Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.873
    Допаѓања:
    183.204
    Пол:
    Женски
    Да, дечко ти е кретен. И другарка ти не можи да оди само ти кај шо СМЕЈШ. Или да се однесува онака ти како шо СМЕЈШ. Ова е проблем. За тебе. Од страна на дечкото. Оти се од проблемите се сведва: знај дека не смеам во диско, дека не смеам со машки, дека не смеам ( внеси). Имаш 20г. Таман се тргна од родителско влијание се префрли на влијание од дечко?

    Сум имала другарка во ваква ситуација и криво ми беше и ја тргнав. Нормално дека дечкото ко непријател ме гледаше, заедно со бившиот, тогашен дечко пошто смееше само на дабл дејт со нас да излези и се чудеше како овој не ме контролирал. Другарката е млада и си живеј. Не е ваква или таква, па "не те викала". Можи да ја одбиеш одреден број пати пред да преќини да вика. Неколку пати, и сите сме свесни да сфатиме дали некој сака да или со нас или не и да не сме досадни со иста покана. И ако има дечко не значи дека "ќе те сфати" оти пиша дека имала кратки врски па не сфаќала. 5 години бев во врска и не, не сфаќам оти контрола и љубомора не се нормални и здрави. Ако ти ограничва движење, слобода и облека пиши пропало. Во иднина ќе е само полошо.

    И последно, клавање ултиматум. Победно нешто од то нема. Ултиматум бе. Шо сме, прво одделение. Во мои очи тој шо клава ултиматум не заслужва да "победи". Ама ти си знајш како поќе ти одговара да продолжиш. Ама ако ти бев другарка, да, исти разговори ќе најдеше дечкото со мене. И ќе се трудев се дур не видев дека ме одбиваш наново и наново и после ќе се тргнев оти не можиш да поможиш на некој шо не бара помош, за жал.

    И сите шо плукате по другаркава пред очигледен љубоморен копиљ и контролер - чек јоурселф. Не. Ни едно негово однесување не е оправдано ради апсолутно ништо. Во право бил my fucking ass. Ако сакал жена ко од другарите таква нека си барал, не некоја друга и поинаква да најди и да ја формира ко шо сака.
     
    Последна измена: 1 март 2022
    На Cosmic Girl, crimson, Annath и 25 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.873
    Допаѓања:
    183.204
    Пол:
    Женски
    Сум имала дечко за посериозно (5г). Не бил љубоморен психопат. И дефинитивно ако некој има хинт на љубомора ќе избегам најбрзо шо можи и нема да пробам да го сфатам оти знам за подобро. Како зборате ко ова да е нормално и та не сфаќа. Ако алтернативата е посесивен и контролирачки дечко, камо никогаш да не дознај.
     
    Последна измена: 1 март 2022
    На Cosmic Girl, flawless., Aztec и 3 други им се допаѓа ова.
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    21.602
    Пол:
    Женски
    Сте се фатиле за стриптизероот ко да е нешто екстра лошо тоа.
    Јас би сакала да имам таква другарка шо за роденден ќе ми донеси стриптизер, кој не би?:D Смешно е, интересно, ќе се памти за цел живот.
     
    На Cosmic Girl, crimson, S.W.A.G и 27 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.873
    Допаѓања:
    183.204
    Пол:
    Женски
    +1

    Посебно ако сме се договориле ко деца. :D Па зборале и зошто снимале за на стори, добро не користите Инстаграм? Не знајте како функционира? Гледаш нешто интересно и светкаво - снимаш. Членката секогаш можеше да одбие стриптизерот ко дојде. И компромис не е само една страна да попушта ( другарката) туку двете. Впрочем то и другарката ѝ го рече.
     
    На Cosmic Girl, crimson, kikkki и 5 други им се допаѓа ова.
  5. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    ќе ти дадам искуство од мое лично искуство кога имав 17/18год.(сега имам 30)
    Мојата најдобра другарка(се дружевме од многу мали се до 20год),ме запозна со братучед и кај неа на роденден на воен базен(во тоа време шемата беше таму),со кој почнавме да се гледаме повремено на собиранки,на искачање..и после неколку месеци решивме да стапиме во врска.Дечкото беше љубоморен до степен да не се шминкам,да не носам кратки панталончиња,ниту маичка со деколте со образложение дека сите гледале во мене,никако да не излагам со другарките по дискотеки,ниту на кафе,а камоли да бидам во машко друштво.Јас сакам да се дружам,да се облекувам се во граници на нормалата и никако не го "слушав",затоа што он сакаше да си излегува,да се дружи,и ми викаше демек жена е за дома,да готви и да чува деца,а маж да шета.Јас не сум тип што се кара,сметам дека се може да се реши со разговор,така да кога он викаше јас само си ќутев и си слушав.И бидејќи многу ми се допаѓаше и беше тип кој на муабет ќе те натера да мислиш дека си посебна девојка и проблемот е во тебе,а јас детиште без искуство:sweat: имавме ситуации каде јас ќе излезам на кафе или во диско ама се криев постојано,за да нема кавги,додека он слободно си шеташе без да се крие.И сега другарка ми беше на моја страна и ме советуваше дека не е он за мене,што и беше во право.
    Јас ставам крај со него после многу неверства и вртам нов лист.Другарка ми среќна дека не сме заедно и може повторно да излегуваме без јас да се кријам,се до еден момент на факс каде запознавам дечко(денес ми е сопруг)со кој почнувам да излегувам,и е тотална спротивнос на сите момци до тогаш.
    Човек полн со разбирање,со почит према секоја жена,човек кој те сака и не ти забранува ништо иако он не е тип кој сака да оди во кафани,дискотеки но сепак не ми забранува ништо.На мојата најдобра другарка одеднаш тоа почнува да и смета искрено до ден денес не ја сватив причината зашто,и почнува да ми збори како не била право за братучед и,дека сепак треба да му дадам шанса,и почнува намерно без мое знаење да го вика каде и да одиме,и ајде еднаш до два пати случајност ама секој пат..почнува да е љубоморна,да прави намерно некои работи и тука јас решив дека морам да се одалечам од неа колку и да ја сакам и почитувам.И да ми беше тешко првата година ама одеднаш животот ми стана поубав.
    Така да според мое искуство ти давам совет од срце што поскоро се одалечиш од двајцата тоа подобро.Верувај дека нема ништо подобро од мирен живот без забрани.
    И јас а верувам и сите на твои години не сме слушале совет,но да го вратам времето за многу работи би послушала него да ги осетам на своја кожа па да речам да во право бевте :$
    Иии не верувај колку и да сакаш дека човек ќе се смени ако те сака..Ќе се смени месец два додека да те придобие,но после ќе биде истиот.
     
    На Cosmic Girl, kikkki, Aztec и 6 други им се допаѓа ова.
  6. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    И да ги тргнеш настрана постапките на другарка ти (во кои лично не гледам ништо лошо), факт е дека дечко ти е максимално посесивен и љубоморен. За твое добро, и за иднината и за сега е да го откачиш. Живееме во 21 век побогу, како се осмелува да те контролира на овој начин? Каква е таа контрола и забрани, ти му си девојка а не робинка. Освести се дури имаш време, бидејќи ако продолжиш вака ќе дојдеш до ситуација да не смееш да мрднеш никаде без прашање. Млада си, животот е пред тебе, ќе најдеш подобар и не си ги троши најубавите години од животот во страв и забрани, наместо да создаваш спомени за цел живот.
    И да, можеби и некој друг дечко би се налутил на стриптизер, дури и да не е волку љубоморен, но факт е дека да не беше стриптизерот ќе беше нешто друго.
     
    На Cosmic Girl, Ivan4e04, raww и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Не можеш да им го следиш темпото затоа што дечкото те третира како негова сопственост и ти наредува што смееш а што не смееш да правиш. Без разлика што и да прави и како се однесува другарка ти, дури и да е најпримерна, целта на дечко ти е да те изолира од сите а тој да ти биде единствен човек во животот. Откако ќе успее да те оддалечи од сите другарки, на ред ќе биде твојата фамилија. Викаш дека можеш со разговор да се разбереш со него, и покрај сите неразумни работи кои ги бара од тебе и плус не ти верува. Не се проблем другарките твои, дечко ти е.
     
    На crimson, raww, MissChievous и 9 други им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    @Нелка2
    Неќам да се повторувам, се што ти пишаа до сега комплетно се согласувам за дечкото. Тоа што го живееш не е врска туку е затвор.
    Во однос на другарката, искрено ми изгледа дека љубомори и намерно те тера да правиш работи кои ти “не ги смееш“. Можеби грешам не викам не, само од лично искуство можам да ти кажам да внимаваш и на тие работи.
    Добра другарка би те советувала да размислиш за дечкото, дека не е во ред тоа што ти го прави а не индиректно да ве кара а као случајно.
    На крајот од денот ти најдобро си ја познаваш другарката.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    @Нелка2 Двајцата се за никаде, особено тој дечко ти затуцан и без самодоверба.
    Не трпите вакви ствари бе ау:puke:
     
    На Aztec и Mikha4 им се допаѓа ова.
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.093
    Допаѓања:
    41.757
    Пол:
    Женски
    Колку години сте?
    Претпоставувам дека сте доволно возрасни штом планирате заеднички живот.
    Се додека ти не разговараш со него за проблемот, ќе се случува тоа. :)
    Самиот тој има проблем со нив.
    Уште па им дозволува да му кажуваат што да прави.
    Лошо.

    @Нелка2 у секое друштво има девојки како твојата другарка кои се секогаш спремни за журка шо мислам дека е супер.
    Ама постапките на твојот дечко, се претерани.
    Нема потреба од разговор со таква личност зошто ќе те манипулира, како досега а гледам дека му успева.
    Како можете да дозволите така некој да ви кажува што да правите?
    Па 20 години имаш бе девојко, премлада си да се затвараш.
    Бегај од типов, какви конзервативни сфаќања има, боуже.
    Сега ваков, утре у брак до продавница нема да смееш да отидеш да не случајно касиерот ти се насмее.
    Нема што да бараш во врскава, типов нема да се смени а ти размисли дали сакаш врска во која не можеш да се чувствуваш слободно.
    Убавината во една врска е да си имате меѓусебна доверба, љубов, почит, слобода, а не контролирање.
    Млада си, ќе сфатиш.
     
    На Mikha4, Snowflake97, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.405
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    @Нелка2 Се согладувам со погоре мислењата во однос на дечкото. И другарката не е баш цвеќе за мирисање, како да сака да ве скара според нејзините постапки. Јас кога би имала другарка на која што знам дека дечкото се и брани, сигурно дека нема да викнам стриптизер, а веќе и кога викнале можело тоа да го направат дискретно, а не да објавуваат на социјалните мрежи сите да видат. Исто и кога сте седеле во кафич требало да те праша дали би ти сметало да дојдат да седнат со вас други машки и не само заради тоа што имаш дечко, туку затоа што треба да те праша. Не ми изгледа наивна другарка ти. Дечкото ти е заостанат левел махх, а најчудно од целата ситуација е тоа што ти го прифаќаш тоа како да е нормално и го оправдуваш, па дури и го браниш. Не девојче, однесувањето на дечко ти не е нормално.
     
    На Cosmic Girl, cresa-jagoda, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Ако е буквално љубоморен како шо таа го опиша одпосле, не е нормално до толку. Тој е и повозрасен и можи има други сфаќања во врскава, не знам од негова страна како е, ни шо е проблемот. Како и да е и двајцата се токсични, и контролирачки спрема мене. Има една тема ем сингл, ем без другарка и како понатаму
     
    На Cosmic Girl, bicycle и wildqueen им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.239
    Допаѓања:
    26.731
    Пол:
    Женски
    Типов откачи го, тоа прва работа. Нема што да поправаш, збориш со него. Уште денес
    Втора работа.
    Не знам дали работите што ти сметаат кај другарката се САМО ради дечко ти или и без него би ти сметале. Лично многу пати сум се нашла у ситуација другарка (не една, туку повеќе личности) да ми префрла зашто не сум сакала да направам муабет со тип, зашто не сум сакала да пијам алкохол, не сум пробала цигара, не сум сакала во диско и ред други работи. И ова немаше врска со дечко, не ни бев у врска кога се дружев со неколку такви личности. Среќа отфрлив такви "другарки" од животов.
    Прво прекини со типов. После види како ќе ви биде со другарката. Ако и понатаму ти пречат некои нејзини постапки овој пат без да има врска со дечко, прекини и со неа.
     
  14. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Па и за скарување е работата. Зошто е ова пишано во лоша конотација? И ние на форумов еве сакаме да се скара со дечкото, иако веќе знаеме дека 100% него ќе го одбере.
     
    На crimson, Indiegurl, pdb123 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    Како другарка таа треба да земи и да напрај салам муабет со другарка и' а не намерно да прај работи за да се скараат. То не го прај некој шо ти мисли убо туку од љубомора.
     
    На cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    @Нелка2 не ми се верува...
    Дечково е толку токсичен и одвратен побогу немам зборови, јас од ваков би се плашела и би бегала, како манијак бе со кола мине покрај кафичот каде што седиш со другарка ти и те демне, колку треба да си ретардиран за вакво нешто да правиш. :puke: (facepalm)
    Мавни му ги клоците во гз уште одма, не чекај ни момент повеќе.

    Друго не коментирам веќе погоре се ти кажале да не се повторувам само.
    Не си ја уништувај и заробувај младоста, уживај во овие моменти, само еднаш сме млади и треба да го искористиме тоа.
    Имаш време кога ќе седиш само дома.
     
    На Cosmic Girl, Jana06, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    9.693
    Пол:
    Женски
    А на што да е љубоморна другаркава, што дечково ја држи во робство?
    Ете неколку пати и кажала дека и смета тоа што дечково ги демне, и ред други работи, ама не може толку да се замара кога оваа не слуша и џабе и зборува.
     
    На raww, SexyDarling, purpleblue и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Да бе, намерно ја вика у диско да идат...ко шо иделе цело време пред него....ко што си иде уште, само со други другарки. Се е од пуста љубомора.
     
    На Jana06, KateKane, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Од каква љубомора, божем дечково е еден во милион па љубоморна е другаркава што нема и таа дечко ко него.
    Не прави другаркава ништо за да ги скара, едноставно и смета што неговата посесивност и нејзе ја афектира, и таа е демнета кога врти тој со колата, треба да се правда што роденденот си го слави в диско, треба да пази како се облекува пошто тој не одобрувал кратко, па штом гледа дека нема поправање, се оддалечува за сопствен мир, и јас потполно исто би постапила.
     
    На jacqueline.s, KateKane, Ivan4e04 и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Чекај малку, сега и другарката треба да бара дозвола за да се дружи со други машки?! Не знам зошто ја обвинувате неа, можеби има пробано со разговор и гледа што ѝ прави психово ама веројатно и гледа дека нема ефект. Па уште во првиот пост @Нелка2 имаше осуди кон неа како се облекувала, како излегувала, што правела... 20 години човече а муабетиве ко бабине од турските серии (facepalm)
     
    На raww, SexyDarling, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.