Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tani4ka

    tani4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    5
    :| :| во последно време многу се нервирам за него..во денот нема ни една секунда да не мислам на него едноставно не можам да престанам да мислам на него..мислам на него и многу се нервира,се нервирам за тоа дали ќе ме изневери дали само се зеза со мене (му верувам ама не можам да се опуштам во врската затоа што машкиве сега се аздисани само за авантури)..највише се нервирам заради тоа што еве има више 5 дена ми нема ни титнато ни јавено..ако не му се јавам ја на него нема ни да му текне,ако му е за трошење кредит не може тоа да биде изговор затоа што има бесплатни..идеме околу месец дена,,пред да се фатиме ми беше многу поубоо и многу беше подобар кон мене..не легнуваше да заспие пред да ми рече „лакуноч и те сакам„ тоа му беше како навика...Многу го сакам а знам дека и он ме сака мене ама кога мислам на него си помислувам дали и тој мисли на мене како ја на него ме убива помислата понекогаш дали е со некоја друга...ве молам совет :|
     
  2. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    Во право си! Ми има замерено неколку пати...ми вели не ќе ти се исушат рацете ако ми се јавиш или пишиш. Ама па мене незгодно ми е :$
    Јас вечер можеби ќе соберам храброст да му се јавам.....ама уплав имам ако ми речи не можам :lol: :lol:
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Женски, јас уште не сум напраила муабет..едноставно си гураме..
    Мислев мислев а ништо не смислив, напраив муабет со друштвово...Сите велат дека би ни било супер. Тој се однесува нормално како за врска..Мене тоа ми прија, кога сум со него и воопшто не ми е битно дали е врска или не..Си размислував и дојдов до еден заклучок....
    Бидејки ја знаете цела ситуација :) , да не раскажувам пак. Вака сега, го знам доволно добро, а и тој мене... Нешто има....некаква љубов хемија што и да е...Зошто па да не пробам, зошто сегогаш да се лепам таму каде што не ме сакаат. Па подобро е некој да ме сака, отколку да сум со некој што го сакам а тој мене не....така да ако сака врска, ќе пробам.
    Епа драги мои, изгледа дека конечно имам дечко. :)
     
    На XMaN, dancing.queen, Theodora и 6 други им се допаѓа ова.
  4. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    Vidi chokolad4ence Pochni da bidesh pobiska prvin bidete kako prijateli znaesh so vreme razgovarajte na temi sho go interesiraat ke svati deka si negov tip i sl pozzz i srekjno
     
  5. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    значи, сум во многу чудна ситуација.... ве молам дајте некој совет, јас сеуште не знам како да се справам со овие работи, никогаш ни не научив... па барам совет од тие девојки што се попромислени и знаат и со главата да размислуваат за љубов,а не само со срцето..

    Не ми е прв пат да се заљубам, но знаете како е, секогаш кога сме заљубени мислиме дека тоа е она највистинското и секако, најпосебно од сите предходно..
    Многу сум емотивна, дури и претерано, и премногу добра, што почнува и да ме нервира пошто не сум како некои други девојки од моја околина, што не се така мили и добри како мене,а сепак добиваат повеќе..
    Со дечко ми се запознавме во период кога и двајцата бевме во други врски пред крај, и премногу време си посветивме на запознавање, со што заклучивме дека ни е прекрасно еден со друг, муабетите беа неисцрпни многу добро ни беше заедно,и за кратко време, излегов од таа врска за која што предходно никако не знаев како ќе ја преболам, но благодарение на новиот дечко, за брзо бев во нова врска и не потрошив ни една солза на старата ( и за брзо време се заљубив) силно многу силно, тој беше баш таков каков што од секогаш сум замислувала, полн со толку работи што јас ги барав кај машко..

    Многу е згоден,со убаво тело, убаво лице... знам дека имал многу женски,но нема таков статус на женкар, туку баш напротив, е еден од ретките машки што се заљубуваат како девојка..тој ги сакаше сите тие слатки работи што ги сака секоја девојка кога се заљубува... беше постојано покрај мене,сакаше да поминува секое можно слободно време со мене.... но,и тој предходно бил многу заљубен во бифшата и како што вели, првата девојка во која што се заљубил...
    кога влезе во врската со меен вистина покажа една прекрасна страна од него,но премногу е принципиелен и има свои критериуми,па знаевме да се искараме за ситници некои,за моето понашање и сл. но во главно,тој знае колку сум јас добра и колку се зљубив и на што се сум спремна за него...
    но, некако мислам дека тој после таа врска , најверојатно бил повреден, и за прв пат, па сега седи со резерва или пак го сменил однесувањето за да не му се случи истото пак,да не се опушти премногу... додека пак јас, јас љубам безрезервно, се би направила за него...таква зависна од љубов сум што малце да не енешто во ред со него јас сум во депресија...
    со тек на време тој виде колку може кај мене, и некако се повеќе и повеќе почна да се опушта,...знае да се налути за ситници и да ме казнува со тоа што ми седи ладен,се додека не се смириме.. последниов пат морав да разговарам за тоа, и тој реце дека баш ситните работи се важни, и доколку не би се налутил и доколку јас не сум сватела кај сум згресила тогас ако дозволувал да поминат ситните работи,ке дошло и до големи! а тој не сакал тоа да го дозволи....
    тој не негира за тоа колку сум добра и се се. но пемногу е самоуверен и егоистичен, едноставно таков му е карактерот,затоа и така се плаши за сите ситни работи и се лути.
    сакам да ви кажам.... дека ми треба совет ама така буквално како би требала да разговарам, да се однесувам, зошто јас веќе сум пред него целосно отворена, заљубена,, но сакам да ја сменам тактиката, малце да ги свртам работите не знам како да постапам за да одржам баланс мегју нас, да свати тој дека пак ми треба тој што си беше на почетокот.... не сакам да се олади ни случајно!!!! ве молам совет.... плс плс :*
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^ Да не те разочарам, ама железото се кова додека е врело...
    Многу е битно на почетокот како ќе се поставиш спрема некого... А и искрено, голема грешка си направила што ете викаш си целосно отворена спрема него...
    Го прочитав убаво цел твој пост и се пронајдов целосно во него.
    На ист начин и јас имав започнато врска и типот исто се однесуваше спрема мене, и јас бев исто поставена како тебе.
    Бил повреден, и ние жените одма паѓаме, ете ние нема да го повредиме, и во нас ќе се заљуби повеќе... Мало морген...
    Не знам колку време си со дечкото, ама од негова страна не очекувај промена, колку и да е добар, колку и да е прекрасен... Многу тешко се менува и треба многу време...
    Еве ќе ти кажам што направив јас па согледај си... не велам дека кај сите е така, дај Боже да не е...
    Решив да се оттргнам од него на почетокот бидејќи неговата бивша беше како сенка меѓу нас... И добро направив, му оставив време, да размисли, да сфати и он беше тој што ме побара после неколку месеци... Имавме врска, преубава, без нејзината сенка... Откога му оставив време да биде сам, тогаш се смени, ако останев со него, ништо немаше да сменам, само ќе се нервирав... После во врската, чат - пат бев љубоморна, ама се контролирав и му верував... И не се покаав за ништо.
    Не знам, конкретен совет да ти дадам, зашто не го знам човекот...
    Влегол веднаш од една врска во друга, а бил повреден... Тоа не е убаво... Да си ги лечи раните со тебе и секоја мала фрустрација да ја трпиш ти...
    Мој совет, што јас би го применила, не ти кажувам да го примениш ти - би се тргнала од него и он ако сака ќе те побара... ќе си ги среди мислите и ќе те побара... Ако не те побара, тогаш не ти ни треба таков човек...
    Знам дека е тешко, ете викаш заљубена си, ама верувај тоа е едно добро решение, за да не се измачуваш сама себе
     
    На Diamond и Cleonika им се допаѓа ова.
  7. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    прво ти благодарам многу за советот, и мило ми е што ме разбираш пошто си била во слична ситуација..
    Да, во право си за мн работи од одговорот, ... иако не сум осетила сенка на неговата бифша меѓу нас, пошто тој воопшто не се однесува така... не ја спомнува нити ништо... кажа дека расчистил со неа уште коа почнавме, и дека и посакува се најубаво...јас знам дека тој ја заврши врската со неа затоа што не им одеше на двајцата , тој почна контакт со мене, иако јас инсистирав а го прекинеме тој контакт коа дознав дека тој сеуште со неа не расчистил,.. така што тогаш кога јас му дадов двојка тој се трудесе мн околу мене,
    ја заврши таа врска и делумно кажувајки ми дека заради мене веќе и не бил така загреан за неа... дека се оладиле работите меѓу нив, меѓутоа девојката најверојатно исфрустрирана од неговиот сменет однос, таа го имаште изневерено при крајот на врската одкако дозна дека тој има контакт со друга и тн и тн.. и сметам дека тоа мн му го има погодено егото... пошто се работело за голема љубов предходно..
    како и да е, во право си ти потполно, и сум размислувала и јас за ова што ми го велиш да се оддалечам..иако, јас како што напишав, премногу се приврзувам и емотивна сум тоа е мн тешка одлука за мене,
    но, за твојот совет имам прилика ова лето,тој планира сега да си замине кај фамилијата во странство да работи,и да дојде за 2 месеци...... па можеби ќе биде и идеална прилика и јас да пробам да си ги смирам страстите, и ке се потрудам да му покажам незаинтересираност, можеби ке свати и тој нешто коа ке се врати...

    уште еднаш ти благодарам многу за советот :*
     
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Cleonika ... многу добро ја знам твојата ситуација пошто и јас да ти кажам сум бла во истата и еве моментално сум во таква врска тој имаше стара љубов пред мене исто и јас,на почетокот мене лично се ме иритираше во секој збор мислев дека ја бара неа во секој стих од песни итн.... тоа беше моето недолично однесување.. исто како и ти и јас на почетокот се поставив како тебе и како минуваше времето сватив дека сум погрешила.. постепено почнав да си правам граници и некако се си дојде на нормала, едноставно мој соет не покажувај уште на самиот почеток дека ептен ти дошло до него со оглед нели дека пред тебе имал долга врска ако не се лажам, остави ги работите да си одат сами по себе, нема ништо поубаво од машко кое на почетокот знае дека си слаба на него уствари ние женските сме такви, постави си граници до каде смее а до каде не смее да оди и него нека му бидат јасни :)
     
  9. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    фала ти за советот и тебе..... но јас веќе сум навлегла во врската, ... па ќе пробам сега можеби да воведам некои нови тактики и граници... можеби ке постигнам нешто, па ке си се врати тој на старото како што си беше добар на почетокот.... но многу ми е тешко тоа менување на улоги, но морам да се потрудам,
    зошто навистинане сакам да ја изгубам оваа врска, а сепак станува се полошо....
    фала ти.
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет, навистина не знам како да постапам. :?:
    Во последно време партнерот некако како да се одалечи од мене, во емоционална смисла. Не е толку загреан за мене (јас така го сфаќам). Многу поретко ме гушка, не е толку нежен, ако му се налутам за нешто не е како порано да дојде по мене да ме смири, (се научил ќе ми помине нервозата 10-15 мин и пак ќе си се смирам) а мене тоа ме нервира, чувствувам како да не му е грижа. Се случува да му се налутам пред спиење и јас лута ништо не зборувам тој ќе ми рече ајде добра ноќ и после другиот ден се однесува како ништо да не се случило, и јас ќе видам ќе невидам мора да престанам да се лутам бидејќи сама бескорисно се нервирам.
    Вчера решив да му приредам изненадување, си купив нова долна облека се спремав, му реков да купи нешто за пиење да се опуштиме малку (имавме напнат период,обврски) купил се, јас го прашав дали да одам и да го подготвам изненадувањето тој се согласи и ме чекаше во кревет.Кога дојдов не добив никаков коментар ,комплимент на тоа како изгледам :@ и почнавме со предиграта но не беше тоа тоа,како со сила јас да го терав, му реков ако не сакаш ок, тој ми вели сакам. И почна чудно да реагира пр:немој тука ме скокоткаш, неможам вака...ме сфаќате нели. :( Јас не можев да издржам толку се изнервирав, дури се навредив,станав и отидов во другата соба. Дојде и ми вели зошто се налути јас молчев, потоа ми вели ајде да си легнеме доцна е веќе. Друго ништо не спомна заспавме секој на своја страна без ниту еден кажан збор.
    Сега тој е на работа не планирам ни на тел.да го барам, стварно се чувствувам за никаде, совет дали да се лутам, како да постапак кога ќе дојде дома, што да му речам ве молам? Да се правам дека сеедно ми е, да го одбивам јас во наредна прилика па да види како е?
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Савана, јас колку што знам вереник ти е, па не може вака без причина да се однесува.
    Јас мислам да го ставиш малку во тесно, седни го и речи му дека или ќе се смени или ќе каже што му е или секој да си фати патот.Исплаши го малку, зашто инаку само ти ќе се нервираш, а него како што гледам се му е полно и рамно.Не може да си допушти такво однесување на тие години, не сте мали па ај топло-ладно ќе играме.Уште денес седни го и разговрај, биди цврста во муабетот, кажи дека доволно долго си ќутела ама дека не може веќе вака, дека заслужуваш да каже како стојат работите.Па после кажи ни за резултатот ;)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    90% од машките,па и женските се такви, на почетокот е интересно додека се трудиш околу некој, вложуваш напор, добар си.. после веќе кога го имаш се менуваат работите, но поентата е тогаш да се појави љубов и таа да ги одржи работите во нормала. Знаеш, колку повеќе допушташ толку повеќе ти се качуваат на глава, за се е така. Биди малце строга и на дистанца, би требало да се свести дека не е фората само на почеток да се труди околу тебе туку постојано. А неговата бивша едноставно извади ја од главата, како да не постоела, таа само додатно ќе ти создава стрес и напнатост.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мора да разговарам сериозно, но проблемот е во тоа што тој еве како вчера ми се испонаша и после утредента како ништо да не било, како тоа да не е ништо. Јас по природа сум избувлива личност, не можам да издржам кога нешто не е како што треба, а тој после ќе рече јас многу погрешно ги сфаќам работите, бадијала се нервирам, си земам се здраво за готово (до некаде е така) ама вчера навистина претера, па дури не се ни обиде да ме утеши малку. А јас толку се трудев се да биде убаво, се спремав за да на крај направи така, едноставно со таквата реакција ме одби.
     
  14. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Дечко ми со кој за две недели ќе направиме годишнина,последниот месец не ми обраќаше внимание ама воопшто,секогаш неможам,несакам,ајде ти,не јас,оди сама,не ми се иде,ми се дереше постојано кога ќе го прашав нешто или ќе му кажев.Пред два дена му се јавив - ми исклучи,пак му се јавив - пак ми исклучи.На школо ме одбегнуваше,постојано беше така.И решив да молчам но се се влошување.Еден ден ми скисна и му кажав кога бев кај него "Кажи ми што ти е те молам,цело време си нервозен,не сакаш ни да разговараш со мене,знам дека нешто те мачи ... те молам кажи ми,можеби заедно ќе го решиме тоа" и некако видов дека му олесна кога го кажав тоа.
    "Имам проблеми со родителите а и неделава мислев дека се откажуваш од мене" така ми рече.Само го гушнав силно а тој ме бакна на чело.Колку ли се почувствував сакано.
    Добро ли постапив? :worried:
     
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    супер си постапила - уживај ;) доволно му е да знае дека ќе си покрај него ;)
     
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Одлично си постапила, но ако почне многу да те одбегнува тогаш не ќе да е само проблемот со неговите. Тоа не значи да бидеш напорна и постојано да му се бесиш на врат, биди покрај него, но види и тој како реагира.
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.394
    доколку е искрен и проблемот навистина постои тогаш одлично си постапила. Во љубовта е потребна заедничка подршка и разбирање
     
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    јас мислам дека нема врска тоа со неговите.. али не мора да значи ти сама ке си видиш ама малце ми е неверојатно заради тоа да е чуден
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Има затворени личности кои не разговараат за проблеми, а гледаш дека се мачат. Зошто да не може да е чуден поради тоа? Не му се разговара, не ги кажува проблемите, можеби и се срами. Сепак сте и многу млади за да можете да си доверувате такви проблеми.
    Добро си постапила, биди тука за него, а ако било нешто друго и не сака да биде веќе со тебе, сигурно не би те лажел така.
     
  20. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Благодарам за советите и подршката девојки.
    Ако продолжи,знам што да правам.
    Ве сакам :*