Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Тоа е генерално останатото зависи и од другата страна сепак треба комуникација итн. Секој има свои добри и лоши страни е сега зависи колку зе тие добри или лоши. Затоа и пишав доколки има некоја нека пише можеби ќе тргне муабетот никогаш не се знае. Иако се согласувам дека си треба повеќе повеќе излагање и можеби не сум се потрудил доволно.
     
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Ама ти бараш да ти пише некоја, а ништо не кажа за себе.
    Форумов не е мрежа за состанување, ова ти го кажувам пошто мислам дека ќе ги избришат коментариве, зборот ми е за да ти тргне муабетот со некого треба да пишеш нешто за себе, а ти многу општо зборуваш, секој си имал лоши и добри страни, а од друга страна викаш Имам чудни критериуми.
    Ако пишеш Имам чудни критериуми, а не кажеш кои се тие чудни критериуми, или не кажеш ништо друго за себе, не верувам дека некоја ќе пише, ќе се "исплашат" од чудните критериуми што не ги дообјаснуваш :)
    Кои се тие чудни, љубоморен си многу, мислиш дека жените се за дома, мислиш дека не треба да шетаат многу, мислиш дека треба да се домаќинки, мислиш дека некогаш треба и ќотек да јадат, и така натака?
    Не само за да ти пише некоја на форумов, пиши ти поточно што очекуваш од врска и девојка па ќе ти кажеме дали е во ред тоа што го сакаш, дали не е во ред и треба да го поправиш, па за да те упатиме малце и за "надворешниот" свет.

    Во секој случај, воопшто не треба да очајуваш, млад си доста, 20 години, го имаш целото време пред себе за девојки.
     
    Последна измена: 28 февруари 2022
    На Ivan4e04, Ugly Duckling, noteforself и 6 други им се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.651
    Мора одма да имаш девојка?
    За кај брзаш, сеуште си дете, премногу си млад да очајуваш дека немаш девојка. Живото е пред тебе, уживај во слободата, шетај, излегувај ќе запознаваш нови друштва и самите работи ќе си се средат.
    Се додека си бараш кривица во себе паѓаш во искушение, фаќа анксиозност не сигурност восебе. Биди тој шо си и тое то. Таја шо ќе те сака ќе те сака таков каков шо си и крај. Никој не е старомоден туку секој си има свој ставови.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tashy

    Tashy Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2022
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Подолго време сум во врска. Проблеми имаме најмногу поради мајка му и сестра му. Индиректно ме понижуваат, му перат мозок за неговиот живот за тоа кај да шета и кај да живее, постојано му бараат пари а ние планираме заеднички живот. Значи не сакаат да се откачат и да си живеат нивни животи. Е сеа, мене не ми чуе што зборат за мене али ми треба совет како да се поставам немам некое искуство. Ги излудува што ги игнорирам. Дм не е свесен што се случува и тврди дека нема да се мешаат утре ама после па со нив цел ден ко ништо да не се дешава. Премногу ги сака. Како во оваа ситуација јас да се поставам и најбитно како да поставам граници и како да му објаснам на дм за натаму без да изгледа дека сакам да ги скарам или дека имам нешто против нив?
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    6.353
    Јас пак не гледам ништо лошо во тоа што пиша. И не сметам дека мислењето треба да биде избришано. Ниту пак дека дечкото треба дополнително да изнесува детали за себе. Ако има некое девојче на негови години, кое се чувствува како него нека му пише приватна порака. Не гледам зошто го нападнавте веднаш.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Никој не го нападна.
    Ниту рековме дека нешто лошо има во пишаното.
    Коментарот дека ќе ги избришат коментариве беше во контекст дека и друг пат бришат коментари ако некој пише за запознавање со истото објаснување секогаш дека се забранети такви работи.
     
    На SkBoy20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    11.901
    Пол:
    Женски
    @franca
    Прво проблемот беше што е од село, сега тоа што рекол дека се живее во една соба. Веројатно не го мислел тоа за цел живот. Туку за почеток. Барем се надевам дека е така.

    Од лично искуство, се селиме со дм, и да, во една соба. Мала куња и бања и соба што ќе ни биде и спална и дневна.
    Не мислам така да остане засекогаш, ама да, се живее.

    Најважно е всушност какви ви се погледите за иднина, дали сакате исти работи. Какви амбиции имате. Какви планови правите и дали сте спремни да работите за нивно остарување.
    Мој совет ви е да почнете да разговарате отворено за тие работи. Искрено ми изгледа ако да немате баш добра комуникација во врската и не можете да се разберете.
     
    На Izaabella, Dust, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    6.353
    Разбирам ама се почесто гледаме дека младите имаат проблем со запознавање. Па ако имаат поголема самодоверба на форумот не гледам зошто не би имало таква тема. И онака постојат теми за кафе дружби и слично па зошто да не постои и ваква. Се додека не е вулгарно, нападно, и се додека не навредува некого не гледам ништо лошо.
     
    На SkBoy20, Summerbaby и Mantub им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    И јас искрено не сум против се додека е најкултурна дружба, ама ете, правилата се такви, ако пишеш експлицитно, многу веројатно ќе се избришат коментарите :^)
     
  10. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Се согласувам во целост со тебе,иако има работи и од членот погоре што се на место и ги прифаќам, освен тоа дека треба јавно да кажувам за моите желби како што кажа ти затоа и реков ако има некоја што сака стварно да искомуницираме нека пише ,а и не гледам реална причина да се бришат мислењата. Фала ти многу што си ме разбрал. (y):)
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Не очајувај :) Многу си млад и ќе запознаваш многу девојки.
    Не верувам дека толку ти се "чудни" критериумите колку што си мислиш, повеќе би рекла дека на таа возраст повеќето млади се хипер критични кон себе.
    Какви и да имаш критериуми за секого има соодветна личност. Не ти поминал животот, баш сега ти почнува.
     
    На AAKG и SkBoy20 им се допаѓа ова.
  12. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Така е се согласувам. Фала ти во секој случај. (fingers):D
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.651
    Ти немаш проблем, дечкоти има проблем со неговите. Треба да си зборниш со дечкоти дирекно дека неговите од денес поќе да не се мешаат во вашата врска дека то е ваша одлука кај ќе живеете и кажиму дека следен пат е крај.
    Ќе видиш како ќе се сменат работите. Неможам да сватам 30годишни уште врзани за таткому мајкаму шо ќе одлучат тие така да биди.
    Овие работи си се решаваат со разговор помеѓу вас двата. Ако несака да разбери тогаш тое, крај и ќе си бараш друг. Ако сега имате проблеми од други личности тогаш рачунај шо ќе биди ко ќе сте во брак.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Дечко ти нема став и свое ја.
    Остај го.
    Лаже суши дека нема понатаму да се мешаат, чим уште сега дозволува да те понижуваат пред очи понатака бетер ќе ти е.
     
    На kikkki и Indiegurl им се допаѓа ова.
  15. Нелка2

    Нелка2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2019
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, одамна ве читам ама сега собрав храброст да се искажам, и да ми дадете совет.
    Во главно, проблемот е различните сфаќања на мојата најдобра другарка и дечко ми.
    Значи вака, имам дечко веќе година ипол, кој е малце љубоморен и со поконзервативни сфаќања, ама до сега добро ни одеше со мали типични кавги. Но, проблемот ескалираше пред некој месец на мојот роденден. Посебно славев со него а посебно со другарки кај мене дома. Другарка ми ми правела изненадување и ми викна стриптизер дома, јас знаев дека ќе искочи проблем ама не знаев што да направам и дозволив да влезе. Сите мои другарки ставаа стори и нормално стигма до дм. Ми се јави одма со кавги со се до степен да ми раскине, како не ми било срам како сум можела да направам вакво нешто неќел да ме види веќе значи ми го расипаа скроз роденденот, плачев цела вечер буквално. Кога и се обратив на другарката зошто го направила тоа кога знае каков е, почна да се вади дека сме се договориле уште на 16г да си викнеме стриптизери на 20ти една на друга, после продолжи разговорот како јас сум се сменила ништо не сум правела, она не ме терала ништо лошо да правам само да искачаме најнормално, не можела млада да иде само по кафиња маалски и ресторани за фамилии, сакала да се забавува итн итн.
    Нејсе, помина тоа и доаѓа нејзе роденден, и знае сеа дека јас не идам по дискотеки, она резервирала во диско. И сега јас испокарана уште за ова со дечко ми едвај се смирив и кажав дека не можам во диско да дојдам, и она тука многу се налути како јас кај најблиска другарка на роденден не сум дошла и драми карања.. А она иначе си има повремени врски пример ќе поиде со некој 3-4 месеца и толку ништо сериозно и не може да ме сфати. Следна ситуација седиме во кафич јас и она и сега и се јавува тој што идеа тогаш дека е во близина со другар и оваа го вика да поминат. Не ме ни праша ни ништо, јас се молам дечко ми да не дознае да не треба да се карам. Станаа за пола саат и јас и викам зошто ги викна знаеш дека не сакам со машки, она ми вика па колку пати дечко ти дошол со другар да те види коа си била со мене искочена. Дозна и за ова дечко ми, се испокаравме ми вика ако продолжиш да се дружиш со неа кај и да е ќе раскинеме она има лошо влијание врз тебе те тера глупости да правиш како неа да бидеш( а она е таква иде по журки провокативно се облака, и се пуштаат машки). Згора на се, дечко ми го прочита чатот со неа кај што ми вика дека ме држел како во затвор, ми забранувал штикли да носам и разголени маици, дека не треба на неа да и објаснубам туку на него да си ја намали љубомората и тука многу се изнервира и ми рече индиректно да бирам меѓу неа и него. Стварно е добро девојче и секогаш била тука за мене се правела за мене од 5 години се знаеме. Не сакам да ја изгубам, ама и она почна да се одалечува од мене ми вика што и да направам е погрешно, кога искачам не сакам да ме надгледува некој( а дм знае да помине со кола некад од кафичот кај што седиме демек да ме провери и неа и сметало тоа) .. и почна со другите другарки да искача повеќе не ме ни вика често, ја прашувам зошто ми вика па знам дека ќе кажеш не, не идеш на места кај што е ‘шема’. И сега што да правам, растргната сум на две страни, ве молам без зајадливи коментари.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.009
    Допаѓања:
    174.630
    Пол:
    Женски
    Ниту дечкото ти треба, ниту другарка ти
    И двајцата се токсични
     
    На sj *O*, Luminary, butterfly6223 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. cutieee123

    cutieee123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Дечко ти претерува, ама тоа со него мислам можеш со разговор да го решиш, да намали со љубомората. Ама другарка ти дефинитивно не ти е другарка туку мисли само на себе. За тоа со стриптизерот според мене дечко ти е во право. И јас би раскинала за такво нешто.Ама за другите работи претерува. Сепак, мислам дека со него можеш да се разбереш. Ама другарка што знае во каква врска си , да те влече кон такви работи само зошто и е досадно по кафиња да оди не ти е другарка. Таа да фати дечко и сериозна врска ич нема да и е гајле за тебе.
     
    На sj *O*, ladydy13 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Општо најкратко мислам дека проблемот е тоа шо сите заедно не се дружите, пример славење роденден со другарки а башка со дечко кој шо не е вклучен. Или тие меѓусебе не се поднесуваат. Мислам ако не сакаш да изгубиш било кој, гледај заедно сите да поминувате повеќе време и за во кафич и за на роденден.
     
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.433
    Пол:
    Женски
    Ниеден од тие добро не ти влијае, ништо од напишаново не ми се допадна. Таа те тера да правиш нешто што тебе не ти е по ќејф и со сила да одиш на некои места што не ти се свиѓаат тебе, а дечкото те контролира стварно претерано. Постојано проблеми и хаос.
    Ваква другарка и ваков дечко се кошмар. Можеби сега не ти делува така, но да се оддалечиш од двајцата ќе сфатиш колку биле проблематични. :|
    Не знам тука што совет би ти дале, да бираш меѓу другарка и дечко ли е работава? Јас би ниеден од двајцата ако прашањето е тоа.
     
    На Yeeah, sj *O*, Annora и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Да имав другарка и мажот и да поминуваше со кола да ја проверува дури е седната со мене и јас ќе се осеќав ко на игли да седам.
    Да не те остава во диско, да не те остава штикли, да не те остава кратко, да не те остава да се дружиш со девојче што се облекува отворено, да ти го проверува телефонот, да врти со колата по кафичи кај што си седната, да не смее машко да дојде да се поздрави со вас, сето ова на 20 години :sweat:
    Другарката не требала да викне стриптизер, ептен претерано за 20 годишен роденден, уствари за било кој роденден ми е претерано, ама ова со дечково е некст левел :x
    Пази со дечково зошто со другарка лесно се прекинува, а со ваков посесивен не знам. Никогаш не можам да замислам некој толку да ми ја ускратува слободата.
     
    На Cosmic Girl, crimson, Chantal и 38 други им се допаѓа ова.