Јас не мислам како тебе дека се тоа само 3 часа кој треба да ги одвои за тебе, посебно што сте на почеток на врска, а секој почеток на врска е розев, со пеперутки во стомак, па паметот ти лета.. Можеби мисли дека ако сега си даде таква слобода да се заљуби може да попушти со учење и затоа не е баш сега момент за љубов и комплетно е разбирливо тоа... Јас сум исто на страна на дечкото.
И ја кога имам за учење тие неколку дена пред полагања не излегувам. И јас мислам дека можно е да не те лаже. Овојпат остави нека е така да не се видите, па ќе видиш дали му е изговор или навистина поради тоа не излегол. Ќе видиш како ќе се однесува во следниот период.
И јас сум во слична состојба. После тоа не верувам на никој, не дозволувам никој да ми се приближи. 2 годишна врска, ме изневерувал со другарка со која јас ги запознав. И таа тогаш имаше дечко, тој исто со мене беше. Веќе речиси година заедно се и што е најтрагично често ги среќавам зошто таква е ситуацијата, во исти кругови се движиме. Се разделивме без драми, "другарката" сама ми призна по неколку дена, чекала да го оставам со душа, дури селфи ми покажа заедничко од нив во кревет. Веднаш ја прекинав врската, кукавицата немал храброст ни да раскине. Тој период за среќа немавме ништо зошто забележував дека нешто има, а и бев зафатена многу, па не спиел со двете во исто време. Не за друго, страв ми е од спб. Проверив после тоа веднаш со брисеви, на тоа паметот ми отиде, хипохондрик сум. Ужасно чувство, те разбирам целосно. Се прашувам дали некогаш пак ќе сакам и верувам толку на некого.
Лелее многу си драматична. И јас не излегувам цела недела пред полагање, остави го нека учи. Ќе си го одложите излагањето за друг ден и готово, во Македонија сме, не е толку тешко да се дојде од еден во друг град.
Искрено, мое мислење е дека ако сака да те види, може да најде време. Никој не учи нон-стоп, може да издвои 2 саата, особено во ситуација кај што е дистанца во прашање и ретко имате ваква прилика. Плус, од кај испити во март? Почитувам да му е факултетот приоритет, ама да не се лажеме, за се се има време ако се сака. Мене искрено друго ми падна на памет, да не има женска од неговиот град, па да се плаши да искочи во јавност таму? Можеби грешам, ама јас не би продолжувала да иницирам.
Има казнена сесија на некои факултети сега за брзо мислам. Може и на колоквиумска да мисли. Неважно, пред полагања не има многу што не сакаме да излегуваме тие неколку дена, јас мислам дека се претерува во случајов за дечкото. Нека прати ситуација и ќе процени, вака можеби навистина е под стрес за учењето и за џабе ќе пропушти прилика за нешто убаво.
Знам за казнена, ама обично еден предмет се полага, и во главно е во април. А некој што учи 24/7 зарем би оставил испитИ(множина) во казнена?
Зошто да не? Може сакал на некој обемен предмет да се посвети во зимската сесија, па нешто оставил за сега. Да не осудуваме, можеби не лаже, туку навистина заради тоа не излегува.
Lujge os drug grad e, duri da ja preceka pa pisuvanje itn, a i clenkata mi deluva na malku.. clingy taka da neka olabaj, neka ispita situacija sho kako, sepak e na pocetok, aman.
Можеби, не го знам дечкото за да можам да дадам точно мислење. Ама тргнувам од себе, факултетот ми е на прво место, и јас избегнувам да излегувам пред испитна, ама во ваква ситуација, особено ако нешто ми е кажано недела унапред и имам време да си го испланирам времето за учење, би искочила. Зарем некој седи цела недела цел ден дома? Сепак, само мое мислење.
Баш така, на сам почеток се, уште ништо нема ни меѓу нив, ниту па има обврска да излезе во случајов. Веројатно полагањата сега му се приоритет ако не лаже. Брзо ќе се види дали му било изговор сега ова или не, така да нема потреба од правење притисок врз дечкото. Најдобро е да се остави на времето и ќе направи добра проценка членката.
Ако не се видите недела, две не е крај на свет. Нека му поминат испитите ќе се видите. Не го форсирај ти многу или претерано нон стоп да му пишуваш. И јас не излегував кога имав испитна. Мислам дека тој шо учи/учел вистински знае како е кога некој се спрема за испитна сесија. Нека поминат испитите, тогаш ќе видиш како ќе се одвива се.
Во неговиот град излеговте? Сеедно, и да не е тоа, според мене секој може да одвои малку време, особено во ситуација каде што приликата е ретка. А и недела унапред си му кажала.. може да се организира ако сака.
Пишав и во другата тема. Леле луѓе претерувате па никој не учи 24/7. На тежок факултет сум и знам што значи време плус за учење, ама таа му кажала неколку дена порано што значи има време да се организира. Може да го искористи времето за одмор во текот на денот да излезе со неа. Сепак овде станува збор за приоритети и колкава е желбата да ја види.
Па да, никој не учи 24/7. Ама кога не учиш, сакаш да се опуштиш, кафе, музика. Или да поспиеш малку. Така бев јас. Може воопшто да немаш желба да излегуваш, со било кој. И тоа е во ред. Јас да сум во сред сесија и испити, и некој да ме форсира за излегување, да не може да почека недела-две, би се навредила. Немам што да правам со личности кои немаат разбирање.
Какви тешки предмети сум имала, тие 3 часа значеле дали ќе го положам испитот или не. А некој после прво излегување да очекува дека ќе го сменам стилот на учење, јас ќе бидам таа што е навредена. Наметнувања свои замисли за тоа како треба друг да го троши времето не носат ништо добро долгорочно. Тој ако така излегува два три саати сега, два три саати со другари, ако не испадне со една женска ништо, утре друга ќе запознае, два три саати со другата, кога ќе го заврши факултетот.
Најинтересно е што не се ни во врска туку искачаат втор пат. Да инаку, никој не учи константно 16 саати, ама секој си знае како си го организира времето, нема што да се мешате во туѓ распоред.