Не ме сфативте ко што треба за тоа “easy catch”, не мислам дека ако женско пише прва е лесна женска, напротив. Поентата ми е дека ако на машко му се свиѓате, ќе ви пише најверојатно или ќе покаже. Ако му пишете вие, најверојатно ќе ви врати и ќе искочите, зашо машко ко машко е потешко да одбие девојче, ама исто така веројатноста дека сте му “онака, nothing special” е голема, и дека искача со вас зашто во моментот не му се замара и ве има на stand by. Ако на едно машко сте му онака, на друг ќе му бидете совршена, и ќе ви пише и ќе се труди и ќе ве “брка”. Ретки исклучоци секогаш има, ама моментално работите вака стојат. А која сака, слободно нека пишува прва. Јас лично, не би.
Мене па ми е симпатично некако кога девојка ќе пише прва на машко, и не гледам на тоа како на слабост, и јас да сум машко тоа би го ценела многу, значи дека не е девојка која се преценува, и одма би и вратила дури и да е грда, сепак се охрабрила и ми пишала, од малку муабет нема да имам штета.
Тоа и го зборам, сакате некој да ви враќа дури и да сте му грда, и да праи муабет со вас зошто “нема штета од муабетот”?
Ама тука е можноста и да ви се спојат енергиите, па да ја видиш и другата убава страна на човекот, па после тоа воопшто и да не ти е важно дали е убав или грд..
Јас вратив на личност што не ми се свиѓаше физички на инстаграм и после година дена ја преболував. Не ли ви е напорно да го живеете животот со толку правила? Get a real job.
Еве на пример денес кога излезе веста за тоа дека ги осудиле тие двајцата за јавна соба, прочитав значителен број на коментари од машки кои ги бранат ликовите, демек се неправедно осудени. И во реален живот, повеќето го делат тоа мислење. Во меѓувреме вие тука се расправате за цвеќиња и пишување први како борби за еднаквост и некаков доказ за "напредок"...сакам да кажам, многу некако идеализам наместо реалност дечки, нашево wishful thinking не го менува општото мислење на голем дел од популацијата во врска со овие теми.
Гласно малцинство. Во однос на останатото, борба за еднаквост и остварување напредок никогаш не треба да се демотивира. Вистина е дека некогаш работите изгледаат како да се одвиваат со еден чекор напред и два назад, но се додека се иде напред ќе се создаде и моментум. Да се откажеа жените пред 100 или 1000 години, денес светот ќе беше полошо место за нив.
Расчисти со првиот и излегувај со вториот,со тек на време ќе сватиш што и како. И да не биде,ќе најдеш друг.. Немој да се плашиш дека ќе останеш сама,па да останеш со првиот затоа што он те сака.. Секогаш гледај што сакаш ти од партнерот,да има она што ти треба,да даваш и вложуваш и ти во врската додека трае,месец по месец ќе се запознавате,ќе вложувате,ќе изградите здрава врска. 21 век и Вие се мислите кој треба прв да пише Нема правила, кој што сака може да прави,не се плашите од тоа дека ќе бидете осудувани. Лично јас прва му пишав на мојот сопруг, тогаш симпатија и сега после толку години отворивме тема и ми вика: " се мислев да ти пишам,не бев сигурен дека сум твој тип " , јас се смеам и му викам истото и јас го мислев затоа и побарав да ми ја дадеш твојата скрипта за да направам копија,за да почнеме некој разговор." И еве не после 9 години врска,2 години во брак заедно.
Заради вакви глупи конвенции, пресреќна сум што не морам да одам на дејтови најискрено. Ако некогаш се случи повторно да сум сигнл, дефинитивно го оставам љубовниот живот зад себе зошто 0 трпение и толеранција имам за некои кој пишал прв игрици и овие муабети со ловци и пленови, кој платил, кога, па не знам стратегии луѓево што ги прават ко во војна да одат, а не да зборат со друг човек или да одат на дејт. Сериозно, попрво би била сама
А ако ви е толку сеедно кој ќе пише прв, зошто тогаш реално се понашате многу различно со девојки што први ќе ви пишат и со девојки што многу добро ве манипулираат да трчате по нив и буквално да ги молите и им пишувате секогаш први? М?
Не е вистина, ко шо сум искрен и отворен им велам дека сте премногу храбри. Не дека ме бркаат и чекаат со бројчина ама ми се има случено неколку пати, првата која ми пријде така ми беше и девојка..
Ја не сум пишувала прва, пошто не сум сакала да искочам напорна шо знам.Али некад знам да пишам.Најчесто на стори риплејнувам пошо ,,еееј” да пишам ми е глупо.Ја чуден чоек сум, не пишувам прва не пошо мислам дека круната ќе ми падне, ама искрено се плашам од лош фидбек т.е не враќање.Егоист сум јбг
Се се, ама тоа дека мажот е ловец, а жената плен навистина ептен лошо звучи, ама жалното е тоа што денешните машки тоа и го мислат, и со тоа што се фалат кога некоја ќе им пише и ја етикетираат за лесна е една плус причина за не пишување од страна на женското, а и не знам зошто секоја која ќе ви пише мислите дека сака нешто со вас, можеби сака пријателски да се запознае, лично јас имам така неколку пати пишувано, а не дека сум сакала нешто со нив. Што знам, мене ова во 21 век ми е сосем нормално.