Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.417
    Пол:
    Женски
    Пиле истово ми се дешаваше..само ја му турив пепел.Не беше среќа нишо сериозно пошо многу ми сметаше ,,неседењето" на телефон.На 24, 48 часа зборевме..
    пробував да сфатам како функционираат таквите луѓе.И ја сум ко тебе сакам да си разговарам, да ме праша као сум, да ми посвети внимание.И ја неќам толку да зборам на телефон, поготово шо дома се` ми се слуша.А на 10 мин живееме замисли, а се глеавме 2 месеци по еднаш неделата..
    но сенс.Ја дигнав раце.
    Сеа ти ако сакаш да успее, кажи му дека мора баланс да се напраи, тоа екстроверт со интроверт и седење на телефон со неседење.Поише да седи он на телефон ,ти почни поише да искачаш да утепаш време и да не ти фали.И не плачи.
    И да поработите на комуникација мора, ова ,,а супер те сакам" мене ич не ми се сфиѓа..
    као откачувачки ми е ладно некако..
    ја скроз те сфаќам пошо ја би 24/7 да зборам.Досега секогаш со тие шо сум била поозбилно, од гм до гн
    кажи му дека ти треба комуникација, внимание повеќе.Не се срами, не губиш ништо
     
    На cutieee123, JoanaS, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Мора некако да се најдете на средина, без компромис ова не се решава.
    Јас потполно те разбирам. Не дека е многу здраво 24/7 да комуницирате, секако дека мора да си дадете и простор за себе еден со друг, но и јас би сакала да има многу почеста комуникација од оваа вашата.
    Мора да имате еден сериозен разговор и да му објасниш дека тоа ти пречи, но истовремено не барај и не очекувај тој од корен да си ги смени навиките. Сепак, мислам дека доколку разговараш ќе наидеш на разбирање и комуникацијата ќе ви се подобри, особено ако навистина мислиш дека имате убава врска. Во секој случај не чувај го проблемот во себе.
    И ДЕФИНИТИВНО почни да излегуваш. Знам дека не е лесно да се каже, и јас сум интроверт, но не можеш цел ден да чекаш дечкото да го земе телефонот во раце. Не дозволувај се во животот да ти се врти околу врската. Не мора да излегуваш секој ден, ама сигурно ќе ти биде полесно и поубаво ако се напиеш едно кафе со другарките два-три пати неделно.
     
    На Ramones, Snowflake97, cutieee123 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Тој треба да ти каже зошто не ти пишува сигурно не е зафатен 24/7 секој ден, и да има многу обврски ќе одвои 1/2 да поразговарате. Да му браниш да излегува да не се дружи со други не би било добро, ама треба да има во обзир дека и ти сакаш да си со него како другите, на него ти не му фалиш? Кога е презафатен со обврски океј е да ти враќа на краток кога ќе има можност барем на 2/3 часа, а не да се изгуби цел ден и ти да го мислиш а него го нема, може да се случи нет да снема да неможеш да вратиш ама сигурно не му се случува секој ден да нема нет, да е презафатен... Кој те сака ќе најде време да те праша како си, како поминал денот, да се шалите смеете. Нетреба да те запоставува. Кога ќе имате можност поразговарајте кажи му како се осеќаш.
     
  4. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски
    Зошто побогу не си опуштиш душа кога ти е најубаво, зошто од немајќи проблем си праиш проблем.

    Плачеш по цел ден иако имате комуникација ?

    Според мене - потенцирам врската/ бракот не е поседување на тој другиот туку дополнување . Врската не е менување на навиките и начинот на живот на партнерот во смисол сега има девојка и ќе заборави на другари, на некое негово хоби итн.
    Врската е прифајќање на човек со сите мани и недостатоци, да не викам дека не треба да се прави компромис, но овде во случајот ти немаш проблем од негова страна. Проблемот е во тебе, тоа е опседнатост ( разбирам во почеток на врска си и имаш потреба 24/7 од партнерот, ноо мораш да разбереш дека и тој има свој живот, свои навики, свои принципи)

    Не знам колку год сте. но без лутиш ме потсеќаш на другарка ми. Седи дома нема шо да праи и преукупирана е со дечко и кај е шо е кога и се јавил.
    Најди си занимација, работи на себе и на својата самодоверба, размисли шо праеше пред да бидеш у врска, исполни си го вишокот време пошто верувај тоа е за твое добро никој нема да ти пополнува вишок време па макар и дечко
     
    На Cosmic Girl, Mikha4, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    24.592
    Пол:
    Женски
    Ич не се лутам, затоа побарав мислења тука. Како што реков, јас хронично во сите врски и неврски што сум ги имала сум се осеќала како да е крај на свет ако не добивам (колку јас што сакам) пажња. Ама сум доста свесна за самата себе, дека тоа е мој проблем, и никогаш нема да контролирам колку некој излегува со друштво на пример. Ама од друга страна, не можам да спречам да ме јаде мене од внатре, посилно е од мене.

    Сега во овој случај, морав да прашам, затоа што сме од различни градови и многу поретко се гледаме и бев растргната меѓу тоа дали се сепак мои глупости и несигурности или навистина не ми посветува доволно внимание за прилично ретко гледање.

    Ми требаше мислење како твоето пошто скроз ми помогна да си го решавам интерниот монолог. :D Инаку 20 и 23 години сме.
     
  6. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.404
    Пол:
    Женски
    Како да разликувам љубов од навика?
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.405
    Допаѓања:
    18.055
    Пол:
    Женски
    Ова е многу индивидуално. Еве јас како интроверт ќе кажам од моја перспектива. Мене ме гуши кога некој очекува постојана комуникација, постојано да седам на фб, да пишувам сега правам ова, сега правам она. Сум била во врска со партнер кој го очекуваше ова од мене, постојана 24 часовна комуникација и пукнав. Кога раскинавме, се чувствував како да се ослободив од стегите, буквално се чувствував претходно како да неможам да дишам. Не сака секој 24 часовна комуникација и тоа е нормално, сите не функционираме исто.
     
    На Cosmic Girl, Mikha4, Snow_King и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски

    Кај секого е различно, еве ќе ти кажам за мене.Во студентските денови имав врска на далечина ( во друга држава ) ако бев на кафе ќе ми каже ајде седи си се слушаме, ако беше тој искочен исто и јас се понашав така. најчесто се слушавме навечер за да си кажеме кој како го поминал денот.
    почитував негово време како и он мое. Кога бевме заедно ми беше најубаво, бев сакана бев почитувана пред се. Тој во тоа време ја прошета скоро цела Европа со колеги од факултет (кои патем беа од различни држави) се собираа и шетаа, никогаш не направив проблем пошто тие се годни за дружење, шетање. И знаеш што траевме цели 10 години. И пак да се родам пак би била со него у врска.

    Затоа ти кажувам не си упропастувај нешто што ти е убаво, Уште сте на почеток може со тек на време да сака се почесто да те слуша, да те гледа. Тазе сте уште.
    Опушти се и уживај во љубовта што ја имаш :hug:
     
    На Tavce-gravce, cresa-jagoda и Srckata28 им се допаѓа ова.
  9. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Ако има љубов треба и двајцата да уложувате во врската да не стане монотоно, а ако почне да станува монотоно и знаеш дека денес излегувате одите на кафе и секој ден исто или секој ден знаеш дека треба да пишеш:
    Добро утро.
    Добро утро.
    Како си.
    Добро ти?
    ...
    И во тој контекст се да се повторува едно исто да нема напредок, и се осеќаш како дека мораш тоа да го правиш станало навика, ако не се потрудат и двете страни врската да оди напред ќе стане навика.
    Ако се осеќаш дека мораш тоа да го правиш во врската, дека станува монотоно значи е навика, навикнати сте дека треба да си пишете добро утро и да излезете на кафе, а ако секој ден ви е нова авантура е љубов.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.433
    Пол:
    Женски
    За ова и нема некое правило, секоја врска си е различна, треба да си одреди секој пар што му одговара на него.
    И јас сум во врска на далечина, ние и уште поретко се гледаме од вас, вашето мислам дека е и добро 2-3 пати неделно, толку се гледа и другаркава што е во ист град со дечко и, но обврските и слободното време толку им дозволуваат што според мене гледањето и ви е океј, па и за почетна врска.
    Ние често комуницираме, порано он повеќе од мене излегуваше, но во тек на овие 4г повеќето другари му се оженија, кој се пресели некаде, кои со работа презафатени, пандемијава, па и неговите излегувања многу се намалија. Кога имаме обврски нормално не збориме и со саати, ако е некаде или јас сум некаде излезена не се бараме, може некоја порака да си пратиме, но не му вртам или да се лутам ако не вратил, но збориме доста. Инаку вака во текот на денот кога сме слободни, постојано имаме за што да збориме, во живо, на нет, некако од сам почеток така ни тргна комуникацијата и пред да одиме на дејт, така и си остана речиси цели 4г да вака функционираме, јас си сакам да си зборам со него во слободно време кога ни е, така помалку ми фали тоа што не го гледам често...

    Мене не ми се свиѓа такво враќање на "аа, супер, те сакам" и после да го нема од тоа што го пиша.
    Ама пак ќе кажам мене лично не ми одговара така и не сакам слаба комуникација во тек на денот, затоа мојата врска си е прилагодена на тоа што ми одговара и на мене и на него, сакаме комуникација и сакаме да си кажеме се што ни е во моментот еден на друг, вака осеќам доволно внимание и посветеност. Особено ние во врска на далечина што сме ако не се социјални мрежи што да правиме, да чекам 2 недели да го видам, па да ми кажува 2 недели што правел...

    Е, сега вие сте некако ептен на почеток, така да ваков муабет може да го гуши, најдобро е засега да не спомнуваш ништо. Остави некое време да видиш како ќе се одвиваат работите, дали ќе се прилагодиш на таков контакт, дали ќе се смени нешто итн...
    Мислам дека со тек на време како ќе е се посериозна врската така и ќе дојде време да сакате се повеќе да споделувате информации меѓу вас и да поминувате време заедно (а за жал во врска на далечина ако не се може физички, мора тоа да е некако онлајн), па може и ќе се потсреди ова.
    Не е проблем тоа што не седи на социјални мрежи туку што целата комуникација е како површна, цело време те сакам, а никаков друг муабет, додека во живо ви е океј. Но, доста е рано за да очекуваш премногу, затоа мислам дека моментално ова и не е некој проблем, 2 месеци врска е реално краток период.
     
    На cresa-jagoda, Srckata28 и Lavender4 им се допаѓа ова.
  11. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.732
    Пол:
    Машки
    :smirk:
     

    Прикачени фајлови:

    На Mikha4, Angie1432 и black-angel им се допаѓа ова.
  12. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    Sto koga ke se opsednete so nekogo, a samo eden dejt dosega?
    Si pisuvavme nedela dena I se vidovme.
    Nemozam da go procenam, neznam ni dali mu se svigjam ili ne.
    Nisto konkretno ne mi pokazuva.
    Se ponasa dzentlmenski celo vreme, u stil mi otvara vrata, izgleda top, vezba, raboti, ima mnogu hobi. Me smee, mi pisuva vo tekot na denot. Stava slika so nekolku devojciina mu imaa reagirano ,,meow,, I slicno I site izgledaat top.
    Mnogu mi se svigja tipot no strav mi e nekako. Bas nepredvidlivo e so nego. Nz kako da se ponasam. Dali zainteresirana, dali ne tolku.
    Sovetii?
     
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Зависи дали вратил на пораките.
    Ти сама запрашај се дали го сакаш или не, ние не можеме да ти кажеме.
     
  14. Summerbaby

    Summerbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.790
    НЕ СЕ ОПСЕДНУВАЈ !!!! ЖИВОТОТ НЕ Е ИНСТАГРАМ !!!! БИДИ СВОЈА !!! толку....
     
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.970
    Пол:
    Женски
    Јас само би сакала да кажам дека љубовта не е само на збор да се каже “те сакам”
    Љубовта е во комуникацијата и во разбирањето и поврзаноста.
    Најлесно е да се каже некому со збор те сакам ама покрај тоа “те сакам” има уште милион работи.
    Има ситуации каде што не мора некој да ти каже десет пати на ден со збор дека те сака ама има постапки кои самите го покажуваат тоа.
    Ова многу ме потсети на моја врска од минатото каде што буквално копнеев да правам некаков подолг муабет со него.
    Цело време го чекав..или беше на компјутер, или учеше, или некаде беше и јас цело време чекав за момент на внимание.
    Не викам дека треба без осет да се зборува цело време ама здрава врска се темели на добра комуникација.
    Тоа некомуницирање понатаму предизвика понатамошни катастрофални проблеми..
     
    На Regina.Phalange, cutieee123, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.199
    Пол:
    Женски
    Таквите шо “те сакаат” на секој втор напишан ред најчесто најмалку сакаат.
    Врската значи компромис од двете страни. Не може тој да гледа дека ти е малку муабет и да ти вика “таков сум, не се допишувам”. Ќе се потрудиш некако друже да ја усреќиш партнерката.
    Исто и ти, не може цел ден да дремиш на телефон и да чекаш да ти врати. Ќе си имаш живот, факс, работа, хоби, другарки. Така помалку ќе го чувствуваш неговото отсуство и кога ќе се чуете и видите ќе си имате повеќе дешавки за раскажување.
    Мада, тој некако понезаинтересиран делува да ти угоди отколку ти. Битно те сака со збор. Ок.
     
    На Ivan4e04, Indiegurl, FridaodaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    24.592
    Пол:
    Женски
    ОФ, тука се многу пронајдов. Мене всушност што ме поттикна да пишам е тоа што он ќе биде излезен 6-7 саати, океј супер, малце ќе комуницираме по некоја порака ваму-таму и кога ќе се врати наместо да направиме муабет, тој ќе седне на компјутер и пак ќе биде порака ваму-таму. Или порано кога беше вработен, ќе се врати од работа, ќе ми пише дека се вратил, па ќе иде да јаде и ќе збори со неговите или со брат му (пошто се блиски) што се дешавало на работа неколку саати, а со мене не.
    И сега јас сфаќам дека да дојдеше од работа и со мене да се видеше прво, мене ќе ми збореше, ама ме повредува што тој не ја има истата желба да ми кажува се мене и да ми прави муабет кога немаме зборено неколку саати... Како што ти опиша, баш се осеќам како да си го чекам редот за моето внимание, кое обично доаѓа во живо.

    Инаку, љубовта е докажана со акции, не се сомевам во тоа, имаме добра комуникација кога имаме проблеми и имаме поминато низ неколку (колку за 2 месечна врска) и се има и поправано и се. Тој многу површно враќа и на неговото друштво и на с и т е, имам видено со свои очи, дури за мене би кажала и дека се труди со пораките. :D

    Инаку, сега се вратив од дејт и беше одлично, сите грижи ми ги снемува кога сме заедно, толку ми е убаво. Сепак, за сега, ќе пробам да се опуштам и да не сфаќам толку трагично и лично ова со допишувањето. Ако продолжи ептен лошо или слично, за сериозно ќе го седнам да позбориме. Фала ви на сите за советите и за дадените перспективи, стварно ми требаше да слушнам. :hug:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cutieee123

    cutieee123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас потполно те разбирам.И мислам ако ти фали внимание да не се осудуваш себе дека претеруваш и да си го побараш. Ќе се направи компромис, доколку не, ќе има и други дечковци послични на тебе во иднина.Дечкото нема никакво ограничување од твоја страна за приватен живот. Дури и уште послободен ќе е и врската ќе ви е похармонична ако он изрази малку повеќе желба да споделува со тебе повеќе.Тогаш нема ти да ги премислуваш овие работи и ненамерно да правиш тензии.Сега уште се држиш ама мислам дека ако продолжиш со вакви негативни мисли дека ќе влијае тоа на врската.Зборувај отворено и кажи му.Ако ти си се привикнала на зборување по телефон и он може да се промени барем малку и да пише плус некоја порака.Добро утро, после работа како поминал на работа, па после нека прави што прави со неговите или комп, ако излезе негде не мора да седи на телефон, кога ќе си дојде пишете си слушнете се како сте си поминале ,убава порака за добра ноќ и мислам дека не е ни претерано а ни малку.
    Мене вашето ми е некако малку, јас не би можела со таква комуникација.Долови му го тоа дека не сакаш ти да го гушиш со прашања и муабети дека сакаш повеќе он да изрази желба сам да сподели нешто со тебе од текот на денот.
    Сепак сите парови функционираат различно, ова е некоја моја мерка , не значи дека е правилно, ќе морате двајцата да си одлучите и да се разберете.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.333
    Терај си го животот и дркај на него. ^_^
    Ако испадне нешто, супер.
    Ако не испадне ништо, супер.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. etoile

    etoile Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2019
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Убаво си напиша дека си ,,опседната”, мозокот е чудно нешто.
    Не се води многу според надворешниот изглед (на крај тие што пишуваат во темава не е поради тоа што тој и’ огрдел или таа нему), многу е поважно другото и хемијата меѓу вас.

    Ако веќе си му фрлила око искочете, запознајте се подобро, може и тој не е сигурен како тебе.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.