка им направиле тоа што треба, така и треба понатака и за внуците исто се треба да придонесат , нормално е тоа? Друго, ми имаше предложено и да дојде кај мене да живее, мене тоа не ми е пријатно ни малку, во врска со тоа упорно ме убедува дека може да се живее во една соба ејј живот во една соба, дури еднаш ми рече ќе бараме некаде некоја соба за да живееме и тоа е доволно за живот, или ја не сум во ред или не знам, не ми се свиѓа ова, подобро сама ќе седам. Фала ви на советите што ги споделивте, извинете на замарање, навистина сакав да прочитам мислења.
Не не замараш, за тоа е форумот. Она што сакам да ти го кажам е дека ситуацијава со дечково не е битна. Битно е како размислуваш, да речам твоето воспитување и сфаќање на работите, што ако си свесна можеш да го смениш. Ако не си, ќе ти прави проблем истово и во други врски во иднина. Од општеството и од родителите ни е напикано во главата дека како женски одиме кај мажот и тој ќе не издржува финансиски што е крајно погрешно и корен на еден куп проблеми со кои се соочува македонската жена. Себепотценување е и себепонижување е да се чека од мажот да обезбеди услови додека и јас сум исто работоспособна. Ти викаш ти било глупо што тој се понудил да живее кај тебе, а ти нели за неговата куќа оценуваше колку му се стари работите, намештајот? Зошто ти да смееш, тој не? Кога си во сериозна врска со партнерот, не се гледа твоите родители на колку спрата живеат, колку големи плати земаат твоите, исто и неговите. Се гледа каква плата земаш ти и каква плата зема тој. Се гледа дали си ти спремна за работа или мрза, се гледа истото и за него. Исто и бебе кога се раѓа, и моите и на маж ми родителите ќе купат поклони од мерак и ќе ни одмалат од трошоците. Ама ние кога планираме бебе не ги рачунаме нив дека ќе ни покријат дел од трошоците. Гледам јас дали можам да си покријам 100 % па ако можам, раѓам, не чекам на родители. И во однос на тоа се прави проценка каков живот вие двајца можете да си приуштите. Е кога ќе тргнеш од тука, ќе сфатиш дека ти и дечково сте малтене во иста ситуација финансиски. Слична плата земате, живеалиште немате баш сопствено. Наместо заедно да си вложите енергија и да создадете нешто заедничко и убаво, ти ќе фрлиш во вода врска со човек кој карактерно ти е погоден, ама нема доволно пари. Еми не може преку леб погача Тој што те убедува за една соба, можеш да му кажеш да не те убедува. Ако нејќеш да живееш во една соба, нема што да те убедува да го смениш мислењето. Ама стан во Центар, а да не е една соба, односно да не е гарсоњера, е ајде да речеме, ќе најдете до кај 10-11 илјади. Уште сметки на тоа додади 5-6 илјади + греење. Сметки за телефоните, бензин во колата или автобуси да плаќаш, храна, да излезеш на кафе одвреме на време, вие тешко дека со двете плати вкупно 36 илјади ќе успеете сето тоа да го остварите. Има една поговорка, си ги пушташ нозете колку што ти е долга чергата. Ако гледаш дека платите не стигнуваат, или бараш помал стан, гарсоњера, или работа со повисока плата, не бараш побогат дечко Пошто сте возрасни нема веќе чекање на мама и тато, си заработуваш, штедиш, се трудиш и растеш така, излегуваш од комфор зона, еден ден и сама ќе си си благодарна што си се предизвикала себе си. Родителот секогаш ќе е тука да помогне, и 90 години да имам, пак ако имам да му дадам на детето, ќе му дадам. Ама не да се чека за основни работи од родителите ко сметки.
Види, немате исти интереси, не сте на исто ниво, што бараш со него? Не ти чини ништо што нуди тој, тогаш остави го. Барај си некој кој ти ги задоволува критериумите.
Не треба да иде никој кај никого. Зар има уште некој што сака да живее со свекор и свекрва по своја волја?
Да му се скараш, ништо од ова не е нормално, мое најискрено мислење. Те манипулира во најкратки црти.
Девојче извини вака, ама како мислиш дека тој може да си дозволи повеќе од една собичка кога сам се издржува. А, ти го очекуваш истото како твојата ситуација дома кога живееш со твоите и тие скоро се ти плаќаат. Која е логиката овде? И кое е тоа село со мечки, мислам, треба малку да оладиш со каприците.
@franca злато, никој не те навредува, само премногу бараш, навикната си на луксуз и бараш луксуз од партнерот да ти пружа. Зошто продолжи со него знаејќи дека моментално само тоа го има? Дали е тој должен тебе да ти исполнува желби? Дома плаќал со 20 илјади и нешто, придонесува, дали ти нешто придонесуваш? Неговото е за пофалба, не твоето. Можеби сега може тоа да ти го пружа, утре не се знае што. Никој не е должен да ти ги исполнува желбите. Мораш сама. Смени го начинит на размислување, вака никој нема да те толерира.
Во право си и ти, во право е и тој. Ставовите и гледиштата за животот ви се како север и југ, ти сакаш едно, тој сосем трето. Не ги земај предвид навредите и буцкањата од членките тука. Тука сите од љубов ако треба и во колиба ќе седат, ретко кој ќе ти даде објективен совет. Но, чим планираш да живееш со некој заедно претпоставувам си доволно возрасна и разумна да пресечиш тогаш кога треба. Гледаш дека не оди, ти имаш поголеми апетити, тој се задоволува со минимум и тоа ти е извор на сериозни проблеми и кавги во иднина. Поштеди се себеси а и него, барајте си слични на вас.
Буцкања се, изгорени сте да се докажите дека сте над некој и да осудите. Во темата за партнер со возачка не направивте спонзоруши зато шо сме сакале партнер шо вози. Се само вие сте во право и вашето мислење е на место. Во случајов јас не навредвам никого, ниту го осудив него ниту пак неа, 1000 луѓе 1000 различни карактери.
Не, само имаме поинакво размислување од твоето. Немам потреба на никого да се докажувам а не посебно на некој анонимус.
У ред е да имаш големи апетити, не е у ред што го потценуваш дечково зошто во моментов само тоа го има. Не знаеш утре што ќе ти донесе животот. Можеби утре ти ќе немаш а тој ќе има. Ништо против тебе, само се надевам дека знаеш што правиш. Со среќа.
Мене па ми изгледа дека дечково нема амбиции според кажанато. Но истото можам и да го кажам за тебе, сакаш да живееш убав живот, до сега ајде мама и тате ти помагале со голем дел од финансиите, ти си штедела. Ама ако сакаш убав живот, а гледам дека сакаш, мора да излезеш од конфорт зоната. Со 16к плата тоа ти не можеш да си го препуштиш. Сигурно нема да чекаш на дечко ти да ти ги препушти тие работи? Првен почни ти да си амбициозна, може си амбициозна во желби, ама во дела не ми изгледа така. И јас и сите верувам дека сакаме убав живот, ама во тоа прво ќе почнам од себе и ќе си направам план како да си го обезбедам тој “идеален” живот, каде што на листата ќе го нема поимот “да се омажам за богат”, од коа тоа самата ќе го достигнам, потоа ќе барам партнер со исти стремежи и амбиции. Засега ти и твојот дечко сте на исто ниво, ти со твоиве коментари чекаш од него, а он како да чека од твоите изгледа. Разговарај убаво и процени дали е амбициозен и какви планови има за иднина. Едно е да рече може да почнеме со едно собиче па понатаму повеќе, а друго да каже само доволно е едно собиче.
Некој другарки на дечко ми му дале да чува слики од нив во новчаник, многу сум лута затоа што ми смета и уште му немам кажано не знам како да постапам. Само да кажам однапред немав проблеми да се дружи со женски, но овака што направиле стварно нечини. Што да правам?