Mnogu e podobro nekoi raboti da gi osetis na svoja koza i da doneses pravilna odluka na vreme otkolku cel zivot da imas stresovi i nervozi od nekoj koj ne te zasluzuva,vsusnost nekoj koj ke ti go srusi sonot...pozz
Здраво девојки. Не ме напаѓајте за ова што ќе го напишам само не знам мораше некаде да се истушам. Што би направиле ако на партнерот низ муабет му се испушта за некоја порно ѕвезда и некако не се чувствувам добро цел ден за ова. Имавме односи ама со тек на време некако многу се намалија, не знам како да речам може неколку пати месечно 2 3 пати а двајцата сме млади. Не знам ми пречи тоа навистина, зошто толку многу да е опседнат со порно а време за нас двајца не? Ми искажува и љубов и све и гушкање цело време ама не знам како да не му сум сексуално привлечна. Или тоа или е многу по порното немам појма веќе шо да мислам..
Да си го држеше он тоа во приватност и некако ќе пројдеше, ама тоа што пред тебе му се испушта за порно ѕвезди ми личи дека му е со намера. Во склоп со намалениот sex drive, како да сака да укаже дека жали за тоа што не си ти “на тоа ниво“ и индиректно те омаловажува. Сепак, најдобро да си направите муабет и штом наоѓа време и желба за искажување на љубов и гушкање, ќе треба да најде разбирање за оваа тема.
Ако сака господ нека е (така е зборот), па пред полагање не излегувам, ако ме сака ќе разбере, ако не разбере значи не е за мене. Не има и такви што цела недела-две не мрдаме од дома додека не поминат полагањата, барем јас по мене си знам.
Скоро сите некогаш гледаат порно, е сега има разлика од гледање секој ден и опсесија, и гледање повремено. Во врска со колку често имате односи, променлива работа е, има периоди кога ни се сака секој ден, а некогаш либидото е намалено и нормално е да е поретко. Колку време трае овој период на проретченост на односите? Дали ти некогаш си иницирала и он те одбил? Тоа со порно ѕвездата, јас не би го сфатила толку трагично. Дали можеби имаш проблем со самоприфаќање, зголемена тежина, било каков проблем периодов што би предизвикало да се осеќаш помалце атрактивна? Ако да, мислам дека повеќе е до тебе проблемот, потсвесно ти е влезено дека не си доволно “секси” и секоја негова постапка ја сфаќаш погрешно. Во секој случај, најубаво е да разговараш и да го прашаш отворено. Не се секирај, ќе се среди, особено што кажа дека изкажува љубов и те гушка, според мене не е некој голем проблем
Збори со него дека животот не е порно. Како да кажам. Прашај го дали си му привлечна, дали сака нешто да смените у "сексуалниот живот" . Објасни му дека тоа на порното колку што делува реално толку е и глума. На крај краева раскини му, ти си дупло поубава од него верувам, а он нека си седи така сам со телефонот у рака а со другата рака нека си го.. и нека чека да се претвори тоа у реалност.
Речи му ако толку му се свиѓа, да си ја фати.Мало морген ќе е тоа. И јас ко другиве ќе ти речам да му напраиш муабет во стил, зашто цело време гледаш порничи?Не сум ти веќе привлечна сексуално, само емоционално?Досадно ти е, сакаш да пробаме нешто ново? Јас не се чувствувам посакувано некако, се` поретко имаме секс, а и ме навредува тоа што ја спомнуваш.Мислам знам дека живее на 100,000 км од нас, ама некако не се осеќам пријатно кога ја збориш, како јас да не сум убава/згодна. Ја би рекла нешто вака.Да знае точно шо ми смета.Не околиши, бам бам.Чао.
Пробај да му предложиш барем на пола час да се видите. Ако те одбие и тогаш, значи дека не му значиш веќе.
Ќе мораш на некој во иднина да му се довериш. Лошо е тоа што направил, ама не значи дека сите се како него.
Сите гледаат порно и машки и женски. Зависи во каква конотација ко кажал тоа. Штом ви е намален сексот, а спомнува порно, значи дека се пали на некој работи од порно филмовите, за кои ти тие работи не му ги пружаш, а сака индиректно да ти каже нешто. Најубаво е да разговарате на оваа тема и повеќе на тема секс. Не гледам тука простор за раскинување поради оваа причина, а и не мора да значи дека не го привлекуваш. Можно е да сака да смени поза или нешто друго во сексот, а му е срам да ти каже. Најубаво е да поразговарате.
Не сум наивен и знам дека нема некој магичен совет. Повеќе ми треба разбирање и поддршка од вас па затоа пишувам. Чувствувам дека ми треба емотивна и озбилна врска. Веќе сум 33 години што значи зрел и изграден човек и знам колку можам да понудам. Проблемот е што не можам да запознаам девојки. Преку социјалните мрежи и ако дојде по некое чудо до развивање на комуникација, брзо и спласнува. Се гледа дека не им се ни прави муабет и претпоставувам дека многу машки им пишуваат и здосадено им е на девојките. При искачања исто така девојките не се отворени за нови познанства и тоа го зборувам и за други машки а не само за себе. У последно време не се ни пуштам туку само посматрам што се дешава околу мене и само ми се потврдува впечатокот од недела у недела. Дешавки од типот на родендени и свадби со коронава и ги снема. НЕ гледам начин како би дошол до нови познанства и ме разочарува доста ова.
Те сфаќам..и ја зборам зборам, или ќе идам на кафе, ќе се лапам и толку. Не знам дали е до мене, ја сум и нарцис и самокритична, и не гледам у себе фалинка или нешо шо ги одвраќа.Ќе се најде, не ја барај само, ја се помирив исто вака.Кога барам го нема..кога не се надевав, ми дојде како гром од ведро небо.Иначе иди по кафичи кај шо има журки, искачај за викенд по кафичи, кафана, диско. Наспрај си Тиндер на крај, што има врска. За ова не знам како да помогнам толку пошо ни кај мене не успева ..
Ние машките не може да не бараме зашто сами ако чекаме да дојде нема да дојде тоа сум сигурен. Можда кај 10% од најпривлечните мажи кај кои не спаѓам искрено. Сите што ги знам а да се у врска или брак имале доста труд уложено претходно. Искачам секаде, дури и мењам места у стилот - рок, кафана, техно... Водно искачување, шетање низ парк... На работа се постари луѓето, а оние помладите кои би можеле да ме запознаат у заедничко друштво се скиснати и не им се замара иако ме почитуваат.
Ич да не се замараш дека немаш девојка. Кога најмалце очекуваш тогаш ќе запознаеш некоја и ќе си тргни работата. Се дур се мислиш думаш шо како само запаѓаш во нервози. Уживај во слободата оти еден ден ќе ја бараш. Еве ијас сум 31 и ич не се замарам дали ќе најдам некоја или не. Иако имам големо друштво, на денешно време се е терсене.