Јас мислам оној што те сака ниту ќе игра игри ниту ќе прави планови и стратегии.Се сакаме,заедно сме и тоа е тоа.Додека ни е убаво тераме.Маж што е заљубен во тебе го сака твоето внимание.Може да важи ова само додека постои тој почетнички флерт.Маж што те сака ќе отиде до крајот на светот за тебе,ќе биде желен за љубов и внимание.
Да бе се слагам. Него, мислев за најпочетничка фаза на зборење. Не си знаеш со каков карактер имаш работа така да најдобро е прво да видиш он што сака па да продолжи разговорот доколку се совпаднете.
Абе се ти држи вода, ама не си ми ја сфатила поентата. Не сме исти, и нема да бидеме. И не треба! Различна ни е природата, очекувањата.. Ако за џентелменски гест се смета машкото да ти отвори врата, или да оди на тротоар од страната на улицата(што притоа сите сакаме, или нормално ви е вие да му отвприте врата?) зошто да е лошо да се очекува од машкото да преземе прв чекор. Не викам дека не треба никогаш први да пишете, таман работа, ама оној најпрвиот да го направи он. Дај да не се обидуваме некои манири и култура да искорениме. Феминизмот го водиме во друг правец..Факт е дека сите пре би сакале да ни пише он прв, џабе глумиме либерални. И нема тука ништо срамно и затуцано. А за поклонот, исто збориме, ама на различен начин А во врска со товарот кој го носи едниот пол, нема смисла да правиме паралела.ж Крвариме 7 дена во месецот, 9 месеци растеме живот во нас. Баланс, да, баланс.
Да секош машкоток прв чекор и при прва прилика да се посомневаш или изејш "витамини" ами овој на секоја втора и лајкува и пишува. Just sayin..
Exactly my point. Ако ние женските сме поемотивни и врло вешти во покажување емоции и љубов, нормално дека ќе очекувам он да го покаже тоа прво. Според тоа се водиш дали трудот за нешто посериозно ќе ти вреди.
Не ти го ни дочитав мислењево, фала на внимание и труд да напишеш подолг коментар, ама она поназад МАЖОТ Е ЛОВЕЦ, ЖЕНАТА ПЛЕН, што звучи страшно, кажа се'. Поздрав и секое добро.
Зборувај си за тебе. За едно си во право, не сме сите исти и не можеш да измислуваш правила за другите жени и уште помалку да викаш дека се нема култура и манири затоа што ти сакаш да трча некој по тебе.
Сепак еве го прочитав, од почит што си пишала, да не ти мавам игнор. Џентлменството нема да изумре со тоа што женското ќе пише прво. Ама ти мислиш дека ќе изумре и дека мажот треба да лови, ок. Дека сепак, за некои работи, има разлики меѓу мажот и жената, има, со тоа ќе се согласам, ама пак, едно Здраво од женското не е воопшто страшна ни погрешна работа.
Извини принцезо!!! Ако девојка пише прва на машко, не значи дека одма ги соблекла гаќите и раширила нозе (Бог да чува). Од обично здраво на чет, не ти паѓа вредноста воопшто. Не знам зошто толку изнапиша непотребни работи, од кавалер до џентлменско понашање, до не знам каде стигна веќе. Не ги преувеличувајте работите. И мажите можеби гледаат на девојката као "лесно достапна" ако им пише прва, ама глупите мажи, затоа што жена секако треба да биде "освоена" без разлика дали го направила првиот чекор. Патем на мојот сопруг, јас бев таа што му пишав прва, и го поканив да излеземе да се видиме. Woow кое понижување сум го доживеала, у пм. Ептен лесно достапна сум била.
Не ми треба џентлмен, ми треба партнер. Различни сме само биолошки и нема да го негирам то. И не неќам некој да се тепа врата да ми држи. Поголеми проблеми постојат од то дали сакам и дали врата ќе ми отвори. И да, не гледам ништо ненормално јас на некој врата да отворам. Зошто би било ненормално? О.о Врата држење е, не седење со нож на врат па да е ненормално. И тој најпрвиот пат, кој сака ќе пиши. Ако ти неќиш - немој. Ама дека џентлменство умирало или природата така сакала, само за тебе е право. Пошто многу еве и на темава и надвор од неа мислат поинаку. И то е оооокеј. Не ми менва мене дали сакаш тебе да ти отворат врата, подеднакво колку шо сакам тебе да не ти е гајле дали јас сакам врата да ми отворат. Пишење прв знај да е стресно, ама не мора да е. Стресно е за поќето оти така не научиле да го доживуваме ( велам пишување оти особено во ковид свет е позастапено, нека е пријдување). Ама реално, не е. Процес е. Не можи секој да те сака и нема секој да те сака и то е ОоооОоокеј. Ама ако се затвориме и се плашиме да пријдиме некој ќе не најди, нема ние да бараме. Башка да, пријдување како стрес е социјален "проблем" не биолошки така да споредбата е м е х. Биолошки сме различни. Биолошки крварам и телото ми се спрема за бебе шо можи ќе го имам или немам. Ама то нема врска со то дали тој врата ќе ми задржи и прв ќе ми пријди. Пошто знам шо сакам и не седам со скрстени раце то шо го сакам само да дојди кај мене. Социјални проблеми можиме да решиме, како товарот за пристап прв да го поделиме. А за биологијата како не поделила, жали се со неа i guess.
Јас мислам да прекиниш со првиот, кога нема физичка привлечност ти него никогаш нема да го засакаш. Можи не е најбитно за една врска физички изглед, но сепак треба да има нешто шо ќе ти се допаѓа кај него, а да не биди причината само колку е тој добар, колку те сака и дека ти е сигурен избор. Ни со вториот не мора веднаш да се впушташ во врска. Не си прај непотребен притисок дека мора да си со некој во секое време.
Исти сме и исти потреби имаме. ... you sexist person @JustBeautiful разговарај со психолог. Ти треба да дознаеш од каде ти доаѓа стравот да не останеш сама и да најдете решение да го победиш.
Од машка гледна точка е сосема поинаку. Вечерва е еклатантен пример. 5-6 гуд лукинг девојки. Јас од страна си ја пијам пијачката и само посматрам. Сум го поминал тоа ниво кога верував дека може да се запознае девојка вака. На секоја од девојкиве и пријдоа минимум по тројца машки. Тоа не беа старци, прилично фино изгледаа и по бади ленгуиџот беа прилично ок. Ненафурани момци, без мачо-мафија став. Овие девојкиве глумеа ледени кралици и буквално немаше подолга интеракција од две минути. На форумов има доста неискусни и неснајдени, наивни момци. Мојот совет е да не се пуштаат доколку не добијат сигнал од другата страна. Никакви се шансите ако се потрудите за некоја што не ви дала знак. Заштедете си ги нервите, потрудете се да си уживате во другите работи. Ионака тоа што би го добиле е под вашите очекувања, не вреди трудот.