Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    Другарките не се криви што дале слики. Гледај дечко ти како ќе постапи со тоа.
    Ако ти смета, разговарај. Ако застане на нивна страна, знаеш колку е саат.
     
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Тие дале тој можел да одбие. Мада ова со слики давање го правевме за полуматура, сигурно сте таа возраст, не знам колку вреди да се замараш.
     
    На cresa-jagoda, x-MajaEsposito-x и christinnn им се допаѓа ова.
  3. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    25 години ќе пуни за некој месец, не е баш остај го па најди си друг. Добар и искрен е со мене, ми смета што така постапиле. Зборев и со негов најдобар другар за ова ми рече и самиот дека глупо постапиле. Ќе зборам со него.
     
  4. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.154
    Да кажеше можевме да собираме пари и ќе најдеме некое решение ќе беше друго а не да каже една соба е доволна! И тие што ќе кажат дека би живееле во една соба со некој и дека е битно да си со човек што ти значи а не собата е лага, не се живее од воздух!!!! Јас пак ќе кажам не сакам вили и палати само среден живот! Ама дечково нема абер од тоа се живее во една соба, епа нека најде некоја и нека живее во една соба! Тетка ми се омажи така, бидејќи битно е само човек да се омажи па знам кој маки ги протера цел живот без денар и куќата и беше на ризик да не ги исфрлат од дома, ама битно е со кој си. Фала ви уште еднаш!
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.509
    Пол:
    Женски
    Предложи му го ова. Направете план и следете го.
    Ако не сака, тогаш нема што друго да се прави тука.
    Меѓутоа двајцата еднакво треба да работат на планот, не може едниот да очекува другиот сѐ да оствари.
    И секако секој старт е тежок, но треба да се стремат двајцата да го надминат тоа. Со други зборови, ако една соба е единствено решение сега, да се работи да се промени тоа во иднина. Не мора ни одма заедно да живеете, штедете дури да се соберат доволно услови.
    Тоа е таа амбиција и желба за напредок кои се важни, како и кај машкото така и кај женското.
     
    На franca и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Секогаш е "остај го па најди си друг" ако не те почитува, нема веќе такво нешто како стари моми, има себе почитување и тоа е основа за здрави врски.
    Туку мене ми боде очи што мислиш дека дечко ти е крив за нешто што твоите другарки го направиле. Според тебе требаше да им ги врати или?
     
    На Juicy, franca, СуперДевојка и 3 други им се допаѓа ова.
  7. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    21.602
    Пол:
    Женски
    Ајде сфаќам да му дале слики, ама не сфаќам зошто да ги чува во новчаник.
    Малце ми е претерано тоа.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    А зошто не му кажеш ти па види што ќе предложи?

    17 години сум во брак, иако многу напреднавме од почетокот секогаш има нешто за средување, животот не е рамна линија како што ти си замислуваш.

    Дечкото очигледно сака да биде со тебе и е спремен за компромиси заради тоа, а ти бараш било каков изговор за да не бидете заедно. Ова од твоите обзервации и анализи кон него, цело време чекаш да киксне, вака кажал, така кажал. Не може само еден да прави компромиси а другиот да биде незадоволен нон-стоп, додуша може ама тоа е мачење, не е врска во кој некој сака да биде.
    Раскини му и заштеди го времето на двајцата.
     
    На Guns N` Roses и prashinka им се допаѓа ова.
  9. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Речи му дека ти смета и нека ги извади.
    Ако тие "другарки" ги знае подолго време, цел живот нема место за љубомора.
     
  10. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Прочитај го првиот пост па суди, тие не се мој другарки негови се, јас немам проблем што се дружи со женски, имам проблем што они така постапиле после него го судам што им ги прифатил. И неговиот најдобар другар ми рече дека лошо постапиле. Јас сакав само совет како да постапам, очигледно не го добив. Нема да му раскинам за ваква банална ствар, не значи ако вашите партнери направат утка одма требате да му раскинете ако постои верба и искреност во врската.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Во право си дека не се живее од воздух.
    Пробај еден месец со твојата плата од 16 илјади да плаќаш кирија, сметки и храна и ќе добиеш покристална слика што значат месечни трошоци, зошто ако твоите родители купуваат се за дома, а ти твојата платата ја штедиш, звучи ко @raww што ти вика, амбициозна на зборови, а не на дела.
    Пред да почнам сама да живеам, знаев колку пари е млекото, лебот, јајца, ама не знаев колку пати неделно се купуваат јајца пошто јајца секогаш имаше во фрижидер.
    Имај си амбиции, амбициите го туркаат човек да порасне, ама не од ситуација родители да плаќаат се - до ситуација маж да плаќа се.
    Мораш измеѓу тие две фази да се погрижиш за себе си и сама да си плаќаш.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, staycalm и 8 други им се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.959
    @wings12, а што има врска што му дале и што тој ги зел? Што е толку страшно, што ти смета? Мислиш дека ќе почнат да му се допаѓаат ако ги чува нивните слики (во новчаник или било каде) или? Плус, велиш другаркИ, не другарка, така што не сфаќам, сите наеднаш ли ќе ги „засака", ако тоа ти е проблемот?

    Крај краева, ако му значат тие како другарки, не значи дека ти му значиш помалку како женска. Различна „љубов", ако може така да се нарече. Па дури и едната од нив да има скриена намера, ништо не ви „може" ако тој ти е посветен и те сака тебе, може само таа да се нервира беспотребно оти не може да го „добие". А ако може, тогаш пак е до него, не до неа и што таа направила или не направила. Никој не може да го „заведи" ако тој сам не го дозволи тоа.
     
    На Ajronmen и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.406
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Ако него му се другарки и тоа блиски не гледам причина зошто да не му дадат слики, претпоставувам од дипломска. Ако знаеш што да правиш не знам зошто воопшто и бараш совет.
     
    Последна измена: 27 февруари 2022
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  14. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите. Имам 20 години од СК. Иако форумов не е платформа за запознавање сепак се зачленив со надеж дека можеби ќе запознаам некоја. Во ова време невреме се помалце имам контакти иако кривицата е делумно и моја поради фактот што не се трудам доволно и сум тип кој попрво би отишол на кеј да трча или до парк отколку на кафе .Имам некои свои критериуми кои се малце "старомодни" бидејќи живееме во време каде се гледа само некаква си корист,малку љубов и вистинските вредности скоро и да се заборавени. Не велам дека и јас не се трудам доволно но сепак не сум запознал сеуште некоја покрај која би се осеќал тоа што сум. Не сум тој тип на машко што би искористил женско за една вечер ,иако за тоа сум имал можност но така сум воспитан и за мене врска си е врска колку и да звучи клише. Се повеќе ме оптоварува прашањето "а зошто немаш девојка" бидејќи и не изгледам на некој што би имал проблем со тоа но ете тоа е реалноста. Не сум и некој што се срами но повеќето контакти завршуваат само на пријателство. И така... Скоро на сите полиња сум исполнет освен на ова па ако има некоја за да се запознаеме нека ми пише. Ова е сепак мое мислење како гледам на работите. Би ми значел и по некој совет од женска страна.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    26.732
    Пол:
    Женски
    Кои се тие старомодни критериуми што ги имаш?:?:
     
  16. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Напишав во една тема претходно но еве ќе направам copy paste на истото:
    Па сакам да имам целосна слобода со спротивната страна, да бидам тоа што сум и да не си поставуваме меѓусебно некакви си ултиматуми поточно да не се правам нешто што не сум. Изгледот ми е до негде битен но не и најважен. Повеќе сум тип што би отишол да прошета негде надвор него ли да се затвори во кафич и сл. Тоа е тоа сакам само да не си бидеме терет да има искреност бидејќи за мене врска си е врска и не постојат некакви си авантури за една вечер итн.мада се повеќе врската не се сфаќа озбилно.На некој начин да гледам јас во нејзе и она во мене и партнер и другар. Тоа е тоа до негде навидум не изгледа како да се големи барања и очекувања но со тек на време и тоа како е ретко да се најде или можеби јас не се трудам да го најдам.
     
  17. cutieee123

    cutieee123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да не брзаш сега со врска. Излегувај, дружи се, запознавај луѓе. Ако треба нешто да се случи ќе се случи. Мислам дека чувствуваш притисок што поскоро да најдеш некоја поради муабетите и прашањата кои ги добиваш а баш сега треба најмногу да уживаш и да си се посветиш ссбе. Си напишал дека моментално се ти завршува со пријателство. Според мене и подобро така овие години. Запознавај карактери, можеби и ти ќе се промениш со тек на време некоја ќе те заинтересира со сосем спротивно од тоа што си напишал.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Машки
    :o
    Значи знаев, одма погодив...
    :angel:
     
    На jacqueline.s, Srckata28, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    ?
     
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Не се чудни овие работи, ама многу општо опиша.
    Дај конкретни примери на "чудни" критериуми што ги имаш, а што мислиш дека повеќето други ги немаат.
    Ова што го напиша да бидеш тоа што си, да бидете верни еден на друг, не е нешто што само ти го сакаш, повеќето луѓе го сакаат истото, така да ако мислиш дека критериумите ти се невообичаени, пиши поконкретно каква женска бараш и каква врска очекуваш.
     
    На crimson, FridaodaMk и Mikha4 им се допаѓа ова.