Не му се дерела она него, туку он нејзе затоа што наводно бил нервозен поради НЕГОВИОТ отказ. Далеку од тоа дека има оправдување за насилно понашање. Ама, сите сме биле нервозни некогаш и некој невин си го “изел”, колку и да не сме во право. Затоа реков, нека ја објасни подетално ситуацијата, вака е глупо да судиме.
Се поправив погоре. Гледај малку пошироко. За понатамошни и посериозни работи кои ќе му се десат треба да ги истура/повишува тон врз партнерката? Едноставно е неодговорно. Би сакала некој кој смирено и разумно ќе постапува, нели? That's just my opinion tho, можда вие ги сакате дрски хахахах
Во глобала сум многу смирен човек, мене да ми се издере некој без причина многу ќе ме навреди и нема да толерирам. Апсолутно не го оправдувам, не е во право. Ама, не ја знаеме целата ситуација. Еве мене лично ми се десило, се враќам дома нервозна од факултет, сум паднала предмет, лоши прашања ми се паднале, не ми бил денот, и мајка ми од дома ќе почне да ми држи предавања како треба повеќе да учам како сама сум си крива, и сум се развикала да ме остави на раат. После ми било криво, ама во тој момент сум трпела во себе и нејзиното било она баш последното што ми го пукнал филмот. И реално, на сите ни се има случено слично, сите сме избувнале некогаш на погрешен човек. Можно е да е ваква ситуација, а може и да е насилен кретен(што спорее описов повеќе ми делува на ова второво). Сепак нека дообјасни.
Околу ситуацијава, се вратил типов од работа, зборувале на телефон, го прашала што не е во ред зошто бил напнат, му кажала кога ќе се смириш ќе зборуваме, да не те притискам, ќе те оставам. Овој и повишил тон и кажал добив отказ на работа, не ме замарај проста некоја. Навреди, повишување тон, шта речи? Тоа урлање по телефон, па подоцна пораки до нејзе со големи букви, се стресов. Црвени знамиња. Сите сме биле нервозни ама не сите се истураме на луѓето околу нас. Нема оправдување. Девојчето е 29 години, односно веќе возрасна жена, со стабилен живот. Мирна и повлечена личност. Овој има некоја насилна жичка во него, и претходно имале ситни караници, но не до овој степен. Не е во ред, постои друг начин за решавање на проблеми, не со урлања и повишување на тон, додуша па и не гледаме на гравчиња да знаеме што не е во ред. Сите имаме проблеми, ако решаваме на овој начин каде ќе ни биде крајот?
Млади во 2009 можеби, сега не Не давај вакви излитени идеи. Затоа што партнерот е најблиску и веројатно претходно преќутувала и не го отерала у триста лепе материне кога ја користел како издувен вентил. Знае дека ќе помине и ќе заборави.
Во 2009 сум имала 9 години, сигурно на 9 години дечковци не сум бркала или можеби, кој знае, напредна младина..
Не знаеме што се десило. Може тој е насилен, може таа си ја кажува само нејзината страна од приказната.
Нема оправдување. Ни за навреди, ни за повишување тон. Мене моите дома не ми повишиле тон не пак да дозволам некој мочко. Имав прилика да го запознаам, воопшто не ми се допадна неговиот карактер, што и не ме изненадува што се однесувал така. Мал град сме, се се дознава, имаше порано муабети дека и со насилство решавал некои проблеми, ама ќе си речеш муабети се, испадна не било лага туку вистина. Не и се мешав во врската, тоа не е мој проблем, но неправди не можам да трпам. И ти си во право, секоја приказна има две страни, само што имав прилика да ги прочитам пораките, кога сакала да се повлече, тој продолжил со кавга. Сепак, се водам по тоа дека доколку човек сака да реши проблем со партнер, постои и друг начин.
Нема причина да се лутам за такво нешто. Би се налутила на личноста што не ми честитаа доколку мене ми е блиска. Негово друштво доколку не сум блиска со нив нема што да се замарам дали ми честитале или не
Ако сме искочиле еднаш два пати со нив, не, не би ни очекувала.Ако искачаме активно, нема да се налутам ама ќе се навредам.За мене честитањето роденден е искажување почит.Ја и на луѓе што веќе не се дружам, на мајки на поранешни другарки, на професорки, до ден денес честитам, бидејќи имам почит кон нив.Две минути кошта да пишам една порака, а некому тоа ќе му значи.
Не реков дека е оправдување, туку дека ретко одстрана може да се знаат деталите на една врска. Можеби и таа се дере и е насилна кон него, а ти кажува само за него. Едно е една личност да ја знаеш ко пријателка, друго е во врска. Можеби пак стварно е така ко што кажува таа и убаво што раскинале.
Се согласувам, вака раскажано дефинитивно станува збор за насилен агресивен тип. Советувај ја другарка ти да ја прекине врската, зошто вакво нешто води понатака и до поголеми работи. Ако има 29 години, значи не се голема разлика во години, станува збор за зрела личност што е олеснителна околност. Ваквите red flags не смеат да се игнорираат. Според профилов на личноста, може да и прави проблеми после раскинувањето, нека внимава и биди и поддршка да се ослободи од човеков.