Sweet... Како што ти одговорија погоре доволно е само некоја реакција на инста кога веќе си го побарала ти ако до сега не сфатил па види дали ќе направи потоа тој некој чекор.
Фала ви девојки, искрено се надевам дека ќе соберам храброст, досега некако ми беше страв да не ме одбие или нешто слично бидејќи знам дека тоа ќе боли, ама истовремено ќе значи дека и не е оној вистинскиот. Ако му пишам овие денови ќе ве известам како сум поминала ☺️ Wish me luck
најубавиот период ахх леле кога ќе објави стори изреагирај,пиши му и ќе почнете да се допишувате има и машки кои се срамат да пристапат први,така да скрши го мразот,нема што да изгубиш
Јас пак никад не собрав храброст. Си блеев ко теле амааа години подоцна се споив некако и за брзо крај беше. Сепак не се каам барем сум пробала.
Најубавите години ти се сега Ах колку би сакала јас да бидам сега прва средно . Пробај некако преку социјални мрежи да искомуницираш со него па може ќе испадне нешто
Дечки вака, искочив со еден, беше солидно, интересно беше иако сум имала и поинтересни први дејтови. Помина еден ден и нема пишано, знам дека нема врска и дека можам и јас да пишам, ама не ми работи мозокот на тој начин моментално хаха, обично колку дена после прв дејт пишуваат? Обично одма ми пишувале ама другарки ми викаат до недела дена е океј и дека не се пишувало одма. Ми се свиѓа детето и сакам да знам малце на што сум
Јас последно кога излегов, ми пиша уште дури не беше стигнат дома. Што мислиш колку убаво поминавте кога излеговте? Процени според тоа, па ако мислиш дека беше океј пиши му ти, ништо не губиш.
Не мора да значи ако не ти пишал наредниот ден дека не е заинтетесиран. Можеби не сака да биди нападен.
Џентлменско е да праша дали она стигнала дома безбедно. Он како и да е, си стигнал. Мн феминистки изигравате.
Не знам за грижлив, фин беше вака и имаше убава енергија, идам во детали сега ама беше малце “изгубен” на симпатичен начин, не ме ни зачуди тоа што не пиша отпосле нешто од типот дали стигна или слично пошо не ми личеше на некој што би му текнало да пише нешто од тој тип, а и се работи за 20 год па онаа типична порака “Стигна дома?” ретко ја праќаат барем овие што ги знам... Само се мислев дали би пишал деновиве или сепак се чека на мене