Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.417
    Пол:
    Женски
    не знам шо другите ти збореле надоле, нешо читнав нешо не.
    одма одма секундарно, раскид блок на СИТЕ социјални мрежи, број, вибер се` по список
    бев у однос со токсична особа, не беше врска.И нервите ми дојдоа као да ти кажам, НА МИНИМУМ
    џабе шо е убаво коа сте заедно, кога кога ќе се разделите секоја секунда ќе ти ја праи пекол
    и кај мене имаше недоверба, следење надвор, палење локации на снапчат, проверки, карање, сме се карале маратонски, никогаш не ми бранел шо да носам или кај да идам, ама пример јадеше гомна шо иам многу машки другари, трпев трпев и на крај, пошо сум ѓубре поголемо од него, кога сакаше врска да ми понуди, вечерта предтоа му реков-крај доста е.
    пошо ја доволно патев, 5 месеци мамата ми ја еба.А не се десило од некој однос да искочам ко губитник
    ама не биди ко мене, само блокни го
    не ти треба
    а другарка ти чувај си ја, ама со резерва, и со другарки иам лошо искуство, ама не значи дека сите се исти.Машките и женските
    ама гледај у моментов кој е подобар за тебе, кој ти прави да се чувствуваш убаво, кој те поддржува, кој те смее, кој те сослушува, со кого едвај сакаш да искочиш
    ма нема бирање уствари, земи блокни го СЕГДЕ
    ама најсериозна сум, као на сестра ти кажувам, не си свесна како ми зовре мозокот кога читав бидејќи дел имам и преживеано и знам што значи се` ова..
    ова не е ни љубов ни ништо, ова е БОЛЕСТ
    тоа и на мојот му го викав, ние бевме токсични, не можевме еден со друг а ни еден без друг, и двајцата имавме чувства.Он беше ОПСЕДНАТ со мене и моето тело.
    среќа побрзо се откачив па му праев мајдфак гејмс
    и се откачивме
     
    На Elf, sj *O*, Нелка2 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Досега ништо чудно да ѝ има забрането и форумов да го користи.
     
    На raww, buba4e89, _Monroe и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    До Нелка не можам да означам. Девојче од искуство , типов мислам дека е тежок комплексаш и пати од некој комплекс. Го знаеш она сите не чинат, јас чинам. Ова не е здраво, сум била у таква ситуација ама човекот не те сака, го сака фактот како добро манипулира со тебе. Сака да те изолира од светот , сигурно е свесен дека никад више не би нашол у животот девојка која што овака ќе игра како тој што свири и тој само ужива у ,,правото на користење” кое што го поседува над тебе. Да имал основа за сомнеж некако да прифатиме, али ова на чиста душа ова да ти го прави, не иде. Имав еден ваков само шо тој ме ,.сакаше” на многу чуден начин, активно тражеше други, знаев дека чатува со други девојки, никад не се осигурав дека ме изневерува ама сите факти тоа го говореа. И од мојата голтота би ти го посочила дека можеби дечкото сето ова го прави, зашо поаѓа од него, зашо кај мене се испостави дека се шо он се плашеше јас да не му направам го правел он. Пола година ја сјебав со таков човек со кој што упорно знаев дека пишува со други али све беше коинциденција, слушав дека ме вара ми ги отвараа очите али нишо не беше верно, за све имаше време за мене не, ноќи ноќи сум прошла непреспиени чекајки го до зори да се врати, само на специјални настани ме шернуваше на социјални мрежи дека сум му девојка инаку се плашеше. И уште реедд други работи за кои што сме прошле и јас и мајка ми и сестра ми низ хорор , а крајно и татко ми го замешавме да ме освестат. Сме доаѓале у такви моменти ние домашните да хистеришеме до нервни сломови. Маѓепсана ли бев или… почнав за Нелка и моите маки си ги кажав, историја можам да напишам кое дно бев. Со среќа Нелка, пресечи одма.
     
    На Cosmic Girl, Cecko85, FridaodaMk и 4 други им се допаѓа ова.
  4. wildqueen

    wildqueen Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2022
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски

    Kога ќе се сетам и јас имав ваква ситуација :?: се тешев со тоа дека мене ме сака и утре ќе си дојде пак кај мене.. на што торшев залудно време ,среќа ми дојде памет кога ме изневери пред мои очи (собрани друштво,он во спална со друга девојка врз него).
    Денес,после 13 години ми е многу смешно и жално колку време на што трошев и колку шанси давав за он да се смени.И да криво ми е што секогаш во секој разговор успеваше да направи јас да се осеќам виновна,и се дека е ради мене..
     
    На Cosmic Girl, buba4e89, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.417
    Пол:
    Женски
    Гадно манипулаторче
    Макијавелизам про макс
     
    На Cosmic Girl, sj *O* и Kjara15 им се допаѓа ова.
  6. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.990
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Ќе се обиде да ја напика во тој калап да, ама толку колку што таа ќе му дозволи!
     
    На julie77, raww, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Девојката веќе му дозволила. Прочитај го првиот пост од неа каде што го оправдува тоа што поминувал со кола покрај кафичот каде што е таа, што не излегува во диско затоа што тој смета дека не треба да излегува, а не затоа што таа не сака и сл.
    @Нелка2 во најскоро време расчисти со него. Немој да мислиш дека тој е единствениот човек за тебе. Има многу подобри момчиња
     
    На Snowflake97, sj *O*, L.i.n.a.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    12.039
    Пол:
    Женски
    Многу од овде искусиле таква посесивна љубов. Можеби се многу сакате и можеби настрана посесивноста тој е многу добар човек, ама ова не е здраво. Ти се мачиш, во немир и страв живееш.

    20 години имаш како што можев да сфатам.
    На 25 ќе си се пцуваш сама себе што си останала таму. Ако не и порано.

    Бегај.
     
    На Snowflake97, Celltica и sj *O* им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Или на твојов дечко, твојата другарка му е неостварена љубов или го откачила' некогаш или пак обратно, супер позната ми е оваа ситуација, они преку тебе се рчкаат цело време затоа што некој на некого му е душевна рана.. Бегај и од двајцата со време, токсични се.
     
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    5.925
    До кај сме со реакции на коментари?
     
    На Just.do.it, Bella •••, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.137
    Пол:
    Женски
    Не те многу разбирам што сакаш да кажеш..
     
  12. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Дали некој може да ми пише ЛП, итно?
     
    На j$ass му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.646
    Допаѓања:
    40.145
    Пол:
    Женски
    maxresdefault.jpg
     
    На Izaabella, jacqueline.s, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.838
    Допаѓања:
    13.962
    Пол:
    Женски
    Не ти треба никаков тест. Следи му ги ограничувањата кон тебе. Можеби сега си велиш ме сака затоа е така ама верувај тоа е болна љубомора. Нормално е да постои љубомора ама во граници на нормала.
    Кога ќе бидете во брак можеби ќе сакаш неколку дена да бидеш кај твоите, знај дека и на тоа многу лесно ќе направи проблем.
    Ако си во врска не си врзана. Единствена разлика е што во врска имаш дечко, друго ништо. Можеш да се дружиш, да имаш другари, другарки, да се облекуваш како сакаш, да излегуваш кога сакаш.
    И што ако додека седете со другарка ти дојдат машки на ваша маса, што ги познава другарка ти, искрено многу ниско од негова страна. Мажена сум па не затворам круг на пријатели не па со дечко. Поради вакви испади што се трпат, после раскинување најчесто се останува сам без пријатели, без никој.
    Дружи се и шетај, младите години нема да ти се вратат. Ќе можеш да шеташ цел живот, точно е, ама кога доагаат деца после шеташ, и тогаш уживаш ама не правиш секогаш баш она што сакаш ти, се приспособуваш на децата.
    Сега сакаш во диско одиш, не мора во 5 да станеш затоа што бебе сака да цица.
    Млади сте, не дозволувајте да ве контролираат. Зарем немате фобија некој да ви кажува што правите? Ексик на таква љубов. Јас имав дечко што ми викаше пред да одиш некаде, ќе прашаш може ли!?!??? Викам важи, не е проблем, не се ни помачив да му раскинувам, знаеше според моето однесување дека е крај. Два месеци не можев да го истрпам, не па години.
    Сакајте се себеси најмногу, ако вие не се ценете доволно, никој нема да ве цени!
     
    На Snowflake97, FridaodaMk, Aztec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.132
    Допаѓања:
    82.916
    Пол:
    Женски
    @Нелка2 верувај дека врската кога тогаш ќе пукне. Со толку забрани и љубомора, нема да може да издржи па колку и да сакаш ти да ја задржиш. Заљубена си и не ја гледаш реалната слика дека таков всушност не ти ни треба, не веруваш дека без него ќе ти биде подобро. Ако не ги послушаш советиве и да седнеш, да размислиш каде води такво однесување, на потежок начин ќе научиш.
     
    На Snowflake97, Нелка2, Aztec и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SkBoy20

    SkBoy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Машки
    Се разочарав какви луѓе имало.. Не му се доверувајте секому за било што само повеќе ќе се разочарате. Терајте си го животот,целите во животот и не се замарајте како мене тоа што треба ќе си дојде. (fingers)
     
    На Love Elixir и WildMk им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.978
    Допаѓања:
    26.040
    Пол:
    Женски
    Уф , ова е премногу !
    Разбирам дека двајцата ти значат , но , ова е токсик левел инфинити . Да , стриптизер е ту мач , ама дискотека ? Па ти девојче имаш 20 години , каде треба да излегуваш со другарки , во дом за стари лица ?
    Јас имам 26 години , во брак со 3 деца сум , па маж ми не ме контролира до олку ! Сеа што поради обврски не можам да се ускладам со другарките е друга работа , но еве некако да успеам да се ускладам , секако дека не би бил никаков проблем . Кога има меѓусебна доверба , ниту кратко фустанче ниту разголена маичка не доведува до кавга .

    Пример : пред еден месец бев на свадба , во албански ресторан ( вработените од еден до последен беа Албанци , сите млади ) , во таква средина живеам каде голем дел од девојчињата биле во " проблематични " врски ( дури и сестрата на маж ми се најде во ваква ситуација ) каде човекот е 10+ години во брак , неретко има по 1 па и повеќе деца , но има пари , па " шврља " , и неретко е Албанец ( не ме сфаќајте погрешно , има и Македонци такви , нема врска со нацијата ова , само да доловам што се случува во државичево наше ) , и знаејќи го сето ова , маж ми , кој полуде кога дозна за сестра му , мене дури и ми помогна за облекување на фустанот , на кој деколтето му беше речиси до папок (facepalm) .

    Инаку , јас сум спортски тип и воопшто не сакам кратки фустани , или разголена облека . Најубаво ми е обична маичка , фармерки и патика , но ете за свадба или излегување ќе се дотерам , нема да одам како да излегувам во дом за стари лица .

    Со дечко ти поразговарај на тема меѓусебна доверба . Обавезно . Тука проблемот не е конзервативност или љубомора до толку , туку взаемната доверба . Доколку тој ти верува тебе , и ти му веруваш на него , 1.000.000.000 машки/женски да ви се пуштаат на ден , нема да ви е проблем .

    Јас ако имам памет во глава , и гол да шета некој пред мене , и на тацна да ми се нуди , џабе ќе му е .

    Е ако немам , и во кафез да ме ставиш , ќе најдам начин за глупости да направам .

    Исто , со другарката можеш со разговор да решиш се . Да , нема да сте толку блиски после ова , но барем нема да ја изгубиш . Мора да има баланс . Доколку таа сака да одите заедно во дискотеки , може , но не секој викенд пример . Ете еднаш месечно е сосема ок . Одите во ресторан на вечера на пример сите другарки ( без дечковци , нормално , girl's night out ) и без стриптизери :D . Или доколку ти сакаш во маалски кафичи на кафе , таа треба да го прифати тоа и да не се расправа понатаму .

    Колку пати сум била со другарка во маалско кафуле и не ми замерила , не само сега , и пред да се омажам бев иста . Никој ќе нема таму само ние и вработените . И топ ни било . До друштвото со кое седиш е , не е до кафулето .

    П . С . Се извинувам за километарскиот пост , со добра намера е напишан :D .
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    24.592
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е да се отворам на фемина ама ајде да си кажам.

    Значи вака во преубава (официјално) врска сум веќе 2 месеца, а комуницираме 5 месеци. Преголема љубов има меѓу нас, ме третира најубаво на свет, ја осеќам добрината од негова страна, немам никакви сомнежи во врска со тоа.

    На почетокот тој ми даде до знаење дека многу ретко седи на телефон и пишува пораки, повеќе сака да збори, а јас обично не сакам зборење на телефон, ама со него се навикнав. Исто така разлика меѓу нас, тој е многу поекстровертен и многу често излегува, јас сум поинтровертна.

    Сакам да напоменам дека во минатото исто сум го имала овој проблем, а тоа е што јас се осеќам несакано кога не добивам внимание. Што е апсурдно и не реагирам на тоа, знам дека е нормално да излегуваш со друштво и сум доволно свесна да препознам дека е до моја сопствена несигурност. Затоа барам објективно мислење за колку е нормално да контактираш во врска.

    Значи, живееме во различни градови, се гледаме 2-3 пати неделно затоа што толку имаме можност, а тој со друштвото, со кое се дружи од основно, излегува 5-6 пати неделно, дали на кафе, дали ќе се соберат ќе играат игри, дали ќе пијат и сл. Двајцата живееме во мали станови, збуткани сме со луѓе, делиме соби и не можеме баш асално да збориме на телефон.

    И ете проблемот ми е што иако ми враќа на пораки на секои саат, саат ипол и не би рекла дека ретко збориме, не би кажала дека ми е доволно. Ќе ми каже дека ме сака, дека едвај чека да ме види ама многу послабо ќе ми каже што му се дешава во текот на денот, многу ретко правиме муабет. Ми кажува каде ќе иде, со кого ќе е, дека ке е зафатен и затоа нема многу да ми пишува, кога е дома си седи со неговите и со брат му, си гледа јутуб (значи стварно не е по седење на телефон) и да, ќе ме праша што правам, па ќе ми одговори само со „Аа супер, те сакам“. 90% од пораките ни се искажување љубов и колку едвај чекаме пак да се видиме и некои шознам, кратки и површни работи.

    И кога ќе се видиме се е нормално, го гледам дека е пресреќен што се гледаме, ќе ми раскаже по нешто што му се дешавало во текот на деновите кога не сме се видувале и не сме многу збореле и се е најнормално и затоа не ми е јасно дали сум луда што јас плачам по цел ден од што ми фали и од што е зафатен и не збориме? Затоа што некад ќе ми се деси нешто што ќе ме изнервира или ќе се осеќам тажна, и не се осеќам дека во моментот можам да пишам и да ја добијам подршката што ми треба, макар и кога не е излезен туку е дома и седи на пц или се дружи со неговите. Не ми е јасно зошто тој не осеќа толкава потреба да збори со мене, да ми раскаже нешто што му се десило во текот на денот, па сепак сме од различни градови и не се видуваме толку често. А за зборење на телефон, толку се навикнавме и двајцата да не можеме на раат да збориме на телефон што не се ни трудиме веќе и тоа ме боли сакам барем некоја иницијатива да видам.

    Му го имам спомнато ова повеќепати, дека ми треба повеќе комуникација во текот на денот и го имам искрено прашано дали нешто не е во ред, тој ми рече дека не е така, ме reassurна дека многу му фалам и ме мисли, и тука во овие муабети ми кажа дека на бивша му понекогаш не и враќал по цели денови и дека стварно е таков, ама они збореле на секои два саати на телефон и сега и тоа го премислувам.

    Ве молам дадете ми мислење, па и искуство за како изгледа комуникација меѓу вас и вашите партнери кога не се гледате и колку е нормално ова.
     
    На Cosmic Girl и DrMTR им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во секоја врска самите партнери си го одредуваат тоа, не би знаела да ти кажам како да го решите тоа со оглед дека сте ограничени и двајцата.
    Само ќе ти кажам дека врската е повозбудлива и копнежот по партнерот поголем кога поретко комуницирате. Баш убаво што си имате муабети кога се гледате, замисли нај deep разговори да ги водите на вибер, не е тоа тоа. Мене многу поубаво ми беше пример во средно кога требаше да чекам утредента во школо да го видам дечко ми отколку сеа да прднам одма да пишам на маж ми. Затоа сега се слушаме само ако е нешто итно, а за се друго си разговараме кога ќе се видиме дома. Верувај ми поубаво ви е вака. Опушти се и исполни си го денот, секој друг муабет остави го за следната средба.
     
    На Ljubova, cresa-jagoda, Lavender4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.376
    Допаѓања:
    1.651
    Доволно е да си попрајте муабет на телефон 2-3 пати на ден и да си кажите се што треба. Нема потреба од врзани на телефон и цел ден само пишување секој чекор следење пошто така се гушите еден со друг. Неправи паники и не размислувај на непотребни работи. Излегувајси со друштво, пријатели, колеги, нема потреба толку многу да се преокупира, само лабаво.
     
    На Snowflake97, Lavender4, raww и 3 други им се допаѓа ова.