Океј дефинитивно си во право за сето тоа но мислев во контекст на одбивање искачање (ситуацијава на членкава погоре). Изневерување е далеку различно.
Никој не вреди толку да се смениш поради него, последен нека е. Јас знам како е да те отфрли некој иако цело време си им угодувал и да, боли. Ама да си уништувам живот, да кризирам и слично, нема шанси. Не знам низ што си поминала, но гледај на тоа како еден вид лекција која ќе те направи посилна. Ќе биде подобро, ќе видиш, мора да биде.
Devojche, drugarka ti e vo pravo. Raskini, bolno ljubomoren e dechko ti. Prvo malku ke pochne da ti zabranuva, pa posle se povekje i povekje, ke pochne da se kara so tebe i za najmala sitnica pr.zashto si poglednala drug dodeka ste shetale. Begaj odaleku od ovoj!
Ти викам, сум била малтретирана психички и физички, изневерувана, отфрлана, исмевана, не знам уште што не, и повторно застанав на нозе, и звучи клише да, ама ако се предадеш и не се бориш, напротив многу повеќе губиш. У животот треба да ризикуваш, да бидеш храбар, да знаеш што сакаш, среќата не ти тропа на врата, остави тоа Семе синапово, туку да се избориш сам за тоа што го сакаш зошто ништо не е сервирано на тацна. Ова општо го кажувам. Некогаш работите да тргнат треба малку да ги потикнеш. Ај да не филозофирам многу.
Ама навистина ќе биде. И @bicycle ја советувавме дека времето лечи се', еве сигурна сум дека ќе потврди дека е така. Некогаш не вреди за некого да си го жртвуваш цел живот.
Ооо море, ми доаѓа да си влепам шамар кога ќе ми текне за кого и што сум правела. Да се менувам, да се нервирам? Не бре. Има моменти кога ми е тешко да, ама па знам дека не смеам да си дозволам повторно да поминувам низ истото. Научив многу лекции, и сега знам како. Има личности за кои ми е тешко ама знам дека нема ништо да променам доколку си дозволам повторно да сум таква, за никаде. Животот е падни стани. Ако не научиш од грешките, од што тогаш?
@bicycle уф, не знаеш колку ми е мило што го читам ова. Од искуствата и од сопствените грешки најдобро се учи.
Се извинувам што ви се убацувам у муабет, ама кога те прочитав @bicycle низ све што си поминала и колку си само храбра и силна за тоа да го споделиш, за пример си! Сите сме поминале низ тешки работи во животот, некои потешки, некои полесни, ама ептен ми праи ќеиф бе кога ќе прочитам низ све што имате поминато и пак гордо стоите на нозе и тука сте да дадите совети, да бодрите, секоја чест жени - кралици!
Ако некоја врска не успеала, заради тоа што ве изневериле физички или емоционално, две нешта можите од тоа да извлечите. "Негативното" е што сте ја избрале баш таа личноста или таквите како неа/него. ПОЗИТИВНО е што можете да дадете внимание, љубов и време на таква личност.. Па замислете да сте компактибилни односно на онаа вистинската личност каде би ви биле взаемни чувствата... Не очајувајте че си ја најдите сродната душа, па и да останите сами шо?
Фала ти Уште ми се свежи некои работи, и ниту еден шамар или навреда не боли од претходните партнери колку последново кога ми гореше дел од куќата, кога можев да загинам а од последниов партнер ниту едно ебено како си. Тоа највеќе ме болеше. Ама јбг, дел од животот е тоа, нема веќе цвикање, нема тажење, нема ништо. Ако вредиш ко човек и ме цениш ќе ти вратам дупло, ако не, те отпишувам од живите, без око да ми трепне, без разлика за кого се работи. Грешките ме научија да не толерирам, ваљда како стареам се повеќе ми е низок прагот на толеранција и знам што и како. То е то.
Многу ми е жал тоа за куќата, не сум те читала и не знам, само се надевам дека си добро сега, ама тоа што не си добила ни ебено како си, верувај дека животот ќе му врати - без разлика на каков начин. Животот е круг, што и да си правел лошо, ќе те стигне. Ти ќе си уживаш во животот како никогаш до сега, а за другите ич уво да не те боли. И на крај ќе заклучиш како што кажа, кој како со тебе, така и ти со него, па кој сака нека биде.
Нема везе првов секогаш, ти кажав и на чат со старата случка зашто.На почеток сите се едни, после други, башка некој дечко може да е океј со мене, лизна мазна, а да се хевта на страна.
Нон стоп ќе се преиспитуваш што ти фали и ќе бараш вина во себе ама ако гледаш на посветлата страна ти направил услуга што на време ти открил каков е. Замисли да си во брак со дете и да не те ценел. Гледај го тоа ко твој спас. Нема што да се преиспитуваш не е до тебе.
Пишав еднаш ама еве да пишам пак со мали промени Се допишувам со еден некое време, еднаш и излеговме но сме од различни градови па нема прилика да го гледам често. Кога излеговме беше преубаво, а и комуникацијата ни е одлична. Повеќе пати ми рекол да се видиме, да одиме ваму, да одиме таму, и сега кога следната недела одам во неговиот град, ми вика дека нема пракса да излегува пред испити. Во право ли сум во мислењето дека не му значам? Инаку навистина е сериозен за учењето и навистина не излегува и учи по цел ден. Не знам што да мислам. Не сакам да го изгубам, бидејќи можно е и да се заљубив ама дефинитивно би се чувствувала прегазено и навредено ако не излеземе, а притоа знае колку ретки прилики имаме за тоа. Инаку пишав претходно дека ми се чинеше поладен 2-3 дена, но повеќе не мислам така сега е супер. Ме нервира и ме повредува само фактот што иако знам дека факултетот му значи, 3 часа може да одвои. Барем јас мислам така. Како да постапам? Размислувам да прекинам комуникација ако не излеземе, а знам дека ме боли и веќе сум повредена и депресивна,но ако продолжам да пишам чувствувам дека си ја погазувам гордоста. Било каков совет е добредојден, може и во ЛП
@penelope10 Не мора 3ч, ама ете на 1ч можи. Кога сакаш да видиш некој не ти менува, и да имате само 5 минути ќе отидеш и ќе го видиш. Ваљда нема да учи 16ч без престан. Ако имате ретки прилики да се видите, можиш да го побараш кога ќе бидиш во неговиот град, ако те откачи не го барај повеќе.
Ја сум на страната на дечкото. Можеби стварно е под стрес, и самата кажуваш дека се труди околу факултетот. Остави го, нека му поминат испитите, ќе видиш дека и однесувањето ќе е подруго и сигурно сам ќе иницира следна средба. Од себе поаѓам, кига имам обврски околу факс не сакам никој жив да видам, за ништо друго да разговарам. Дури и кога одмарам сакам да сум сама, затоа што факсот ми е нон стоп во мисли и не можам да се опуштам.