Често е до околината ама не секогаш. Некогаш едноствно се случува да западнеш во таква врска. Особено на помлади години. На почеток се е супер. Како поминува времето почнува малку по малку да има некакви забелешки, дали за изглед, дали за однесување, дали за друштво. И тогаш почнуваш да правиш компромиси од најмали на почетокот, а понатаму се поголеми. Не велам дека не треба да се прават компромиси во врска и општо во животот, ама што кога тие компромиси целосно бришат/потиснуваат дел од тебе како личност? Значи тој не те сака тебе. Ја сака неговата замисла за тебе и по секоја цена ќе се обиде да те напика во тој калап. @Нелка2
Не ти е потребен тест,зошто секогаш ќе биде исто и ќе се вртите во круг. Колку и да ти е тешко сега,колку и да сакаш и потсвесно размислуваш дека има и добри карактеристики,на крај лошите ќе испливаат на виделина. Послушај ги советите од мајка ти,зошто они секогаш знаат најдобро,го имаат искусено на своја кожа,колку и да мислиме дека "не знаат " , после неколку години сваќаме дека се во право. Токсична врска не само љубовна,туку и пријателска и утре ден на работа,верувај не ти треба.Ти да внимаваш каде,со кого излегуваш,дали ќе се сретнете случајно со машко друштво,постојано преиспитување на одлуките не ти треба. Млада си,животот е пред тебе колку и да звучи клише,така е. Излегувај,забавувај се,патувајте,посвети време на себе,ќе сватиш колку е убаво да си опкружена со луѓе кои не ти "забрануваат и диктираат " што и како да правиш и со кого да се дружиш. И после година ќе се смееш кога ќе се присетиш на темава.
Јас да сум другарка не би постапила така, особено не ако знам каков е дечкото на другарката, би разговарала на друг начин,би пробала да и укажам. Не го осудив никаде девојчето за журкање, облекување тоа си е нормално на 20 год.
@Нелка2 се покајав што го прочитав мислењево пошо се изнервирав ко на моја другарка да ѝ се десило. Не, дечко ти не е добар туку е ужасен манипулатор и под хитно да се оттарасиш од него. Ти брани да носиш штикли? На ебани 20 години кога животот ти почнува ти живееш под нечија диктатура и се тресеш да седнеш до машко без разлика кое е? Не смееш да одиш по дискотеки? И бил добар…жими таквава бил добар. Те контролира како сака, те носи на раб на лудило, сигурна сум дека плачеш и се тресеш по секоја караница. Ни секунда не заслужува од твоето време. Љубоморен психопат. Не ни прочитав што ти пишале другите членки, има многу мислења се надевам доби добри совети. Реши се од дечко ти што побрзо ако сакаш да си го зачуваш менталното здравје.
Кога гледам дека нешто не е во ред сигурно не би постапувала за да му одговара на дечкото на другарка ми.
Па добро секој си има различни принципи и да нема дечко јас би ја прашала дали ќе и смета да седнат други особи со нас, доколку сме се договориле само јас и таа да сме на кафе. Тоа се вика култура.
Шо ќе тестираш? Тестирано ти е се'. Сака да има контрола врз тебе. А со дополнителен 'тест', може и ќотек да заработиш. Седни и размисли како ти сакаш да го живееш животот. Што сакаш да правиш, а што не. Ти! Не дечко ти! И според тоа ќе знаеш дали сакаш да живееш покрај него, или не. Ко ќе живеете под ист кров, нема да ти дозволува да прднеш. Ако мајка ти каже нешто што не му се допаѓа и од нејзе ќе те оддели, а не само од другарка ти. *Ова е мое мислење.
Ама никаде не пиша дека нејзе и пречеле дечките што дошле да се поздрават, туку дека и било страв да не ја види овој што врти ко манијак со колата околу кафичи. Нај језив дел ми е ова со колата, те следи во чекор
ко од серијана YOU со еден манипулатор, сеа уште фали да има пасворд од твои профили на социјални мрежи да ти чита разговори и секогаш да е на местото кај шо си ти.
Колку само може да се биде наивен брејјјј... на прсти ве вртат. Какво тестирање какви срања, ќе си трошиш време и мисли. У здрава врска нема тестирања, нема глупи недозреани игри, или ви иде или не ви иде! Ако треба од анонимни ликови да бараш совети тоа значи дека дечко ти не е толку добар како што го замислуваш. Да беше немаше да чувствуваш конфузија, замагленост и неодлучност. Аман бре како се залепувате на еден дечко ко единствен кур да е на светов..
Ни едниот ни другиот...ама ме загрижува што ја навредуваш индиректно другарката за нејзиниот живот, а твојот дечко го оправдуваш со секоја реченица. Не е ни малку во ред да не смееш да излезеш во диско или да облечеш "разголена" блуза, или да се тресеш ако некое машко ти каже здраво. Јас би ставила крај веднаш.
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Многу е лесно да се изгубиш себе си, ако си со насилник. Барем за мене беше... Се' можам да разберам што сум правела и најголемите глупости, ама како бев со него, не можам да сфатам. Пишав некаде по темиве, ама ќе го кажам пак, оти е многу добар пример, за то колку може да забегаш. Седиме во дискотека и тој и' се удвара на друга, а со мене излезен. И чекам да видам дали ќе си отиде со нејзе, или со мене, ко да е најнормална работа на светот. Буквално ко зомби да бев. Како да не постојам, ако не ме контролира тој. Мајндфак е.
Да вајлд те сфаќам скроз, веруј. Ама мора да стегне заби.. Нека размисли асално. Мислам, кога ја читам коса ми се дига од тоа колку е изгубена во неговата аура, нема свои сопствени ставови, желби... Жално е ама ова ќе и е памет за друг пат. Е тек кога ќе ја преболиш врската ќе можеш точно да видиш колку ова однесување не е нормално. После врска те удира разумот онака јако.
Треба да се има храброст да пресечиш и да покажиш заби. Тргнувајќи од себе, од другарките и тука на форумот, постојано бараме изговори и оправдување за постапките на партнерите. Секако не треба да се откажуваш на првата пречка, но тешко е да пресудиш што е вредно за борба, што можиш да смениш, а што не. Предност е кога ќе имаш некој од надвор да ти посочи дека грешиш, да те советува, но важно е и колку ќе послушаш. Некои се предобри манипулатори, ќе те убедат дека ти си виновникот за се', дека не вредиш и дека нема да најдиш подобар. А некогаш пак сме многу добродушни, веруваме и мислиме дека еден ден се' ќе се смени, да не речам наивни. Некогаш во име на времето продолжуваме во врска иако е измачување, само да не се фрлат годините поминати заедно во вода. Страв од непознатото и што те чека во иднина, како утре без него, ќе нема кој да ти пиши добро утро, ќе нема кого да прегрнеш. Но се' поминува девојки. Многу членки пишуваат, давајќи ни еден куп епитети колку тој е добар, а уствари е далеку од тоа. На крај секогаш завршува со: ме сака, сто години сме заедно, ќе видам дали ќе се скараме. Сакам да знам како завршиле овие приказни. Не солам памет, и јас сум иста, затоа и разбирам.