Имам еден љубовен проблем. Сум во врска веќе 4 години. Се беше супер додека не запознав еден дечко на новото работно место. Помина некое време, а од двете страни имаше ненормална хемија. Почнавме да контактираме по фб, по тел, пораки... Не помина ни месец, случајно преку разговор со мајка ми, испадна дека тој е трет братучед на мајка ми, иако е само 2 години поголем од мене. Значи мене ми спаѓа како вујко нешто. После тоа јас му кажав, и мислев дека ќе престанеме да контактираме, но се продолжи како и претходно. Неможевме... Не направивме ништо, но и ова што контактираме е многу. Се понашаме како во врска да сме. Ме интересира што мислите?
а сеа си со дечкото во врска? пошто освен на почетокот не сретнав дека идеш уште со него бидејќи со овој вујко ти се понашаш како да си во врска ...
Значи имам пишано за дечкото пред некое време (раскинати сме веке 2месеца)...тој има бивша (всушност ја мислев дека е бивша), превише напорна. Од пораките кои си ги имат праќано видов едека се раскинати, и имаше превише навредливи зборови од двете страни. Ајде си бев ја пресреќна и се, кога таа почна да го тагнува на слики, на фб, на кои се сами тие двајца, па дури и дека се бакнуваат, тогаш му се налутив, и не се јавував кога ме бараше. Откако се јавив молчев и го оставив да зборува...ми зборуваше долго долго, шо почнав да верувам, ми рече дека секогаш ке е до мене, и дека мислел дека почнал да се заљубува у мене, коа јас му вратив дека за само еден месец не може да се заљуби у мене, осетив дека се наљути, ми рече добро и спушти...ајде некако пак ме убеди, се смиривме, но бившата му пак почна да се меша, неколку пати ме увери дека немаат ништо со нејзе веке некое време, но по некое време нз ни ја како, се смирија...се оддалечив, ставив точка, а тој само ми се јави и ми рече дека изгледа не знае како да ги заврши до крај работите(во врска со раскинувањето), дека кога би било желба од другата страна тој немало да се противи ни малку, дека сакал да биде со мене, дека му значам многу и...и да бидам среќна осетив притисок во неговиот глас, тага, од тогаш се ставив во мисла (кога ги читав неговите пораки, во оние пратените од неговата бивша се спомнуваа некои пари. таа нему му имаше пишано дека веке нејке да слушне за него и да и ги прати парите по пошта). Сега по два месеца пак почна да ми звони, веке 2 недели, ама ни еднаш не се јавив...не знам што да очекувам, што мислите,шт сака тој, што мисли, си подигра само со мене???
Епа веќе два пати те разочарал, ќе го направи тоа пак. Се гледа дека е несериозен, а и ти сигурно несакаш пак бившата да стои меѓу вас и секогаш да се нервираш ради тоа. Не му се јавувај, поминало време ќе го заборавиш. Не ти треба таков што незнае што сака ни самиот, денес му текнало да те бара, утре бившата пак ќе го замара и пак повредена ќе бидеш ти. Вака си се одалечила веќе и продолжи си така, времето ќе го направи своето
баталиго исврти нов лист те бившата те ти не мислиш дека дечково ја претерал а и за жал нема еден како него нема милост за такви нека звони не кревај,јас мислам дека една сака да си има и уште една златна резерва нема мн.да кажувам само не дозволвај не вреди сврти нов лист баталиго...
Знам дека нема многу луге што се добри слушачи, но сепак, ми треба поддршка,совет од некој.. Ептен ми е тешко во моментов. За глупост е, ама не е за глупостт! Стварно незнам веке што да правам, ако може во лп да кажам на некоја, која е расположена за помош
а сеа си со дечкото во врска? пошто освен на почетокот не сретнав дека идеш уште со него бидејќи со овој вујко ти се понашаш како да си во врска ... Да, сум во врска, тоа е најтешкото, незнам главата кај ми е, ниту пак чувствата можам да си ги средам
јас мислам да го баталиш вујкото затоа што сепак сте во блиско сродство не можеш да имаш ништо со него можеш само да збудалиш остави го додека е порано колку порано толку полесено
срцки помош ве молам незнам што да правам ке спобудалам уште малце... се си почна уште од поодамна се запознав со едно момче со коешто се мував скоро 2 ипол год, секое излегувањебев со него почнав и да го засакувам неприметно... по некое време сватив дека го сакам а веке откако помина една година лудо се заљубив во него до сега немало никакви половиопштења негу нас останавме само на мување јјас си фатив дечко и му пишав дека повеке несакам да се гледам со него зошто сум таков тип кој несака превари и лаги... бидна што бидна дечкото е со разбирање ништо посебно не ми рече па се рразделивме.. после некое време раскинав со дечко ми и потрчав кај него да си лечам комплекси нормално тој не го знаеше тоа а исто и дечко ми и сеуште незнае... за неколку дена повторно се смиривсо дечко ми и повторно го баталив муваторот... по неколку месеци се случи истото и повторно јас потрчав кај него во прегратка и повторно нели и двајцата незнаат дека си лечев комплекси се смирив со дечко ми и муваторот повторно ме побара а јас пак го одбив ивеке свати дека го барам само кога ке се скарам со дечко ми и по малце се подналути а иначе приметувам дека муваторот се топи кога ке ме види исто и јас сепак го сакам или не незнам ддали го сакам или ми е опсесија а патем да напоменам иако до сега само сме се мувале покрај него сум се почуствувала најтооп и тие емоции се ненормални без опис башка тоа има јако тело а телото ми е слаба точка и има многу работи што ми се допагаат кај него... со него досега не сум била во врска бидејки не сака да има девојка и имал само еднаш врска од четири години а јас баш и несакам таква афера затоа што ми е глупаво да бидам кај некој секоја веечер а да не сум во врска со него се помирив со фактот дека немозам да бидам со него и затоа се фатив со сегашниот дечко за кој ви спомнав и погоре за да го заборавам тој што го сакам но ете што се случуваше... со дчко ми сме скоро осум месеци ке правиме на 20 му ја дадов и невиноста сега пред некој ден мислејки дека така скроз ке го избришам муваторот но сега ме маваат кризи да се мувам повторно со него мнооогу сум опседната со него а и сегашниот дечко го сакам невелам дека не невиноста му ја дадов од љубов но и мислев и дека ке можам да го заборавам др. но не е така многу ми фали и сакам да го видам и сакам повторно да го почуствувам до мене оф боже во тешка дилема сум а несакам да го варам а ни најмалце да го изгубам дечко ми и таа сјајна врска што ја имам поради задоволство луге кажетеми некој совет што да направам зошто мислам дека ке збудалам...
Девојко како прво и основно имаш 16 години ... многу многу си мала... за муваторот и сама си кажуваш дека физички те привлекува.. и идеш кај него само кога ке раскинеш со дечко ти... а колку за дечко ти.. не се лажи ни себеси ни него не го лажи затоа што ти не го сакаш него.. кога веќе малце се двоумиш и бегаш кај друг не можеш да го сакаш... кога сакаш сакаш само еден и тука нема дилема.. башка со кој памет си му ја дала невиноста за да го заборавиш тој другиот.. оф леле што памет ке имавте вие во денешно време? така ли се дава невиноста? па тоа е нешто највредно нешто што го имаш а ти туку така го даваш ... прво што треба да направиш е да го оставиш дечко ти затоа што ти не го сакаш.. подобро покасно отколкуу порано.. така нема да се мачиш ни себеси ни него.. мала си уживај во животов.. мувај се.. не се замарај за дечковци, смеј се, искачај.. овие ти се најубави години... мој совет..
Прво треба да се договориш со себе што сакаш . Како даваш на 16 години невиност со мисла дека ќе заборавиш некој ? Не е фер за дечко ти што секој пат трчаш кај друг . Ако го сакаш нема да трчаш кај други во прва прилика . Како шпанска серија ми е проблемов жими се Како и да е, не е ок да се седи на 2 столчиња ..
дечки ми треба ваш совет има една поговорка после е... нема каење ...но ете ми дојде редот да се каам за нешто ..албанка сум се надевам дека ке ми помогнете...имам дечко 1.пол година сега сега скооро праевме ко веридба официјализиравме но некако после тоа имавме некои проблеми со дечкото и се оладивме малце почнав да се чуствувам осамена и почнав на нет да се допишувам со еден и некако почна да ми се свига и правев разлики помеѓѕ мојот и дечкото и еден ден некако и пратив моја слика но и кажав дека имам роднини блиску него а за мене нема некоии точни информации која сум како се викам и такви работии..ии сега се смирив со дечкото пак е како пораноо ии сакам да прекинам контакт со овојј но не знам како се плашам да не ми ја злоупотребии сликата или пак нештоо знам ке велите требаше порано да размислиш но еве ми се случии прв пат оваа згрешивв очајноо се чуствувамм
Елин, пробај на мирен начин да прекинеш со дечково. Поретко влегувај на нет. Веројатно само така сте комуницирале, нема твој број или сте се виделе во живо? Се надевам само сликава дека е обична фотографија, не нешто апла што може да биде злоупотребено.
Не не ни на живо не сме се виделе ни нема ни мој број ни ништоо само сликта и тоа е пресечена само главата мие но сепак се плашам
Немаш потреба да се плашиш, твоја слика од фејсбук секој може да симне. Одбегнувај го, поретко седи на интернет и после по некое време избриши го. Продолжи си со животот и за друг пат знај, на непознати не се отварај толку.
Мислам дека ако е во ред дечкото, ако како таков се покажал - ненападен и ако мирно се одалечиш од него нема да имаш проблем. Немаш роднини таму кај што живее, тоа било лага нели? Во секој случај фотографија од тебе можел и од фејсбук да најде и да ја има. Не се плаши. Не влегувај веќе на нет. Блокирај го тој профил преку кој сте комуницирале. И без тоа не те знае која си, како што рече, нити името, нити презимето нити ништо. Не се плаши толку многу требало на време да му ја мислиш (шала) не верувам дека некој проблем ќе ти направи.