Jas vo globala si kazuvam emotivec i romanticar sum. Ako na prva tocka ne ti e deckoto ili devojkata da i kazis kako qj pomina denot, kako se cuvstvuvas, pa i da si zboruvate za banalni raboti, tuka nesh ne e okej.
Рано е , тек прв дејт . Излези неколку пати со него , па ќе можеш да процениш подобро . П . С . Џентлмени се сите на почетокот , битно е да остане таков , џентлмен .
Имам не толку страшно проблемче ама е.. Се гледам веќе неколку месеци со дечко и не сме во врска ама не ни искачаме со други, баш сме као у врска ама слободни да правиме што посакаме(не искача со други а ниту јас) можда е во фаза на не знам дали те сакам но ми се допаѓаш доволно за да искачам со тебе Е сега тој има факс и е згоден хаха јас немам факс не сум згодна. Има брат и девојка штоо тие ми се над моите стандарди таа е шмизла тој мангуп и мојов дечко е мангуп ама со мене е океј Никогаш не сум можела добро да контакткрам со такви дигнати фаци едноставнп не можан да се спуштам на нивното ниво, прибрана сум а они се мангупи како што кажав не знам како да се однесувам со нив освен тоа таа веќе им е како дел од фамилијата а јас не сум му ни девојка
Важно е дечко ти дали е дигнат а тие двајца исто како да не постојат.Не мораш да имаш којзнае каков и колку близок однос.А да размениш 2-3 реченици кога ќе ги видиш претпоставувам можеш. Тоа што немаш факс и што мислиш дека не си згодна не го ни помислувај како пречка, дечкото чим е со тебе ги гледа твоите квалитети и него му се допаѓаш. Ај уживај си со дечкото и не премислувај.Важно е тој каков е со тебе.
По кажаново, (ми) делуваш како да се чувствуваш дека не си добро прифатена и дека не се вклопуваш со нив. Убаво ти кажа членката погоре, битно е мислењето на дечко ти а не мислењето на тие околу него. На крајот на денот, со него си во врска а не со нив.
Тие се дигнати или ти се подценуваш? Дека рече не сум ни згодна ни имам факс. Звучи ко да се подценуваш, а тие може да се понашаат сосема ок понашај се со нив како со сите други луѓе. Не ги воздигнувај многу непотребно, сама си правиш да се осеќаш незгодно околу нив. Обични луѓе ко и сите други
До сега никогаш не сум помислила да пишувам на машко прва.Се досега.Што мислите дали е во ред женското да преземе прв чекор?
Со рееетки исклучоци-НЕ. Мислам за ред, во ред е зошто да не. Ама да не се лажеме, машко ако е доволно заинтересирано ке се потруди во врска со тебе. Од друга страна, машко ко машко најверојатно нема да те одбие за еднаш-два пати.. а и да стане посериозно, секогаш ќе се осеќаш помалце посакувано, барем јас би. Исклучок на ова би било ако веќе еднаш го имаш одбиено, ако ти е добар другар и знаеш дека му се свиѓаш ама се плаши да преземе чекор, или евентуално ако до сега си била во долга врска и знаеш дека му се допаѓаш па му е страв да ти пише. А онака рандом да пишеш, според мене немој.
Океј да, ама како би му дала до знаење дека постои? Може не ја знае воопшто, само на социјални мрежи, може се знаат низ град ама се немаат запознаено. Јас сум за да, најлошото што може да се случи е да не врати, што не е толку трагично.
Значи ако ти се допаѓа некој никако не би иницирала комуникација прва?! Знаете дека машки не читаат мисли, нели? Тогаш ќе бидете само со оние кои вас ќе ве одберат, а не вие кои сте ги одбрале . Буквално е "дај шта даш" работава.
Здраво дечки, ми треба мислење. Многу сум несигурна да останам сама, значи од мала сум била самостојна ама ете кога почнав да излегувам со машки некако почнав да имам страв да не останам сама, а реално не е најлошата работа на свет. Сега излегувам со едно дете, ништо официјално ама се гледа дека сака сериозно, уште од првата недела сакаше да ме запознае со другари, со неговите, на веридба да идам бла бла (2 месеци имаат поминато неам запознаено никој дека не сакам). Не знам што ме натера да излезам со него ама ајде, не ми се свиѓа на изглед ама не судам и сакав да го запознаам. И сега после 2 месеци мене многу работи (СИТНИЦИ) ми сметаат, не знам дали стварно или ради тоа што самата потсвесно сакам да најдам нешто за да прекинеме. Знам дека е грдо ама во меѓувреме пред две недели случајно се сретнав со школски и излеговме на кафе ова она и кликнавме значи најнеочекувано и мене ми е преубаво. Јас знам во моментов што сакам, да прекинам со првиот дека стварно и добар и не сакам да му губам време и да си продолжам со вториот. Арно ама, не го знам вториот доволно за да знам дека има сериозни намери, ниту пак како ќе ми биде и страв ми е да не останам сама, а сум имала сигурен избор (првиот). Се нервирам што воопшто размислувам вака. Си велам поарно да бидам сама отколку со некој онака, од друга страна си викам може барам нереална врска, не може да ми биде wow да паѓам во несвест првиов барем ќе ме сака... Не сум трето одделение со муабетиве, ама убаво ќе биде некој да ме искара!
Има начини, преку заеднички пријатели, места на кои што искача и слично. Од се што сум гледала сега, а имам многу блиски машки другари, најискрено ви кажувам, машко ако му се свиѓате СЕ ќе направи да дојде до вас. И проблемот е што не е најлошо да не врати, туку напротив ќе врати, ќе ја гледа како достапна опција за која не треба да се замара и ќе си го напраи меракот. Е сеа, зависи што и е целта.