Ги прочитав сите мислења, искрено малце ме исплашивте. Направив муабет и со мајка ми, и она е понаклонета накај другарка ми. Решив да пробам да теситрам до каде може да оди, ќе искочам деновиве со другарки на журка, па да го видам односот отпосле. Знам дека не смее да ми забранува и дека не е во право, ама не го гледав тоа на толку страшен начин до сега. Јасно ми е дека не можам да се понашам како сингл додека сум во врска, не го ни сакам тоа, ама некои работи што се нормални за мене треба да ги прифати. Сепак, се работи за добар човек, јас тука само лошите карактеристики му ги претставив, секогаш бил до мене кога ми треба и многу ми има помогнато. Ќе видиме, периодов ќе биде тест, па ќе ви пишам. Спремна сум да раскинам доколку не го помине тестот, колку и да е тешко. Во врска со другарка ми, знам дека ми мисли добро колку и да не го искажува тоа на добар начин. За љубоморма не е, на почетокот беше многу среќна што најдов некој што го сакам, а и омжна е девојче што утре да сака може да бира кој да и е дечко, така да љубомора не е во прашање. Ако имате некој совет како да де поставам, во однос мжна тоа да не претерам во “тестирањето” ве молам пишете. Фала уште еднаш.
Дечко ти не смее ништо да ти забранува. Не знам зашто ќе го тестираш, кога веќе знаеш што ќе биде. Мој совет е отворено да разговараш за овие проблеми.
@Нелка2 колку и да има човеков добри карактеристики тие се во сенка на негативните. Има и други начини како да ги средите проблемите а тоа е на мирен начин. За жал, тој го одбира начинот на кој те тера да бираш, оној начинот на кој те демне, те малтретира на некој начин. Уште кога ќе ме стави партнер во таква позиција ставам крај, без тестови, без ништо. Дечковци има еден куп, ехеее. Плус стриптизер ти приредила другарка, ехеее, big deal, не те тера да легнеш со него, туку журка, изненадување по повод 20тиот роденден. Тој се фаќа и за ситници, не само за стриптизерот. Што го интересира дечко ти колку врски имала, колку и траеле, и како се облекува и одела у диско а тоа не било за тебе туку само за сингл личности? Значи тој нема доверба во тебе? Така изгледа, не знам. Туку, прај што ќе правиш, послушај ја и мајка ти, ете не мора нас овде, таа е поискусна и ти мисли најдобро. Со среќа.
Јас мислам да не губиш време и да гоо тестираш, затоа што и сама знаеш дека од кога ќе излезеш ќе се налути и треба да се караш и да кинеш нерви. Убаво тоа он што бил до тебе и што ти помогнал, ама тоа не му дава за право он да се понаша спрема тебе како предмет и како негова сопственост, да ти го диктира животот каде смееш да одиш, а каде не смееш, како да се облечеш, дали штикли или кратко фустанче, тоа само болно љубоморни личности го прават, а твојата грешка е што ти тоа си му гоо дозволила уште од старт. Таквите работи уште од почеток се сечат од корен, уште на првото кога ти забранил нешто, да одиш во дискотека, или да облечеш нешто, требало да му ставиш до знаење дека не смее да ти се меша за тоа, ако му смета толку нека брка работа и му викаш само: чао журим пријателе, и веќе очите не ти ги гледа, сега колку сакаш тестирај го касно е.
Никакво тестирање. Ќе го седнеш да разговарате, како нормални луѓе што разговараат кога има проблем. Ќе му објасниш дека не планираш да престанеш да се дружиш со друштвото, ќе се собирате повеќе другарки како и досега што сте се собирале. Кажи му дека и ти не правиш компромис за тоа и дека нема да толерираш контрола и љубоморни испади повеќе. Ако не му одговара, нека си бара друга.
И треба да се исплашиш. Ти забранува најнормални работи и ако остануваш со него уште повеќе ќе зема замав, да пишеш утре дека и насилен станал, нема ич да ме изненади. Не е битно какви добри карактеристки има кога лошиве карактеристики му се крајно забегани. Другарка ти не прави ништо што не е карактеристично за 20 годишно девојче, си оди по журки, се облекува како што сака, флертува со симпатии. Тоа што му пречи на дечко ти нејзиното понашање, не значи дека ти треба да ги балансираш работите и да барате од неа да биде повеќе по негов кеиф за тој да не се нервира. Тој ако се нервира треба да си ја контролира својата нервоза, не други луѓе да се прилагодуваат на негови забегани барања. Слушај ја мајка ти и не го тестирај. Прво нема зошто да го тестираш кога ти докажал милион пати каков е. Второ, не се реди свесно во ситуации кај што има ризик ти да завршиш со плачење. Вакви луѓе не се поправаат со еден тест или еден разговор. И да разговараш, може ќе биде "мирен" еден краток период и ќе се врати на старо. Само го одолговлекуваш неизбежното. Не си губи другарка со која се знаеш од 5 години, која те сака и сака да се дружи со тебе само за човек кој те третира ко да му си предмет во негова сопственост.
Не тестирај ... Не сте деца. Разговарај. Постави му граници. Види како ќе ги прифати тие граници. Про тип: ќе почни gaslighting, биди спремна на то и не попуштај.
Не мора да биди на дечкото љубоморна, денес 101 причина има. Пак ке кажам и го кажав тоа од лично искуство па ја советував според тоа. Мило ми е најмногу што @Нелка2 вика дека не е така.
Мене другарката ми звучи океј и разумно, вистина е дека малце повеќе сака забава ама мислам дека целта и е да те опушти и у право е дека дечко ти те држи како во затвор. Тоа што викнала стриптизер на твојот роденден е ту мач, дечко ти има право да има граница за тоа, ама за другите работи нема. Кога другарка ти те викнала во диско, твојата првата реакција била дека дечко ти ќе ти се лути и не излегуваш по журки поради дечко ти, а не затоа што тебе не ти се излегува. Во право е дека е глупаво да не идеш на роденден кај најблиската другарка затоа што дечко ти мисли дека излегувања во диско се за сингл луѓе. Превише те контролира, ти ако сакаш треба да можеш да излезеш и сама со машко кој ти е другар, а тој не сакал со машки да те гледа ни кога си во друштво на другарка ти. Не смее да ти се заканува дека ќе раскинете ако не прекинеш да се дружиш со другарка ти. Очигледно имате долго пријателство и е добра за тебе на многу полиња, те молам не го уништувај. Ако сакаш збори со дечко ти, ама тој нема да се смени и во никој случај не вреди да уништуваш пријателство за него. Имаш 20 години, и јас имам 20 години, навистина си млада и треба да имаш право да излегуваш каде сакаш и да се облекуваш како сакаш. Биди паметна и остави го ако не те почитува и не ти верува.
Ќе ги прифати тие граници моментално за да не ја изгуби, и после кратко време пак ќе почне по старо. Ваквите личности никогаш не се менуваат.
@Нелка2 Леле ја дечко ми да го видам со кола да ми проаѓа покрај кафичот кај шо сум со друштво, ќе се извадам од памет искрено. Како е пишано од членката, ко да е нормално да ја проверува така. Не му барај оправдувања, ќе си ја чукаш главата во иднина. Ниедна добра карактеристика не може да ја збрише неговата љубоморна и посесивна природа. И не можеш да кажеш дека е добар човек само бидејќи добро се понаша со тебе. Ликот ги има сите карактеристики на човек што е опседнат, а не заљубен во тебе. Добар човек е човек што се однесува добро со сите. Според мене ниеден разговор со него не вреди, ниеден тест, ништо. Спаси се со време.
Хм можно е ама исто и можно е да почни да кажва како то не му одговара/ не е морално/ другарката е крива/ ја носи на лош пат и зато и пишав, ќе има геслајтинг, ќе прифати моментално дур користи вакви „суптилни“ фрази. Скроз се согласувам дека не се менуваат. Cheers to that.
Стварно се надевам дека @Нелка2 нема да прекине да се дружи со другарка и затоа што така ќе и каже дечкото.
БЕГАЈ!!! Никакви тестови не се потребни. Само соопшти му дека сакаш да раскинете и тоа е тоа. Сака да те изолира од друштвото, тој да биде единствен човек во твојот живот. Да немаш на кој да се потпреш и со кого да разговараш. Ако останеш со него ќе смееш да се дружиш само со девојките/сопругите на неговите другари и тоа исклучиво во негово присуство и евентуално роднини во долга врска или брак. Ќе имате големи караници ако некој те погледне или се поздрави со тебе. Од кај го знаеш, зошто се поздравува со тебе, зошто те погледна и сл. прашања ќе ти бидат секојдневие се додека не се повлечеш целосно и не престанеш да излегуваш од дома. И тогаш кога ќе излезеш од дома ќе одиш со спуштена глава, со погледот насочен пред нозе да не случајно ти се сретне погледот со некој па да настане караница со дечко ти. Има многу вакви примери. Немој да си го правиш тоа. На било која возраст не е во ред да бидеш во таква врска. Не е нормално неговото однесување. Едноставно бегај од него колку што те држат нозете!
Се кладам нема да го остави. Не е ни прва ... ни последна. Сами избираат да се со дечковците 24/7 и да заборават на сите и да дозволат вака да ги команда маж ....
На прсти се бројат такви што имаат став и за одредена тема, како ќе каже мажето или дечкото. А камо ли да за ова. Сами си дозволуваат... и ко нов тренд е станат за добра жена. Му се може и и кажува (наредува)
Не е нов тренд, такво е воспитувањето на голем дел од населението кај нас. Девојката е прилично млада и неискусна. Ова и е прва сериозна врска и не знае дека не треба така да изгледа една здрава врска. @Нелка2 собери храброст и раскини. Имаш поддршка тука од нас, од мајка ти и другарките. Кога ќе се оддалечиш од сите настани, за некој месец ќе сфатиш што ти правел дечкото и колку не било нормално тоа, ќе почувствуваш ослободување и олеснување.
Дали тренд дали воспитување... девојката сигурно не би се мислела ко имала малку посалам околина. Те знам какви се и околу мене љуѓето..севокупно. И да раскине ке и наметнуваат дека ради неа било.. требала да му угоди. инаку @Нелка2 , и јас те советувуам да прекинеш...
Девојче немаш 15год да го тестираш него. И не, тој не е добар човек туку психо манипулатор кој те придобил со тоа што ти помогнал. И колку сакаш теши се дека ќе се смени,нема. Таа болна психопатска љубомора преку ноќ нема да исчезне,треба да се работи долго време на сопственото јас, со помош на психолог. Заборави ти на тестови,тинтири,минтири. Бегај далеку од него, со ваков немаш никаква иднина.