Тој вели дека те сака, ама делата друго кажуваат. Не може човек што е заљубен во тебе да биде ладнокрвен за било што врзано со тебе. Како што кажаа погоре, сигурно полека те оддалечува од себе.
Кога има константни кавги и вашите односи се заладени, нормално дека односот нема да биде ист и ќе треба време да се поврати таа топлина. Треба да седнете и да разговарате за конкретната ситуација во која се наоѓате и зошто кон тебе се однесува ладнокрвно. Да ги решите сите проблеми што може да се решат, а се створиле со тие расправии и да видите дали се наоѓате на иста бранова должина. Потоа ќе работите за повторно да станете поблиски и да го затоплите односот повторно. Или пак, да раскините.
Да беше сигурна дека те сака ко шо ти вика, немаше овде да си бараш конфирмација за истото. И од вакви мажи преку к, или нека порасне и научи да комуницира, или нека те остаи на раат. Чак и шо најбоље ќе биде ти да го остаиш. Уше утре.
Кажи му дека треба да се осеќа крив. Врска не е само да пиеме кафе и да се клецниме неколку пати во неделата. Најубо да го баталиш. Нема да се смени, а ти ќе се нервираш, рационализираш и фрустрираш.
Пошто си се затрескал до крај во неа. Ниедна друга нема да ја замени неа засега. Со време ќе ја заборавиш, само со време. по можност избегнувај да ја гледаш.
Сака да раскинете, не го прави првиот чекор, остава на тебе и те повредува се дури ти се скисни од него. Таквите ко него чуват вака женски ко за резерва и да се фалат по другари за то шо се ти прават а ти си трпиш. Не вреди да се вложуваш. Батали го.
Ова "пак сакаш да се караме" е израз кој според мене се користи за манипулативна цел. Го имам сретнато претходно и ми е црвено знаменце. Како да сака да каже да си останеш тивка за мир во куќа, а ако се започне некаква расправа ти ќе бидеш обвинета како иницијаторот. Неговата ладнокрвност и говор на тело (што се повлекува и молчи) ми кажува дека тешко ќе се поправи.
Не вреди да останеш во врска во која само ти се трудиш да ги решиш проблемите. И ова болдираното е црвено знаменце, исто како што спомна @Beemo. Манипулира со тебе на тој начин. Сака да се чувствуваш одговорна за сите проблеми во врската и да те натера да се сомневаш во себе.
@Jovys во една врска треба взаемно вложување, без тоа осудена е на пропаст уште пред да започне. Според твоето кажување типот воопшто не се замара и чека ти да му раскинеш. Биди мудра, тргни се од него, ладнокрвност не ти е потребна
Ќе стиснеш заби,ќе помислиш дека има некој кој навистина ќе те сака,ќе те почитува,ќе те осипува со внимание,затоа што заслужуваш и ќе му раскинеш. Он е ладнокрвен од една причина според мене - затоа што не сака да е во врска со тебе,ама и не сака да биде сам,додека не си најде некоја па ќе те остави. Малку повеќе имајте почит за себе и сакајте се. Можеш да го сакаш,да го осипуваш со внимание,да се трудиш за него..ама се е тоа џабе кога он не сака. На крај ти си крива,ти го притискаш,ти го напнуваш,ти ти ти..
Знам дека можеби моево не е баш љубовен проблем, но ми треба совет од вас девојки. Моментално дум прва година гимназија, а во моево школо во иста смена одат прва и трета година, се возам со автобус од дома до автобуската близу гимназијата, а со посебен автобус се возат другите што живеат малку подалеку од мене. Е сега, во септември ми се допадна еден дечко од другиот автобус од трета година и цело прво полугодие незнаев како се вика, а во сега во февруари дознав скоро се за него и буквално мислам дека сум заљубена. Многу ме потсеќа на мене, а и како што се распрашав велат дека "бегал од женски", а колку е точно тоа незнам. Не можам да престанам да мислам на него, сакам да го видам, некако неможам да се сконцентрирам на учењето како порано итн. Никогаш се немам чувствувано вака, буквално ме боли стомак кога ќе го видаам. Е сега мислам дека на некој начин дознал дека ми се допаѓа, претчуствувам, а и имам и некои докази. Сакам да прашам, дали е добро тоа да знае дека ми се допаѓа или не? Дали да му пишам на инстаграм, а инаку веќе го заследив и тој ме заследи пред околу две недели. Не знам што да правам, како минува времето се потешко ми е. Совет?
Риплејни му на стори нешто, некоја реакција, или коментирај нешто во врска со сторито. И така ќе почнеш муабет. Или прашај го нешто за школо безврска. Или незнам. Убаво е што знае дека ти се свиѓа.
Прва средно бее Девојче најубавиот дел од животот ти почнува.Ај да се смениме на 2 дена сакаш? Не ми се верува дека дое ред ја ова некому да го зборам
Се препознав скроз, само што јас не собрав храброст да му пристапам. Искористи прва прилика на инстаграм, одговори му на стори или директно пиши здраво. И уживај